Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 25.980
- Поени од реакции
- 34.365
^^
Капацитетот на топлинските пумпи секогаш зависи од температурата на медиумот од кој се црпи топлината. Во превод, ако се работи за воздух тогаш топлинскиот капацитет на уредот зависи од надворешната температура на воздухот (и неговата влажност, ама не комлицираме). Како што паѓа надворешната температура, така паѓа капацитетот на уредот.
Од овој аспект, за да се задоволи минимумот моќност на загревање во екстремни услови треба или:
- да се предимензионира топлинската пумпа
- да се има секундарна опција за загревање во најладните денови
Во екстремно ниски температури, секогаш е можно капацитетот на климата да падне доволно ниско за да не биде доволен за загревање на посакувани температури. Освен ако безобразно многу не се предимензионира климата, што нема ама баш никаква економска логика (посебно на места со блага клима како нашата, каде се малку екстремно ладните денови).
Сеедно е за кој бренд се работи, дали е Тошиба Естиа или Гри или но-нејм кинез... на доволно ниски температури секогаш е можно да има ситуации кога капацитетот нема да биде доволен.
Ekoномскиот аспект на користењето на топлинските пумпи вели дека, предимензионирањето не се исплати (поскап уред, поскапо секојдневно експлоатирање, поголем период за да се исплати инвестицијата). Многу поисплатливо е за тие најладни денови кога капацитетот паѓа, да се има втора опција за загревање. Нешто евтино и конвенционално, како панелни греалки, печки на дрва, термо-акумулациони печки, итн.
Зависи од планирањето.
За греење, кое е многу поскапо од ладењето (од технички аспект), подното (или ѕидно) греење е секогаш подобра опција од фенкојлерите, од повеќе аспекти: комфор, економија, бучава, одржување... (сигурно испуштам нешто, ама доволно е и ова). Инаку ѕидно ладење е сосема ок опција, во зависност од локацијата на ѕидот и планирањето.
Друго, ладењето сосема успешно се постигнува и со најевтините клими. Од тој аспект и по некоја (економска логика), зошто скапиот уред да се амортизира и за ладење (кога за евтини пари може да се земе обична клима која врши работа без проблем)?
Во секој случај, како што веќе кажав, предимензионирањето не се исплати. Многу поисплатливо е за тие најладни денови, да се има втора (конвенционална) опција за загревање.
Од аспект на чинењето на самата подна хидропонска инсталација, бројките наведени горе се прилично претерани. Инсталацијата се изведува со алупласт цевки кои воопшто не се скапи, а ни работната рака на монтерите не е претерана.
Единствен проблем е целата работа да се изведе во тек на изградбата на објектот, зошто отпосле е и многу поскапо и (некогаш) скоро невозможно. Во таквите случаи подобра опција е ѕидната хидропонска инсталација.

^^Најчесто топлински пумпи одат во комбинација со фенкојлерите, за да се користат и за ладење и за греење.
Зависи од планирањето.
За греење, кое е многу поскапо од ладењето (од технички аспект), подното (или ѕидно) греење е секогаш подобра опција од фенкојлерите, од повеќе аспекти: комфор, економија, бучава, одржување... (сигурно испуштам нешто, ама доволно е и ова). Инаку ѕидно ладење е сосема ок опција, во зависност од локацијата на ѕидот и планирањето.
Друго, ладењето сосема успешно се постигнува и со најевтините клими. Од тој аспект и по некоја (економска логика), зошто скапиот уред да се амортизира и за ладење (кога за евтини пари може да се земе обична клима која врши работа без проблем)?
Последниот дел од ова не го разбирам сосема. Во секој случај, ефиканоста на одредена температура зависи од спецификациите на уредот. Генерално не се ретки уредите што се прилично ефикасни до -15с....мислам дека повторно просторијата нема да биде загреана доколку се користи само подно греење без да биде надополнета од некое друго грејно тело во ситуации кога надворешната температура ке падне под -7, ке ја земеме неа како една референтна. Тогаш мора да има и комбинација со она другото, еве ајде нека биде и ѕидното греење како алтернатива да ја користиме само топлинската пумпа. Но колкава инвестиција ке биде ова да се изведе? Неколку илјадници евра? Верувам дека нема да биде под 20 илјади за куќа од некој си 120 до 150 квадрата.