Најекономично греење и ладење

D

Deleted member 53418

Гостин
Aj ako moze nekoj strucen sovet doma na odzakot ima dve trajni zarista prikluceni i sea koa ke gorat dvete toa sto e na gorniov sprat curi epten od kumcite ima li nekoe resenie dali odzakot e mal pa da nemoze dve da bidat prikluceni zimo ide ama rabotava loso izglea fala odnapred
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Греење на дрва, а во sидовите стаклена волна да има :)
 
Член од
9 ноември 2005
Мислења
39
Поени од реакции
0
Би сакал совет од поискусни луѓе на форумов. Набавувам клима за дневна+трпезарија голема 30м2 со намена за ладење и греење освен во најладните 15-20 дена. Локација Скопје / Аеродром, ориентација Југ, нова градба со 8-10цм демит фасада, ПВЦ со термо стакла. Сите машински инженери од познати дистрибутери ми рекоа дека 12000 BTU е сосем соодветна и комотна димензија за добар инвертер. Фокус ми е да е добар во греење бидејќи за ладење и најевтин кинески ќе ми врши работа.

Во принцип по долго читање и истражување дојдов до 2 крајности или да набавам добар кинески производ и да се надевам дека се ќе биде ок или да купам некоја реномирана фирма. Првото решение ми е во ранг на 550 ЕУР а второто меѓу 730 и 830 ЕУР зависно од производителот. Искрено не сум 100% убеден дали вреди да се инвестира во марка особено што кинескиот производ иде со добра гаранција но сум отворен за сугестии бидејќи сепак барам комотно и подолгорочно решение. Би рекол дека идеално би очекувал амортизација не помала од 10г. освен редовни сервиси и дополнување фреон ако треба бидејќи тоа го добив од мојот 9г. стар Фуего ON/OFF што искрено и не го очекував и сеуште работи ок како за негова класа.

Изборот ми е сведен на:

  • Поевтина класа:
    • Vivax Cool ACP-12CH35GEEI
  • Познати производители
    • Toshiba Suzumi Plus RAS-B13N3KV2-E
    • Carrier Gold Xpower 42UQV035M2
    • Fujitsu General ASYG 12 LLC
    • Daikin FTXN35K
Во принцип би го зел или поевтиниот или најдобриот од втората група бидејќи или правам економичен избор или инвестирам во квалитет. Ако споредувам јаболка со портокали добредојдени се сугестии.
Имам и 2 спални и не сум сигурен дали за простории од 10-13м2 се исплати инвестиција на инвертер како Midea или Vivax но од друга страна тропањето на обичниот нема да понуди мирен сон.

--------------------------------------------------------------------------
... И второто прашање во врска со бекап греењето ако некој компресор откаже среде зима додека се чека сервис или е премногу ладно надвор. БЕГ/Топлификација ми е опција но не сум сигурен дали сакам да имам работа со нив бидејќи имам опција ако сакам да се приклучам. Ако има друга алтернатива освен нивниот flat rate предочете ми ја бидејќи не ми се допаѓа шемата.

Изборот ми е сведен на:

  • Thermor конвектори (2.5kw+2kw во дневната, 2kw во спалните и специјална за бања 1-1.5kw)
  • Евтини компактни парни котли што ги нудат за 200-300 ЕУР (не сум сигурен дали се оние истите електролитски со сода и сол во водата)
Целта на оваа мрежа би била секундарно затоплување во ретки периоди на годината кога инцидентно би ги вклучувал/исклучувал по потреба.

Дали ова е оправдана инвестиција со оглед на тоа дека ќе имам клими не знам но сакам да имам 2 опција ако нешто откаже среде зима. Мислења добредојдени.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.359
Јас сум на слична дилема, и планирам да земам Тошиба Сузуми Плус 3.5ка (за малку поголема квадратура на просторијата од твојата). Од моменталната понуда ми се чини дека наведиот модел е најдобар избор за парите, докажана фирма, добра ефикасност на пониски температури, солиден сервис и монтажа од продавницата (барем така слушнав).
Фуџитсуто има пренапумпана цена, која треба да е берем 200е поевтина, монтажата на продавницата е најскапа на пазарот... мислам дека само неинформираноста на купувачите ги држи сеуште во бизнис.
Некои модели на Виваксот се добри, за парите барем. Тоа би требало да се ремаркирани модели од GREE, кои ти се исто опција но со тоа што кај нас има многу мал избор. Но секако брендовите од вториот дел од листата ти се осетно подобри уреди, ако можеш да си ги дозволиш.


Ова ти е мое размислување, со тоа што јас планирам да купам клима сега иако дури на пролет ќе ја монтирам... моментално има солиден попуст на тој модел Тошиба Сузуми Плус 12000бту.

... И второто прашање во врска со бекап греењето ако некој компресор откаже среде зима додека се чека сервис или е премногу ладно надвор. БЕГ/Топлификација ми е опција но не сум сигурен дали сакам да имам работа со нив бидејќи имам опција ако сакам да се приклучам.
Бегај од топлификација како од ѓавол, беља ќе си направиш, цел живот арач ќе им плаќаш...

Од панелките, греалките, тоа се ти е слично по ефикасност. Разлика има само во квалитет (можност за расипување) и во дизајн.
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
653
Поени од реакции
576
  • Toshiba Suzumi Plus RAS-B13N3KV2-E - bez konkurencija e najdobar od ovie ovde, klasata na fujitsuto i daikinot e Avant Toshiba klasa.
 
Член од
9 ноември 2005
Мислења
39
Поени од реакции
0
Некои модели на Виваксот се добри, за парите барем. Тоа би требало да се ремаркирани модели од GREE, кои ти се исто опција но со тоа што кај нас има многу мал избор. Но секако брендовите од вториот дел од листата ти се осетно подобри уреди, ако можеш да си ги дозволиш.
Ги симнав сите документи од хрватскиот сајт за Vivax GEEI, на крај има сертификати и на сите пишува дека тестовите се правени во GREE Labs со нивен потпис така да скоро сигурен сум дека оваа серија е од GREE. Некаде погоре прочитав дека се работи за Sanyo компресор.

Можеби добар експеримент би било да ја монтирам за зимово во дневна па ако не ја бива толку да ја префрлам во помалите соби сигурно полесно ќе се справи таму. Но исто така Тошибата има добра цена не ми се пропушта ако се исплати таква инвестиција...
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.359
Абе проблемот со GREE (и ремаркираните од Вивакс) е што изборот е мал, а ако погледаш некој месец поназад на темава, човек од форумов што зема GREE CHARGE или така нешто (само тој модел го има кај нас), не е задоволен: имаше проблеми со уредот летово а сервисот го заебаваше со месеци...

Еден уред не е прецизен показател, но трендот е тој... марката GREE е сосема солидна за парите, но увозниците не нудат избор и сервисот им е лош.


Можеби добар експеримент би било да ја монтирам за зимово во дневна па ако не ја бива толку да ја префрлам во помалите соби сигурно полесно ќе се справи таму. Но исто така Тошибата има добра цена не ми се пропушта ако се исплати таква инвестиција...
Тошибата е падната за скоро 10илјади, во однос на цената од пред пола година.
Инаку и за тие две соби сме во иста ситуација, и можам да ти кажам дека, од она што читав (а прилично читав за овие работи), заебанција е да грееш две соби со една клима. Прво не можеш да ги затвориш вратите, второ прилично ќе има разлика (во температурата) од едната до другата соба (во зависност од тоа каде ќе ја ставиш внатрешната единица). Ако ставиш во ходник, истото, големи разлики во температура и нефикасност.


Заради ова размислував и за топлотна пумпа воздух-вода (надворешна единица како кај стандардниве клими, а внатре греење приклучено на парно/подно), но тоа е прескапо за техниката што ти ја продаваат.

BTW: Имаш ПП.
 
Член од
24 ноември 2007
Мислења
175
Поени од реакции
110
Ги симнав сите документи од хрватскиот сајт за Vivax GEEI, на крај има сертификати и на сите пишува дека тестовите се правени во GREE Labs со нивен потпис така да скоро сигурен сум дека оваа серија е од GREE. Некаде погоре прочитав дека се работи за Sanyo компресор.

.
[COLOR=000066]Zhuhai Landa Compressor - имаат Vivax.[/COLOR]
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
653
Поени од реакции
576
Vivax gexi go ima sledniov compressor

Compressor
SANYO
Model
C-6RZ110H1A


Taka da, taman rabota site da se isti kompresori i za klima od 12000den i za 42000den
 
Член од
24 ноември 2007
Мислења
175
Поени од реакции
110
Vivax gexi go ima sledniov compressor

Compressor
SANYO
Model
C-6RZ110H1A

Taka da, taman rabota site da se isti kompresori i za klima od 12000den i za 42000den
ТОЧНО е ова ама за моделот Vivax gexi - но не е и geei тој има Zhuhai Landa Compressor (според сервисни упатства). Подоцна ќе го напишам точниот модел.
 
Член од
12 март 2010
Мислења
212
Поени од реакции
73
Prezdovolen sum od 50gei vivax.Koj sto se gree so klima mislam deka dobro e da e predimenzionirana.Bas me interesira ako mozite da najdete sto kompresor ima 50gei.Osven sto buci koga e magovito i ladno druga zamerka nemam.
 
Член од
21 јануари 2012
Мислења
116
Поени од реакции
30
Само добра надворешна изолација на просторот кај што живеете. Подобра инвестиција, здравје...
 
Член од
9 ноември 2005
Мислења
39
Поени од реакции
0
ТОЧНО е ова ама за моделот Vivax gexi - но не е и geei тој има Zhuhai Landa Compressor (според сервисни упатства). Подоцна ќе го напишам точниот модел.
Можно е. Сепак разликата во цената помеѓу GEEI и GEYI е драматична. Овој вториов претпоставувам е подобар но по цена веќе оди во исто друштво со јапонците.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom