Јас сум на слична дилема, и планирам да земам Тошиба Сузуми Плус 3.5ка (за малку поголема квадратура на просторијата од твојата). Од моменталната понуда ми се чини дека наведиот модел е најдобар избор за парите, докажана фирма, добра ефикасност на пониски температури, солиден сервис и монтажа од продавницата (барем така слушнав).
Фуџитсуто има пренапумпана цена, која треба да е берем 200е поевтина, монтажата на продавницата е најскапа на пазарот... мислам дека само неинформираноста на купувачите ги држи сеуште во бизнис.
Некои модели на Виваксот се добри, за парите барем. Тоа би требало да се ремаркирани модели од GREE, кои ти се исто опција но со тоа што кај нас има многу мал избор. Но секако брендовите од вториот дел од листата ти се осетно подобри уреди, ако можеш да си ги дозволиш.
Ова ти е мое размислување, со тоа што јас планирам да купам клима сега иако дури на пролет ќе ја монтирам... моментално има солиден попуст на тој модел Тошиба Сузуми Плус 12000бту.
... И второто прашање во врска со бекап греењето ако некој компресор откаже среде зима додека се чека сервис или е премногу ладно надвор. БЕГ/Топлификација ми е опција но не сум сигурен дали сакам да имам работа со нив бидејќи имам опција ако сакам да се приклучам.
Бегај од топлификација како од ѓавол, беља ќе си направиш, цел живот арач ќе им плаќаш...
Од панелките, греалките, тоа се ти е слично по ефикасност. Разлика има само во квалитет (можност за расипување) и во дизајн.