Би сакал совет од поискусни луѓе на форумов. Набавувам клима за дневна+трпезарија голема 30м2 со намена за ладење и греење освен во најладните 15-20 дена. Локација Скопје / Аеродром, ориентација Југ, нова градба со 8-10цм демит фасада, ПВЦ со термо стакла. Сите машински инженери од познати дистрибутери ми рекоа дека 12000 BTU е сосем соодветна и комотна димензија за добар инвертер. Фокус ми е да е добар во греење бидејќи за ладење и најевтин кинески ќе ми врши работа.
Во принцип по долго читање и истражување дојдов до 2 крајности или да набавам добар кинески производ и да се надевам дека се ќе биде ок или да купам некоја реномирана фирма. Првото решение ми е во ранг на 550 ЕУР а второто меѓу 730 и 830 ЕУР зависно од производителот. Искрено не сум 100% убеден дали вреди да се инвестира во марка особено што кинескиот производ иде со добра гаранција но сум отворен за сугестии бидејќи сепак барам комотно и подолгорочно решение. Би рекол дека идеално би очекувал амортизација не помала од 10г. освен редовни сервиси и дополнување фреон ако треба бидејќи тоа го добив од мојот 9г. стар Фуего ON/OFF што искрено и не го очекував и сеуште работи ок како за негова класа.
Изборот ми е сведен на:
- Поевтина класа:
- Vivax Cool ACP-12CH35GEEI
- Познати производители
- Toshiba Suzumi Plus RAS-B13N3KV2-E
- Carrier Gold Xpower 42UQV035M2
- Fujitsu General ASYG 12 LLC
- Daikin FTXN35K
Во принцип би го зел или поевтиниот или најдобриот од втората група бидејќи или правам економичен избор или инвестирам во квалитет. Ако споредувам јаболка со портокали добредојдени се сугестии.
Имам и 2 спални и не сум сигурен дали за простории од 10-13м2 се исплати инвестиција на инвертер како Midea или Vivax но од друга страна тропањето на обичниот нема да понуди мирен сон.
--------------------------------------------------------------------------
... И второто прашање во врска со бекап греењето ако некој компресор откаже среде зима додека се чека сервис или е премногу ладно надвор. БЕГ/Топлификација ми е опција но не сум сигурен дали сакам да имам работа со нив бидејќи имам опција ако сакам да се приклучам. Ако има друга алтернатива освен нивниот flat rate предочете ми ја бидејќи не ми се допаѓа шемата.
Изборот ми е сведен на:
- Thermor конвектори (2.5kw+2kw во дневната, 2kw во спалните и специјална за бања 1-1.5kw)
- Евтини компактни парни котли што ги нудат за 200-300 ЕУР (не сум сигурен дали се оние истите електролитски со сода и сол во водата)
Целта на оваа мрежа би била секундарно затоплување во ретки периоди на годината кога инцидентно би ги вклучувал/исклучувал по потреба.
Дали ова е оправдана инвестиција со оглед на тоа дека ќе имам клими не знам но сакам да имам 2 опција ако нешто откаже среде зима. Мислења добредојдени.