Најекономично греење и ладење

Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.952
Поени од реакции
8.134
Шо вика мерачот за Јануари?1-31 јануари..Тоа ми беше прашањето..Сметките за струја не се реални..имам пишувано за сметки и нивно читање од страна на инкасаторот..
Не следев зошто сега не се оптеретувам толку, плус стаса до 9999 и требаше да го рестартирам, знам така беше 3-4 дена, а сега е на 2500. Значи од 15 октомври до сега на мерач идат некаде 13000 наместено на 5.54 постојано. Реални потрошени околу 11000 би биле до сега.
 
Член од
25 декември 2018
Мислења
541
Поени од реакции
559

Извини пријател каков мерач имаш ? ај сликај ако не тие тешко многу 0 има 2500kwh? WTF
 
Член од
19 ноември 2018
Мислења
19
Поени од реакции
15
Здраво,
Ете после месец дена отприлика пак да пишам, чекав да поминат ладните денови за да кажам шо се случи со климата и како сега работи. Пред 3-4 недели конечно дојде нов монтер, се изврши премонтажа на климата, заменети се цевките кои биле со должина од 2,4м (а од двајца разбрав дека гаранцијата не ја признавале доколку должината на цевките не била минимум 3м), но тоа не направи проблем, се заменати цевките со вкупна должина сега од 4м. Претходниот викенд во Битола имаше прилично ниски минимални температури од -10, подесена климата на 23-24 во близина на климата од 1-2м и виина од 1.5м имаше темп од околу 24-25 степени, а на оддалеченост од 7м и висина 80см температурата е 20-21 степен. Потрошувачката ја мерам изминатите 40ина дена, максимална потрошувачка има регистрирано 2100W, а во неделата попладне случајно забележав моментална потрошувачка од 180W. За споредба другар има Gree Amber 3.5kW(не сум сигурен за моделот, знам дека е до -30) под 2200W потрошувачката не паѓа.
Инвертерот е Toshiba Suzumi 4.5kW и сега можам да кажам дека така се вика иначе со претходната монтажа која беше целосно неправилна имав Teshiba и цела зима ја поминав во ладилник од 11степени :) :) :)
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Се сложувам со тебе, ако ти е за освежување и само за ладење можеш од оваа https://klimi.mk/product.php?id=282
12000, позитивна страна е дека е попозната марка од Макс (бренд на Агротехна) и поголема гаранција. Ти го давам истиот совет што ми го дадоа мене. Ја инсталирав пред една недела.

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
Земав веќе денес.12 500 ден,да прочитав порано ќе земев грее.Ама таа е.Маx како клима викаат арна е.5 години гаранција ми даваат и 3000 ден за монтажа.Па ќе видиме како ќе лади ...Не сум некој фанатик за фирма или било што.Знаеме дека што е поскапо е подобро,ама ако направам математика за фирма и што градам на куќата сега уште 15 бомбона не ме раскрстуваат у бонус од целата сума.Некаде ќе платиш а некаде ќе бараш да заштедиш
 
Член од
28 февруари 2019
Мислења
46
Поени од реакции
116
Се грееше ли некој зимава со Gree Fairy 5кв или било која друга јачина од истиот модел? Конкретно ме интересира 5кв , ама секое искуство е добредојдено. Доколку има некој таков ве молам споделете.
 
GT1

Член од
14 февруари 2016
Мислења
1.145
Поени од реакции
1.207
Здраво,
Ете после месец дена отприлика пак да пишам, чекав да поминат ладните денови за да кажам шо се случи со климата и како сега работи. Пред 3-4 недели конечно дојде нов монтер, се изврши премонтажа на климата, заменети се цевките кои биле со должина од 2,4м (а од двајца разбрав дека гаранцијата не ја признавале доколку должината на цевките не била минимум 3м), но тоа не направи проблем, се заменати цевките со вкупна должина сега од 4м. Претходниот викенд во Битола имаше прилично ниски минимални температури од -10, подесена климата на 23-24 во близина на климата од 1-2м и виина од 1.5м имаше темп од околу 24-25 степени, а на оддалеченост од 7м и висина 80см температурата е 20-21 степен. Потрошувачката ја мерам изминатите 40ина дена, максимална потрошувачка има регистрирано 2100W, а во неделата попладне случајно забележав моментална потрошувачка од 180W. За споредба другар има Gree Amber 3.5kW(не сум сигурен за моделот, знам дека е до -30) под 2200W потрошувачката не паѓа.
Инвертерот е Toshiba Suzumi 4.5kW и сега можам да кажам дека така се вика иначе со претходната монтажа која беше целосно неправилна имав Teshiba и цела зима ја поминав во ладилник од 11степени :) :) :)
Niskite temperaturi bea kratok period den-dva duri da se izladat sidovite treba poveke vreme.
Narednata zima ako se zadrzat tenperaturite poniski nedela-dve ke vides dali e do montazata ili e slaba klimata za prostorot
 
Член од
8 септември 2017
Мислења
13
Поени од реакции
4
Здраво. Дали може некој што се грее само на струја(клима инвертер 5.5)да ми каже колку му е сметката за струја значи да работи 24/7. Колку максимално може да истроше?
 
Член од
13 јули 2008
Мислења
1.397
Поени од реакции
1.886
Секако дека може. Сите инвертери работат 24/7 постојано.
А максимално сметките месечно што ги трошат се околу 4000 денари во Јануари.
 
Член од
7 декември 2015
Мислења
195
Поени од реакции
544
Здраво. Дали може некој што се грее само на струја(клима инвертер 5.5)да ми каже колку му е сметката за струја значи да работи 24/7. Колку максимално може да истроше?
Апсолутно несоодветно прашање... Апсолутно несоодветен и нецелосен одговор!Да климата можеби ќе потроши макс 4000ден(може и поќе и помалку) но она што не кажано дали истата ќе успее да го загрее соодветниот простор (односно да ги надополни топлинските загуби)кој не е прецизран...Вака испаѓа дека може и да купиш инвертер да платиш висока сметка ама дали ќе бидеш загреан е други прашање!Фали уште Климе да препорача Брент од 5.5кв..
Може да купиш бојлер од 50литри ама дали ако е фамилијата од 6члена ќе успеаат да се истушираат сите..
Кога почнаа да се даваат субвенции за ваков вид на грење реално е прво да се објаснат некои работи за инвертерите кои се објаснати на темата и треба да се прочитаат од новите корисници..а не да се даваат непотполни одговори...Нишо не прајме ако ја ставите климата во ходник кујна и сакате да греете простор од 80кв..или ја ставите над гарнитура па ја насочите да дува горе..примери безброј...Првиот одговор не може секогаш да биде точен!
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.952
Поени од реакции
8.134
Здраво. Дали може некој што се грее само на струја(клима инвертер 5.5)да ми каже колку му е сметката за струја значи да работи 24/7. Колку максимално може да истроше?
Зависи од многу фактори, а секој поединечно може да те кошта + 1000 денари.

Пример доколку живееш во Битола или Прилеп, немаш добра изолација и сакаш да грееш 35-40м2 на 24 степени во јануари можи да ти дојди и 5000+ денари за струја. За да постигнеш 24 степени ќе треба климата да ја подесиш на 27, тоа ќе троши просек 1.5кв = 36кв или 160 денари дневно.
Само еден степен да намалиш и да затоплуваш на 23, потрошувачката може да падни на 1.3кв просек или 140 денари дневно или 600+ денари заштеда.
Доколку живееш во потопол град кој има барем 3 степени повеќе тоа може да ти бидат плус 600-800 денари заштеда за да одржуваш иста температура.
Имаш хајпер инвертери кои трошат многу помалку од просечните, но се по 80000 денари.
Доколку имаш добра изолација или те грејат други станови добиваш плус заштеда, па затоа не може генерално да се тврди колку трошат климите.

Според ова можеби ќе можиш да си процениш колку отприлика би те чинело
 
Член од
8 септември 2017
Мислења
13
Поени од реакции
4
Имам Даикин клима 5.5 и загревам простор од 55 квадрати (дневна соба и на минус 15 постигаше температура до 28 - 29степени. Во декњмври ни го сменија саатот за струја и почна да ни стига сметка по 13 000 а претходно плакавме по 3 илјади најмногу. Се мислам дали њ можно климата да ни троше 10 000 денари или е пеоблем нешто со саатот.
 
Член од
19 ноември 2018
Мислења
19
Поени од реакции
15
Niskite temperaturi bea kratok period den-dva duri da se izladat sidovite treba poveke vreme.
Narednata zima ako se zadrzat tenperaturite poniski nedela-dve ke vides dali e do montazata ili e slaba klimata za prostorot
Mozi bea kratok period, ama sepak navecer uste temp pagja do 0, a pri takvi temperaturi znam kako rabotese i kako na sekoe odese vo defrosti i temp povisoka od 20 imav videno samo vo slucaj nadvor da bese nad 15stepeni i da imase sonce. Uste ednas ke kazam imam za sporedba eden inverter Mitsubishi 3.5kW kade se grej prostor od 35m2 neizoliran prostor svrten na sever, i edna obicna klima NEO 3.5kW od 10000den i znam kako great tie a kako greese ova so ja imam. Isto taka ima tuka clen koj ja ima istata klima i grej prostor od 75m2, taka da to so prostorot i ne mi ima logika, na izlez davase 29stepeni (to so prostorot nema ic vrska)
 
Член од
7 декември 2015
Мислења
195
Поени од реакции
544
До сатот е ! Ама до првиот сат стариот!Тој не бил исправен..:Сметка од 3000ден во зима со греење на 28-29 ц?!
Тоа 13000ден е кумулативно сигурно...Не прочитал во декември и пишал паушално..Па на крај се собрало..Пуштете тоа климите што имате мерачи на 30макс па видете колку влечата 5.5 клима на -15 шо вика..и пресметајте..На 28-29 ц дома со клима нема икономија![DOUBLEPOST=1551373853][/DOUBLEPOST]
Не следев зошто сега не се оптеретувам толку, плус стаса до 9999 и требаше да го рестартирам, знам така беше 3-4 дена, а сега е на 2500. Значи од 15 октомври до сега на мерач идат некаде 13000 наместено на 5.54 постојано. Реални потрошени околу 11000 би биле до сега.
Ок..Благодарам,Кај мене за споредба е 8300 на мерач до сега од 1.10.18..на 5.5ден/кв..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom