Ми стигна мерачот од ибеј па конечно и јас ќе можам да споделам нешто за Хансолот (стоп тролачи), чекам уште термометри па да видиме и COP.
Нешто што приметив е дека и кај климата луксузот се плаќа, т.е. повисока температура и низок издув (или sleep/silent) троши као лудо (1.5 kw) па можда мерачот ќе се исплати уште во првиот месец
Друга вистина е дека Хансолот оди и до 100w како минимум, мали топлотни загуби и не многу ниска надворешна температура (денеска пример на надворешна 11 степени на климата наместена 23 на трет издув). Моментално на 24 наместена (23 на внатрешната покажува), надворешна 5 степени, 4 издув, троши 550w.
Монтерот кога ми ја местеше ми препорача 3 фан, ја повеќе ја држев на аутофан каде што спушта на 1-2 издув али па троши многу повеќе. Инаку аутофан-от си работи коректно.
Да, на стендбај на 5ц троши 10w, не 200 ко што тука збореа, за на минус температури ако дојдат годинава ќе пренесам.
Да се вратам на луксузот, мислам дека е многу битно кога кажувате сметки за струја да се каже и на колку е наместена климата зашто на 21 и 24 разликата во потрошувачката е огромна (може некој ќе понуди график), еве пример Scorpio од Битола која со две топ клими како Фуџитсу доби сметка од 10к, ама па се грее на 25ц. Мене лично 22 ми е доволно, ама девојка ми испод 24 не прифаќа
Слики ме мрзи да постирам, од ПЦ пишувам, да беше од телефон постот ќе беше x10 пократок.