Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 25.980
- Поени од реакции
- 34.359
Едно од погодностите со изборот на подно греење како грејно тело, наспроти стандарните радијатори, е во тоа што кошулицата од подот станува термо-акумулациона маса. Така да во случаите кога никој нема дома, и системот се подеси на 6-7с пониска температура (на пример од 25с на 17-18с), подот ќе се излади и потоа попладне му треба време за пак да се загрее. Ова ваљда зависи од изолацијата под подното греење и од дебелината на кошулицата каде се наоѓаат цевките за хидропонскиот систем.Замислете само колку енергија ( а со тоа и струја) му е потребно да ја доведе водата на пример од 14 до 50 степени, а колку му е потребно да ја одржава на 50 степени, посебно кога нема никој дома и нема влези излези од собата каде се грее.
Наспроти тоа, радијаторите или фен којлерите не се така инертни, и за релативно кратко време можат да ги загреат назад тие неколку степени, од 17-18с до некои 24-25с.
Сепак со ова намалување од неколку степени, не со целосно исклучување, би требало да се остваруваат одредени заштеди, во теорија...
Нормално, целиот овој муабет е ако претпладне нема никој дома. Во спротивно нема поента муабетов.