@Dr Zmigo Ne se racuna 3,2 Pdesign
A inache prashav ova za klimive bidejki navistina, samo nekolku klimi se realno 3,5ki/5,5ki. I so ova ispagja deka ako nekoj koj zivee vo prostor bez termoizolacija, normalna fasada i saka da gree 30m2 soba ke mora da zeme ili 3,5ka od ovie so Pdesign 3,5 ili da si zeme 5,5ka od ostanstite modeli koi imaat 4 ili 4,30kw pDesign.
Токму така, незнам зошто тоа ти делува чудно. Ама затоа постои Еуровент, и зошто го трубиме за Еуровент толку многу.
Ако просторот на -7 или -10 има загуби толку и толку, оваа клима дава толку и толку.
Рецимо просторот има на -10 потреба од 3KW, значи клима со над 3KW ќе врши работа. Во тој ранг има клими кои се релативно ефтини и не е којзнае коклу страшно. Со клима што дава 3.5KW на -10 просторот ќе си е супер.
Ако просторот има 4KW на -10 тогаш клима со под 4KW нема да заврши работа. Голема е веројатноста дека просторот има некој проблем кој треба да се проба да се реши за да му се симне потребата ако е возможно пред да се бара некоја екстремна клима. Бидејќи оние кои даваат над 4KW се поскапи и имаат издув над 800m3 кој не е многу пријатен во соба под 50м3.
А ако веќе е постоечки просторот и климата, тогаш само се земаат параметрите и се решава проблемот на друг начин. Вака:
Ако просторот на -10 бара 3KW а климата може да даде рецимо 2.6KW тогаш во најладниот дел од просторот може да се постави панелка НА ТЕРМОСТАТ. Термостатот треба да е подесен на 21Ц или 22Ц некаде грубо. И оставена панелката на раат со термостатот. И во секој момент кгоа климата ќе неможе да постигне во тој дел да има 21-22Ц ќе се вклучи панелката и ќе додаде некој киловат.
П.С. Да нема забуна исто е и за било кое грејно тело!!! Ако просторот има загуби од 4KW на -10, а дома имаш панелка од 3KW, таа ќе работи цело време, ама нема да успее да го стопли просторот. Едноставно загубите се премногу за неа. И толку. Дали се тие 3KW од клима или од панелка, или од дрва, или од гуми, или од пелети е потполно исто. Ако загубите на просторот не се надополнат нема да се загрее просторот. Крај.