Зголемената влажност на воздухот придонесува за позачестено влегување на уредот во дефрост (одмрзнување на надворешната единица ) и течење на кондензат од надворешната единица што доведува додека тоа трае (десетина минути од прилика-повеќе или помалку) внатре внатрешанта единица да престане да грее ( сето тоа е нормално работење на уредот). Доколку влажноста на воздухот е помала, и при пониски температури на воздухот, зачестеноста за влегување на уредот во дефрост ќе биде помала. Поради ова може да се има субјектино чуство дека при температури околу 0 С ( -2 С до +2 С ) а при голема влажност на воздухот ( магла, снег ) уредот да грее послабо отколку кога температурата на возухот е пониска -5, -6, -7, -8 и тн., но влажноста на воздхот е помала ( сув студен воздух). Ова од причина што уредот на тие пониски температури со ниска влажност на воздухот работи континуирано со помалку влегување во дефрост.Хансол 3,5 зошто не тече вода од надворешната, некни на влажно време имаше вода. Уште се учиме, извинете.
Поискусните и постручните сигурно подобро ова ќе го објаснат. Јас само пренесувам мое лично корисничко искуство стекнато во претходните 4 грејни сезони.
Секое добро.