П-дизајн е п-дизајн, тоа е максимумот што некоја клима може да го даде при максимално форсирање. Тоа може да се види на TOL вредностите (2.1 кв за 12-ката и 3.9 кв за 18-ката)
Тоа што Еуровент не кажува е на која фрекфенција работел (бил исфорсиран) компресорот за да се постигнат тие резултати.

Производителот, во случајот Haier си дозволил таков ексцес за да извади подобри резултати на Еуровент, по цена на "оверклокуван" компресор. Haier не е ни прв ни последен што го направил тоа. Fujitsu е шампион за такви форсирања на компресорите во своите клими, се со цел да се извадат подобри резултати на тестови.
Прегледај го приврзокот 199919
Тие фирми одат свесно со тој тип на овердрајв знаејќи дека нивните клими во пракса никогаш нема да работат на таков екстремен максимум во пракса, напротив, 90% од времето ќе работат со пола снага или помалку.
@mdeni
Навистина веруваш дека 13 цм3 Mitsubishi застарено компресорче со смешно тенок двореден изменувач, 1.2 кг фреон во надворешна од 33.5 кг. може да направи чуда?
Think again.
Секоја чест на брут форс снагата (по цена на овердрајв на компресорот) за навистина добра цена. Но ти би ја мењал твојата феноменална FH35VE за ова парче железо? Особено што ти покриваш квадратура што плаче за 24-ка, а не па за 18-ка.
Сезонска потрошувачка од "само" 1679 kWh/y?!? Та моиве два Хансола трошат помалку од тоа (2 x 769 kWh/y).
Батали два Хансола, за скоро иста цена имаме еден Хансол што е многу блиску до "ѕверот" Тундра 18 во скоро сите параметри, но Хансол како 3.5-ка има повеќе фреон (1.3 кг), Sanyo Twin-Rotary 11 cm3 компресор, SCOP 4.7 / SEER 8.0, надворешната тежи 43 кг (10 кила повеќе, а за право чудо нема камења или цигли внатре).
Знаеш во што е тајната?
Прегледај го приврзокот 199920
Sanyo Twin-Rotary 11 cm3 компресорот испорачува 3210W при 56 Hz. Ќе се сложиш дека е голема разликата од 56 до 390 херци (не дека ја форсираат до толку). И за што? За 20% повеќе снага на -15Ц, ако воопшто постои таа разлика. Тундрата нема ни банален греач на тацна и ќе се зациментира во мраз на сериозни минуси, нема ни да успее да се "докаже" колку вреди... Во меѓувреме Хансолот го имаат убиено од тестирање на -32Ц во Шведска, Финска и тн.
Да не забораваме дека Тундрите знаат да брмчат како трактори после една или две сезони. Ама тоа го нема на Еуровент, нели?
Македонска работа, сиромавиот секогаш два пати плаќа. Квалитетни и ефикасни 5kW за 35000 ден ... аха, тепаат кој нејќе.
Допуна:
Можеби премногу забегуваме со "техникалии" и финеси, а забораваме на најважното - скоро секоја клима е подобра од ќумбе ложено со дрва, сунѓери, пластика, чорапи и што уште не!