Последниве денови прочитав еден куп небулози. Се прават анкети каде на Гри му се негираат резултатите со веќе видена приказна, демек мулти профили, лажно гласање и т.н.
Знаете ли дека (од проверени извори) капацитетите на царинските складишта во Скопје се затнати 50+% со Гри клими и тоа во поголемиот дел од годината?
Според некои мои проценки во Македонија годишно се продаваат 10000 Гри клими, 1000 Вивакси, 1000 комада ST, Нео, C&H, Беко и слична боранија, и максимум 500 - 1000 јапанци (сите на куп, со гратис ЛГ и Самсунг). Ова е моја слободна проценка, али ако грешам, сигурно грешам за малку, не за многу.
Има дилеми дали Ломо Еко бил бест бај во најниската класа. Е не, Тундра 12-ка е.
Имам еден куп пријатели што се грееја предминатата зима со Ломо Еко на -15Ц
во куќи и сите беа задоволни. Многу од нив ги имаа купено климите по моја препорака, а дел од нив како алтернатива на Ломо ЛЦЛХ затоа што стално ја нема на лагер и се прават списоци за секоја следна тура што се увезува ... и тоа трае со години.
Хансол не бил бест бај ... бре мајката.
Ете мене ми требаше втора клима минатиот месец и повторно се одлучив за Хансол. Ако не бев задоволен со првиот Хансол, немаше година потоа да купам втор, чиста логика...
Минативе два дена многумина пријавија потрошња од околу 1 KW/h и тоа е супер. Но да не заборавиме дека сите грееме различна
кубикажа со различен степен на топлински губитоци. Некој луфтира често, а некој друг никогаш. Некој 'билда' топлина во евтина струја, некој не. Стан/куќа?
Минатите ладни ноќи Хансолот што ми покрива 30 м2 (2.7м висина) со
0 изолација ми трошеше од 270 - 800 вати. Зададена температура 21Ц, во пракса пребацува за степен, два, значи реална 22-23Ц. Во тие 30 квадрати влегува и ходникот, а влезната врата се отвора 100 пати дневно, да не зборувам за релативно често луфтирање...
Новиот Хансол е монтиран во 'смешни' дваесетина квадрати (затворен простор), не му ни мерам потрошња...
Јас би бил среќен да има иста или подобра клима во таа ценовна класа, сите би имале ќар од тоа. Нема ништо подобро од здрава, реална конкуренција. Ајде кој има слободно време, знаење, нека бара поголем бест бај. Потребно е 'само' да ги достигне или надмаши следниве карактеристики:
- Електро експанзионен вентил се подразбира
-
Sanyo Twin-Rotary компресор
- Двореден надворешен изменувач
-
1.3 КГ R410А фреон
- Надворешна единица од 'само'
43 КГ
- Внатрешна единица од
11 КГ, со максимален издув од 750 м3/h, 7 брзини на издув (комодитет), Wi-Fi и т.н.
- EER
3.89 / SEER
8.0
- COP
4.0 / SCOP
4.7
- P-design-h
3.5 kW (0kW back up heating!!!)
- По можност да биде тестирана на суровите
Скандинавски тестови, а не само на шупачките од Еуровент (едното не го исклучува другото).
- За крај да не ја заборавиме и цената. Хансол цела есен се продава за
600 евра!
Потенцијалниот подобар бест бај би требало да чини исто, евентуално помалку ... ех, пуста машта.
Ајде бујрум со предлози.
Допуна (да го испочитувам
@dastan од постот подоле):
Немам никаква директна или индиректна корист од ниту една фирма што се бави со продажба, монтажа или сервисирање на клима уреди. Јас сум обичен корисник на клими како и многу други на темава (не сите).