Најекономично греење (затоплување)

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.826
Поени од реакции
21.285
@мкд владе исто како и Сас и мене ми е ова секундарна опција. Некогаш за кеиф да запалам оган или ако снема струја. Така да не е страшно ако не одберам нешто идеално од аспект на материјалот.

Зошто гус?
Зошто да не? Не ми смета малку термална инерција (колку што разбрав само тоа и тежината се негативности). Плус можам да го земам со одреден попуст.
Но кога ќе поминувам од таму ќе гледам да сликам од внатре и да видам точно дали има секундарна комора за согорување (со свој довод за воздух).

Од тој аспект поисплатлив ми е Рустикот од Алфа Плам. Не само што новите верзии на Рустикот се од лим наместо од гус како порано, туку верзијата со фабрички вграден котел за парно кошта само 100евра повеќе.
Ти во други постови имаше кажано дека не го сакаш Рустикот пошто е гусан и премногу тежок, и нешто кажа дека не е ефикасен во потрошувачката?

Новите верзии на рустикот ги немам видено, а старите си останаа исти со мали естетски модификации веќе 40 години. Имаш и турска верзија која беше за неколку иљадарки поефтина.
За ефикасноста доволно зборува фактот дека е од на дедо нео времето, од времињата кога дрвата беа ефтини, кога на никој не му беше гајле колку троши и колку чади и најважно од се му остана името демек ептен убав и незнам што.
За тие пари што ке ги дадеш за овој камин ( мислам дека беа околу 22000 23000) ке најдеш измислен обичен камин ( не гусен) кој и по ефикасност и по естетика е неколку нивоа над рустикот. Исто имаш обични камини со вграден котел така да и тоа не му е некоја предност.
А дека ке го гледаш огнот додека гори во рустикот јас не би се кладел баш. Можеби откога ке го исчистиш и така неколку минути додека го палиш, после тешко. И не заборавај дека излезот на рустикот не е стандард ( 120 мм) и дека со него оди редуктор кој колку и да ви кажат и убедуваат дека нема врска битно влијае на снагата и ефикасноста.
И веќе ако си се решил за гусен подобро земи нешто од славонска пожега само не франклин, ете амитито е добар избор. Е сега нема барем јас колку што сум запознаен модел со вграден котел.
Ако земаш обичен разгледај ги од складова техника, имаја одлични и квалитетни камини. Исто и од прити само што нив лимот мислам дека им е малце потенок. И запазиги оние параметри кои претходно ги наброив и немаш гајле.
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
653
Поени од реакции
576
мкд владе

Ако тој е 12 см ова да биди 15, но не повеќе од 3х 12 во дијагонала и што помалце кривини, максимум две.
Ova "3х 12" stvarno ne go razbrav, ako moze da doobjasnis
Fala
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.826
Поени од реакции
21.285
мкд владе

Ако тој е 12 см ова да биди 15, но не повеќе од 3х 12 во дијагонала и што помалце кривини, максимум две.
Ova "3х 12" stvarno ne go razbrav, ako moze da doobjasnis
Fala
Се мисли на внатрешниот дијаметар на оџакот. За полесно ке земиме дека оџакот е цилиндар а не квадрат, мада истото правило и тука важи.
Значи ако излезот за оџак на каминот е 12 см, тогаш 15% од 12 сантими е приближно 15 сантими внатрешен дијаметар и тоа е идеална должина на дијаметарот на оџакот од внатрешна страна. 3х 12= 36 см. Ова е максимум дозволена ширина на оџакот од внатрешна страна( дијаметар) за да тој влече прописно, мада и тука има големи шанси да не ти влече као што треба, да кондензира и претерано да фаќа гареж. Тоа е затоа што оџакот подобро влече кога е пожежок а не кога е поширок( широко распространето мислење помеѓу народот).
Кога внатрешниот дијаметар на оџакот е толку широк а и поширок едноставно излезните гасови не се доволни да го држат оџакот доволно топол за тој да створи вакум ( пошто и самото грејно тело не е предвидено да работи на толкав широк оџак) и доаѓа до брзо ладење а со тоа и кондензација на внатрешните ѕидови на оџакот, прокапување, па поради неквалитетното согорување и слабиот вакум или проток ке се лепат многу повеќе гареж и така се во круг. Затоа и те прашав дали има изолација во цевките кои ги планираше за оџакот пошто металот ем што е мазен туку е и добар спровдник на топлина и едноставно немаше шанси на надворешен оџак направен само од метал без изолација да провлечи како што треба. Надворешниот ладен воздух немаше да дозволи тој адекватно да се загрее а сите знаеме што се случува кога топол воздух ке додје во допир со ладна површина. И ете ти беља.
Од исти причини се препорачува внатрешен оџак. Тој е секогаш потопол и треба помалце енергија за да се загрее отколку надворешниот за да функционира прописно.
Појасно од ова здравје:)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.835
За тие пари што ке ги дадеш за овој камин ( мислам дека беа околу 22000 23000) ке најдеш измислен обичен камин ( не гусен) кој и по ефикасност и по естетика е неколку нивоа над рустикот. Исто имаш обични камини со вграден котел така да и тоа не му е некоја предност.
...
И веќе ако си се решил за гусен подобро земи нешто од славонска пожега само не франклин, ете амитито е добар избор. Е сега нема барем јас колку што сум запознаен модел со вграден котел.
29 илјади е Рустикот со котел, 23 без котел.

Амити 3 е 22илјади, ама не се поизведува модел со котел... не дека баш мора да земам камин/печка со котел, ама би било добро.
Амитиво има секундарно согорување (и регулација на истото)?

Копер како фирма не ги поштуваше во претходни постови... или се лажам? Нешто се спомна тенок лимот и немање секундарно согорување, можеби ги мешам со некои други.
Како и да е имаат интересни (по цена и спецификации) варијанти со вграден котел. Но првите два имаат 120мм излез за оџак, вториот 150мм.

Тој „редуктор„ што го спомињаш е некаков „адаптер„ за на стандардна (поширока?) величина на ќумец? Затоа велиш дека се губи на силата на влеча на чадот?

KOPER FAMOUS E, Камин за централно греење кој може да користи дрво, лигнит или брикет како гориво, Тежина: 98 Kg Надворешни димензии: 490*530*990 mm Димензии на фурна: 360*445*200 mm Димензии на огниште: 400*400*400 mm Макс. моќ на греење: 22.5 KW Топлински излез на вода 16 KW Топлински излез во простор 5.5 KW Вкупна топлинска моќ 21.5 KW Мин. промаја на оџак: 12 Pa Излез на димни гасови: 120 mm Капацитет на загревање m3: 290-305 Капацитет на загревање m2: 108-113 Енергетска ефикасност: 75 (%)
Цена:
20,990 ден

KOPER HARMONY Е, Камин за централно греење кој може да користи дрво, лигнит или брикет како гориво, Тежина: 91 Kg Надворешни димензии: 495*500*1015 mm Димензии на фурна: 330*430*170 mm Димензии на огниште: 400*360*390 mm Макс. моќ на греење: 22.5 KW Топлински излез на вода 16.7 KW Топлински излез во простор 4.3 KW Вкупна топлинска моќ 21 KW Мин. промаја на оџак: 12 Pa Излез на димни гасови: 120 mm Капацитет на загревање m3: 280-300 Капацитет на загревање m2: 105-112 Енергетска ефикасност: 75 (%)
Цена:
20,990 ден

KOPER ORION SE, Камин за централно греење кој може да користи дрво, лигнит или брикет како гориво, Тежина: 103 kg Надворешни димензии: 515x500x895 Димензии на огниште: 430x370x570 Номинална моќ на греење: 36 kW Макс. моќ на греење: 36,5 kW Топлински излез на вода 32 kW Топлински излез во простор 4 kW Мин. промаја на оџак: 11 Pa Излез на димни гасови: 150 mm Капацитет на загревање m3: 485-495 Капацитет на загревање m2: 180-185 Енергетска ефикасност: 77.1 (%)
Цена:
29,990 ден
 
Последно уредено:
Член од
30 март 2012
Мислења
376
Поени од реакции
234

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.826
Поени од реакции
21.285
29 илјади е Рустикот со котел, 23 без котел.

Амити 3 е 22илјади, ама не се поизведува модел со котел... не дека баш мора да земам камин/печка со котел, ама би било добро.
Амитиво има секундарно согорување (и регулација на истото)?

Копер како фирма не ги поштуваше во претходни постови... или се лажам? Нешто се спомна тенок лимот и немање секундарно согорување, можеби ги мешам со некои други.
Како и да е имаат интересни (по цена и спецификации) варијанти со вграден котел. Но првите два имаат 120мм излез за оџак, вториот 150мм.

Тој „редуктор„ што го спомињаш е некаков „адаптер„ за на стандардна (поширока?) величина на ќумец? Затоа велиш дека се губи на силата на влеча на чадот?
Амитито новите модели имаат секундарно согорување и тоа со регулација. Сега ако немат изваено некој ептен нов тип па да им е и тоа изменето. Додуша самото амити има поинаква регулација на воздухот со тоа што има презагревање на примарниот воздух и нормално подобра искористеност. Овој на сликата очигледно нема или ако има тогаш е без регулација( мислам на секундарното), така да ако е овај најнов модел тогаш незнам што да ти речам. Во секој случај е измислен за рустикот во секој поглед освем во тоа што нема пепељара секако ако не му додадоја на новите модели. Кој да ги знае.
Не само за копер туку генерално за македонските произведувачи на камини немам добро мислење. Споредено со странските врска немаат со квалитетот на изработката. Онака на прв поглед се лични ама како да кажам . Виделе не разбрале. Така да веќе ако си решил да купиш таков додади некоја иљадарка и куписи проверен. Сепак не купуваш секој ден камини. Јас сум за купување на македонски производи ама барем ако ги прават нека ги направат како што треба. Не прават спејс шатл туку камин. Ако веќе и немаат идеја што како нека копираат. Секако и ги копираат ама барем нека ги копираат како што треба.
Да за редукторот. Рустикот има поголема штуцна која не пасова на нашите стандардни бории па или ке правиш бории по мера и ке копаш во ѕидот или ке си го ставиш редукторот кој иди заедно со каминот и се друго исто. Е сега ке гуши малце ама јбг. Ај ти трчај со гасмаска да те видам.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Амити 3 е 22илјади, ама не се поизведува модел со котел... не дека баш мора да земам камин/печка со котел, ама би било добро.
Амитиво има секундарно согорување (и регулација на истото)?
И моето внимание го привлекува Amity 3, за која @ мкд владе забележа дека има предгревање на примарниот воздух ( колку разбрав двата кружни отвори на горната страна се за примарен воздух ) и влез са секударен воздух кој се наоѓа во горниот дел над вратата.
Мислам дека се работи за интересна конструкција
Ме интересира како оваа печка ќе се покаже во услови кога имаме влажно гориво.
Исто ме интересира дали оваа печка би се покажала за согорување на пелети во слој
Какво е Вашето мислење за ова?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.835
Амитито новите модели имаат секундарно согорување и тоа со регулација. Сега ако немат изваено некој ептен нов тип па да им е и тоа изменето. Додуша самото амити има поинаква регулација на воздухот со тоа што има презагревање на примарниот воздух и нормално подобра искористеност.
Кажи некоја претпоставка колку пари би дошло накнадно ставање на котел (материјал и рака) и дали е сигурно така да се прави?
Инаку на другата тема нешто размислував на глас, пиши два-три збора што мислиш и таму, кога ќе имаш време.

Сега малку теорија, да видиме како корелира со праксата.

Кога ќе кажеш за еден камин или штогоде печка на дрва, дека работи ефикасно или неефикасно. Дали тука првенствено мислиш на квалитетот (процентот) на согорувањето? Или можноста споро да се согоруваат дрвата?

Јас колку што разбирам поентата со регулација на согорувањето и регулација на дотокот на воздух, е заради успорување на согорувањето. Нели со намалување на дотокот на кислород, се намалува и ефикасноста на согорувањето? Дрвата поспоро ќе горат но и ќе се добие многу понефикасно согорување.

Или тука стапува на сцена идејата со контролирано секундарно согорување? Прво да се успори согорувањето, и иако така многу од маслата нема да согорат, истите потоа да се согорат во секундарната комора...

Но од овој аспект ако гледаме, нели проблемот првенствено е заради предимензионирање на печката?
Нели е подобро да се земе печка со моќност која на најјакото согорување ќе одговара на топлинските потреби на домот? Отколку да се земе прејака печка и потоа да се успорува согорувањето? (па макар и тоа да се изведе нешто поефикасно).

Идеално би било да се има и топлинска акумулација, но тоа е веќе нешто друго.
 
Незнам на амитито дали може да му се додаде котел, јас немам видено досега. На рустикот му клаваат ама незнам како се имаат покажано и колку се ефикасни, практични и сигурни.
Под ефикасност се подразбира од една количина гориво колку ке извадиш корисна енергија. Ако со иста количина гориво една печка затоплува пример 40 м2 а друга 15 м2 тогаш едната е ефикасна другата во споредба со неа не е. Или можеш на тоа поинаку да гледаш. Колку печката од горивото ке искористи како корисна енергија а колку како нус производ. Колку разликата од едното до другото е поголема толку печката е поефикасна и обратно. Затоа кога ке речат дека една печка има ефикасност од на пример 70% се мисли на тоа дека толку проценти печката претворила во корисна енергија а од остатокот од енергијата немаме корист.
Така да тоа нема некоја врска со колку долго гори дрвото, дали споро или брзо. Што ако гори споро на пример кога повеќе од енергијата што ја ослободува дрвото е чад кој ке замини низ оџак. И што ако гори брзо кога исто така голем дел од топлината ке замини низ оџак. Така да најдобро печката да се гледа како еден карбуратор од кола на пример. Ако соодносот на гориво и воздух не е идеален тогаш колата нема да работи како што треба. Ако има отповеќе бензин ке ги замастува свеќиците пошто ајде да речам нема доволно воздух за тој целосно да согори, а ако има премногу воздух нема да има снага( пример само, ова од ракав го извадив).
По правило ефикасноста на една печка е директно зависна од температурата на која самото дрво согорува а не колку брзо или колку споро согорува.
За секундарното согорување да има воопшто некаков ефект потребна е голема температура во горилникот при која самото дрво ослободува гасови кои при допир со секундарниот воздух се палат и ослободуваат дополнителна енергија наместо да излезат како чад низ оџакот. Така да кога имаме голема температура во горилникот потребно е само онолку количина на проток за да комората остани загреана доволно за да дојди до палење на гасовите. Па така и при сосем мал проток на воздух имаме големо ослободување на топлина која и затоа што нема голем проток ке се зрачи во просторијата наместо да замини низ оџакот.
Така да да најдобро е печката да не е предимензионирана нити преслаба за просторијата која планираме да ја загреваме туку да си биде таман така да таа работи со најголема ефикаснот и најмала потрошувачка. Нити да ја јачиме за да затопли и со тоа да и го скратиме работниот век, нити да ја гушиме и да ја работиме неефикасно. А тоа најлесно ке го пресметаме кога киловатите на печката( под услов да не се напишани од ракав на производителот) ги помножиме со 7 и ке добиеме квадрати на собата ако таа е висока 2.6 м. Ова ви е најлесен начин да пресметате со колкава снага да биде печката.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.835
Алас, ми останува само да жалам што немам можности да направам „ракетна печка„ со термална акумулација (заради ограничена носивост на објектот). Најдоброто од сите аспекти на греење со дрва. ;)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

http://www.mbs.rs/hera_sr.html
Oваа ми се чини најдобра од печките „ смедеревац “
Во внатрешноста, паралелно горната плоча има хоризонтална метална плоча до половина на печката, така да чадот не оди дирекно во пџакот
Вратите се лиени и имаат плетенки за подобро дихтување
Влез за секундарен воздух нема.
Но има една погодност што дугите печки ја немаат
За согорување на дрвата нема рамна решетка., туку има кош кој е со форма на подсечена пирамида
Така да помеѓу кошот постои простор да воздух од пепелникот, влезе дирекно во горниот дел на ложиштето и на тој начин да се оствари секундарен воздух
Цената на оваа печка е 9960 ( има акција )
Што мислите за оваа печка?
Ве молам да прошетате по дуќаните и да постирате податоци за печки. Или ако имате печка и сте задоволни од Вашата печка да известите.
Сакам да купам печка, а тоа го препорачувам на сите кои се затоплуваат на струја или парно
Видовте како пред неколку недели мрзнеа во Америка и Европа кога милиони останаа без струја поради невреме. А таму за струја се грижи власта. А кај нас се е препуштено на лепотаните од регулаторна а од нив ништо не очекувајте. Нив ги интересира само лепота
 
Член од
24 септември 2013
Мислења
344
Поени од реакции
317

Da se kupuva pecka na drva samo poradi nevremeto vo Amerika mi zvuci isto kako da se kaze "ne patuvaj so avtobus zosto izleta eden avtobus vo provalija i zaginaa tolku i tolku lugje". Ova najprvo mi tekna, moze bezbroj slicni primeri da se navedat.
Moze da se sluci defekt na elektricna mreza i bez nikakvo nevreme, no da se kupuva pecka 10.000-20.000 den. za da ne se koristi, ili eventualno da se iskoristi ednas vo 5 godini, toa ne mi e razbirlivo.
Druga rabota e sto poveketo lugje koi se great na parno ili struja nemaat kade da stavat pecka na drva. Neizvodlivo e i nepreporaclivo.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.835
^^
Kажа штурецот.

Јас дефинитивно би навивал за мравката! ;)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Da se kupuva pecka na drva samo poradi nevremeto vo Amerika mi zvuci isto kako da se kaze "ne patuvaj so avtobus zosto izleta eden avtobus vo provalija i zaginaa tolku i tolku lugje". Ova najprvo mi tekna, moze bezbroj slicni primeri da se navedat.
Moze da se sluci defekt na elektricna mreza i bez nikakvo nevreme, no da se kupuva pecka 10.000-20.000 den. za da ne se koristi, ili eventualno da se iskoristi ednas vo 5 godini, toa ne mi e razbirlivo.
Druga rabota e sto poveketo lugje koi se great na parno ili struja nemaat kade da stavat pecka na drva. Neizvodlivo e i nepreporaclivo.
Не е така
Во моментов најефтино затоплување е на струја исклучиво со клима и на дрва.
Сето друго , гас, нафта, пелети и се друго е поскапо. Топлификација е ептен поскапа
Ова се факти за кој нема што да се дискутира
Ако Топлификација наплатува 4 - 6000 секој месец цела година, тоа е третина од просечна плата, а половина од просечна пензија, според мене само несериозни користат Топлификација. Да дадеш на Топлификација повеќе од колку што даваш за храна е несериозно или имаш пари за фрлање
Цената на струјата може да се зголеми. Во Германија цената на струјата за домаќинства е 26 евро центи ( кај нас е 10, 5 ). Причина за ова што струјата за домаќинствата во Германија е посебно опорезувана ( овие порези ги има само за струјата за домаќинства )
Затоа треба да се подготвиме за секоја случајност,
Печка на дрва може да се купи и за 6000, а толку е сметката на Топликфикација само за еден месец, а за тебе е „ неразбирливо “ да купиш печка за тие пари. А дали тие е разбирливо да платиш за парно на Топлификација 6000 месечно, секој месец - цела година?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom