Најдобро (најсоодветно) државно уредување за Македонија?

Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Пред некоја година, за евро квадратен метар ни удрија државен рекет, културен, на многу повеќе им одговараше него обратното. Само никој не сфати дека за своја земја повторно плаќаа.
Легализацијата е рекет? Како?
 
S

StormRage

Гостин
Легализацијата е рекет? Како?
Легализацијата на дивоградби не беше рекет, тоа му одговараше некого. Откупувањето на своето земјиште беше рекет, наложуваа да се купи или да се плаќа кирија. Цела земја одеднаш ја зеде државата и пак ја продаваше, а сите сме биле со имотен лист. Зборам за урбанизирани места, среќа тука што тоа не ме фати иначе ќе требаше да платам 9000 евра за да си го откупам дворот од 3000 квадрати. Пошо реално, евро квадрат со сите трошоци се 3 евра квадрат :)
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
што услуга е легализацијата? што добиле граѓаните што ја платиле?
Право да запишат право на сопственост на објектот.[DOUBLEPOST=1420652150][/DOUBLEPOST]
Легализацијата на дивоградби не беше рекет, тоа му одговараше некого. Откупувањето на своето земјиште беше рекет, наложуваа да се купи или да се плаќа кирија. Цела земја одеднаш ја зеде државата и пак ја продаваше, а сите сме биле со имотен лист. Зборам за урбанизирани места, среќа тука што тоа не ме фати иначе ќе требаше да платам 9000 евра за да си го откупам дворот од 3000 квадрати. Пошо реално, евро квадрат со сите трошоци се 3 евра квадрат :)
Легализацијата беше најбезболно решение за болен проблем. Имаше 400.000 објекти кои не можеа да добијат имотен лист и автоматски не можеа да влезат во пазар на недвижнини.
За другово се слагам.
 
Stojna7

професорка пред хотел
Член од
2 декември 2013
Мислења
69
Поени од реакции
89
Право да запишат право на сопственост на објектот.[DOUBLEPOST=1420652150][/DOUBLEPOST]
зошто треба да платиш за право над нешто кое сам си го крериал или купил? како се разликува овој рекет од обичниот уличен рекет?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
зошто треба да платиш за право над нешто кое сам си го крериал или купил? како се разликува овој рекет од обичниот уличен рекет?
Си го креирал и не си ги платил сите давачки, или не си го градел по проектот на чија основа имаш одобрение за градба. Нема рекет тука, само мрзливо решение на проблем кој инаку би го решил со рушење на стотици илјади куќи и отпадот откако ќе ги срушиш.
 
Stojna7

професорка пред хотел
Член од
2 декември 2013
Мислења
69
Поени од реакции
89
не е толку просто. требало локалната власт навреме да интервенира и да му собере давачки или да му ја урне градбата. ако веќе го оставиш така, значи дека власта утнала и немала воопшто урбанистички план, и нема човекот за што да одговара. ако нешто треба да се плати, тоа би биле комуналните давачки подеднакво како и за секоја легална градба. легализацијата не е никаква услуга и е чист рекет.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.327
Поени од реакции
26.275

Ако им наплатат подеднакво како на будалите (така испаѓа) кои платиле легално, треба да платат од 10 до 100 пати повеќе отколку со „легализацијава“.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
не е толку просто. требало локалната власт навреме да интервенира и да му собере давачки или да му ја урне градбата. ако веќе го оставиш така, значи дека власта утнала и немала воопшто урбанистички план, и нема човекот за што да одговара. ако нешто треба да се плати, тоа би биле комуналните давачки подеднакво како и за секоја легална градба. легализацијата не е никаква услуга и е чист рекет.
Затоа реков дека е мрзливо решение. ДУП на многу места или немало или фактичката состојба била премногу различна од таму кај што имало, воглавно откако Скопје е прогласен за отворен град и немало потреба од претходната документација за да се населиш.
Тоа е изворната грешка која во катастарот со години се пикаше под тепих и конечно излезе на виделина кога катастарот се модернизираше и пробаа да го
оформат пазарот на недвижнини и проценка на недвижнини.
А комуналиите ако требаше да ги плаќаат легално многумина ќе плателе многу повеќе од 1 евро по квадрат.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Креаторите на оваа терапија и имаат предвидено временски рамки. Во моментот коа политичкиот спектар ќе се исчисти од петтата колона и сите партии заедно ќе почнат да влечат во ист правец, тогаш веќе се трга зборчето менаџирана и останува само тоа демократија. А дете... овај државата е излечена и веќе нема пречки во развојот. Тогаш веќе таа демократија може да се социјализира со другите демократии на исто ниво, без да и се смејат, измотаваат, поткупуваат и искористуваат и не мора да биде суверена.
Ако власта мисли дека е автентична и не прифаќа било каква критика од опозицијата, Односно опозицијата ја смета за некаква „пета колона ’“ - тогаш таа се опкружува со полтрони и улизици.
Последиците на вакви ставови се катастрофални. Тоа го знае секој мудар владател, Еве пример
Своевремено, мудрите султани на Отоманската империја се облекувале како сиромаси и шетале низ Истамбул за да слушнат што обичните граѓани мислат и како живеат.
А ако власта почне да живее во свој свет - и се ближи крајот
 
Апсолутно, и секако дека и тоа е решено. Едноставно, критикувањето го правиш привилегија. Право да критикуваат имаат тие што покажале лојалност. На крај, има пракса кога самите креатори на системот го критикуваат системот. И таа критика да стане задолжителна литература за сите на раководни позиции.

Исто има пример кога мудрите везири во Москва се видени помеѓу либералната раја што протестира пред Кремљ или како поддржуваат идеи на либералите.

Ние сме малце поназад во спроведување.
 
Последно уредено:

ʞönig

Миле... ми текна!
Член од
29 декември 2014
Мислења
131
Поени од реакции
614
Времето ќе покаже дека Република Македонија треба да биде федерална единка. Државата се соочува со два фронта на исламизација и еден на етничко чистење на православното и атеистичко-агностичко население. Силна македонобугарска држава е единствениот начин да се спаси ова парче земја од целосен исламски пропаст и гниење од внатре.
 
Последно уредено:
Член од
13 јануари 2015
Мислења
143
Поени од реакции
54
Наjдобрата држава е таа коjа наjдобро ги реализира наjдобрите црти од менталитетот на лугето и наjдобро ги отфрла наjлошите. За сега западниот модел на држава не работи и нема скоро и да проработи ниту каj вас ниту каj нас оти менталитетот на лугето не е западен коj според мене е главно два вида- англосаксонски и германски и романски но не треба да исклjучуваме фактот дека голем дел од лугето во романските држави е со германско потекло.
Инаку царе шо ке реши федералната држава? Наместо да се селат во Скопjе или да се изселуват тие ке се селат во Софиjа оти не верувам да мислиш дека некоj Бугарин ке се засили да се засели во некое тетовско село, села без луге и ние си имаме доста. Да во парламент нема да се збори албански, нема да се учи на албански во училиштата но тие еднаш добиле вакви права нема да се смират и ке доjде пак до воjна. Единствениот спас е Македонците да си седат во Македониjа и да рагjат барем колку албанците инаку следи судбината на Косово тука си во право.
 
ʞönig

Миле... ми текна!
Член од
29 декември 2014
Мислења
131
Поени од реакции
614
Инаку царе шо ке реши федералната држава? Наместо да се селат во Скопjе или да се изселуват тие ке се селат во Софиjа оти не верувам да мислиш дека некоj Бугарин ке се засили да се засели во некое тетовско село, села без луге и ние си имаме доста. Да во парламент нема да се збори албански, нема да се учи на албански во училиштата но тие еднаш добиле вакви права нема да се смират и ке доjде пак до воjна. Единствениот спас е Македонците да си седат во Македониjа и да рагjат барем колку албанците инаку следи судбината на Косово тука си во право.
Дури сега забележав дека мене си ми реплицирал :)
Државата која многумина овде ја плукаат со погрдни имиња како Болварија, Бугаристан и Татарстан, со поклонетите тенкови на македонската држава во 2001 многу придонесе за очувување на територијалната целовитост. Јас сум скептик дека македонската територија ќе влезе во НАТО и подоцна во ЕУ под актуелниот формат (не зборам само за името). Де-јуре унитарниот карактер е де-факто уништен и следниот чекор е федерализација на албански и македонски ентитет.
Уверен сум дека Македонија не може да преживее без благонаклонетоста на Бугарија и нејзината воена поддршка, ако не дај боже затреба (во 2001 некои генерали го советуваа Трајковски да дозволи влез на бугарската војска во Македонија и да помогне на македонската во справувањето со терористите / ако тогаш сметале дека нема да се справат сами, што останува сега, после два министри за одбрана од УЧК и сите воени тајни во нивни раце).

Јас не сум против изучување на албанскиот јазик за секој кој сака да го изучува, ниту да го зборува по медиуми. Сум против двојазичност во институциите на системот, вработувања според национална припадност и исламизација.

Православните Македонци нема да раѓаат повеќе деца, туку се помалку и помалку. И тие не се криви за тоа, тие се свесни дека во ситуација кога странски фирми од чуените инвеститори даваат по закон минимални плати и се единствените каде некој може да се вработи а тоа да не е администрација, знаат дека ако сакаат да му приуштат колку-толку нормално детство и образование, условот е едно дете. Некои други, пак, од други причини, не се свесни за ова. Ама се свесни дека за нив има вештачка квота која мора да се пополни, па макар да ги бива само за овчари.

Capture2.JPG
Некој се фали со вакви и полоши инвестиции (пример Веибо Груп од Турција, кој освен градење фабрики за текстил ќе сади плантажи за памук /Црнци робови од Конфедерацијата, Hail! /, ќе гради 1000 куќи за вработените со отплата на 30 години, и џамија на сред населба), а пак пази, германски инвеститори, се фалат со 20% поголема плата од македонскиот законски минималец!

Кога овие капиталистички експлоататори би давале плата колку просечната македонска, е тогаш може да збориме за две и три деца во семејствата.

Ние сме одржувани во вештачка економска кома. Ама желбата за живот е поголема од статуск кво вегетацијата, па кога пациентите ќе почнат да се будат еден по еден, докторите ги чека страшна судбина.
 
Последно уредено:
Член од
13 јануари 2015
Мислења
143
Поени од реакции
54
И во Бугариjа има проблем со наталитетот но предвид на тоа оти православните се 5 пати повеке како вкупен броj од тие во РМ и процентно се над 80% ке издржиме повеке време. И тука си има ученjе на маjчин jазик за турците но сите други дисциплини се учат на бугарски и тоа е подобро за самите турци ако сакат да излезат од нивното село или град и да идат некаде да наjдат работа. Но проблемот со полукантонизациjата на некои градови како Крджали си го има, не во вакви размери како каjвас но го има.Инаку тоа со плуканjето наспроти Бугариjа каj вас според мене естествено ке се прекине оти тоа е вештачко сеа нема да влегувам во детали но ми е много чудно оти много повеке не се зборува открито каj вас за фактот дека наjброjната македонска емиграциjа не е ниту во Австралиjа, ниту во Шваjцариja туку во Бугариjа. Верно било е доста одамна и огромниот броj се осекjава како Бугари но ако некоj си мисли дека дедовците и чукун дедовците им не ги возпитувале на добри чувства кон Македониja многу се лаже. Тие се вистинската "5-та колона" на РМ ,а не платениците на службите во Скопjе дека ем се ништожен броj ем наместо како мост служат како отрова за односите.Колку до децата да се не лажеме, прашанjе е на приопритети, кога приоритет ти е БМВ или смарт телефон ако можеше би имал и полувин дете. Кога се зголемуваше народот примерно во 50-тите години да немале повеке пари? Во бугариjа тогаш за една година се родиле 190 000 деца, а минатата само 62 000 ако се не лажам.Докле тоа народ не разбере дека е национален предавник аку има помалку од 2 деца и е вистински патриот ако има барем 3 изчезнуванjето ни и на двете држави од политичката мапа на светот е прашанje на неколку децении.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.342
Поени од реакции
21.700
И тие не се криви за тоа, тие се свесни дека во ситуација кога странски фирми од чуените инвеститори даваат по закон минимални плати и се единствените каде некој може да се вработи а тоа да не е администрација
80% од вкупниот број вработени во државава, работат во приватен сектор. Така да, не се само администрација и Дрексел на располагање како опции за вработување. Е сеа, ако бараш 600 евра плата, а те бива само за кабли виткање или ако не можеш поинаку да се снајдеш на пазарот, тогаш да, само тие се опција. И пасошот, нормално.
 
ʞönig

Миле... ми текна!
Член од
29 декември 2014
Мислења
131
Поени од реакции
614
80% од вкупниот број вработени во државава, работат во приватен сектор. Така да, не се само администрација и Дрексел на располагање како опции за вработување. Е сеа, ако бараш 600 евра плата, а те бива само за кабли виткање или ако не можеш поинаку да се снајдеш на пазарот, тогаш да, само тие се опција. И пасошот, нормално.
Веројатно е така, ама јас не зборав за тие кои веќе работат во приватниот сектор и каде побарувачката на работна сила е ограничен (оти ако не е така, немаше да стоиме закочени на 30% невработеност). Алудирав на таа една третина невработени работоспособни граѓани на оваа држава, кои гледаат некаква надеж за парче леб од странските инвеститори, кои се со плати блиски до законскиот минимум.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom