Инаку царе шо ке реши федералната држава? Наместо да се селат во Скопjе или да се изселуват тие ке се селат во Софиjа оти не верувам да мислиш дека некоj Бугарин ке се засили да се засели во некое тетовско село, села без луге и ние си имаме доста. Да во парламент нема да се збори албански, нема да се учи на албански во училиштата но тие еднаш добиле вакви права нема да се смират и ке доjде пак до воjна. Единствениот спас е Македонците да си седат во Македониjа и да рагjат барем колку албанците инаку следи судбината на Косово тука си во право.
Дури сега забележав дека мене си ми реплицирал
Државата која многумина овде ја плукаат со погрдни имиња како Болварија, Бугаристан и Татарстан, со поклонетите тенкови на македонската држава во 2001 многу придонесе за очувување на територијалната целовитост. Јас сум скептик дека македонската територија ќе влезе во НАТО и подоцна во ЕУ под актуелниот формат (не зборам само за името). Де-јуре унитарниот карактер е де-факто уништен и следниот чекор е федерализација на албански и македонски ентитет.
Уверен сум дека Македонија не може да преживее без благонаклонетоста на Бугарија и нејзината воена поддршка, ако не дај боже затреба (во 2001 некои генерали го советуваа Трајковски да дозволи влез на бугарската војска во Македонија и да помогне на македонската во справувањето со терористите / ако тогаш сметале дека нема да се справат сами, што останува сега, после два министри за одбрана од УЧК и сите воени тајни во нивни раце).
Јас не сум против изучување на албанскиот јазик за секој кој сака да го изучува, ниту да го зборува по медиуми. Сум против двојазичност во институциите на системот, вработувања според национална припадност и исламизација.
Православните Македонци нема да раѓаат повеќе деца, туку се помалку и помалку. И тие не се криви за тоа, тие се свесни дека во ситуација кога странски фирми од чуените инвеститори даваат по закон минимални плати и се единствените каде некој може да се вработи а тоа да не е администрација, знаат дека ако сакаат да му приуштат колку-толку нормално детство и образование, условот е едно дете. Некои други, пак, од други причини, не се свесни за ова. Ама се свесни дека за нив има вештачка квота која мора да се пополни, па макар да ги бива само за овчари.
Некој се фали со вакви и полоши инвестиции (пример Веибо Груп од Турција, кој освен градење фабрики за текстил ќе сади плантажи за памук /Црнци робови од Конфедерацијата, Hail! /, ќе гради 1000 куќи за вработените со отплата на 30 години, и џамија на сред населба), а пак пази, германски инвеститори, се фалат со 20% поголема плата од македонскиот законски минималец!
Кога овие капиталистички експлоататори би давале плата колку просечната македонска, е тогаш може да збориме за две и три деца во семејствата.
Ние сме одржувани во вештачка економска кома. Ама желбата за живот е поголема од статуск кво вегетацијата, па кога пациентите ќе почнат да се будат еден по еден, докторите ги чека страшна судбина.