Најдобро (најсоодветно) државно уредување за Македонија?

Член од
24 март 2010
Мислења
15.327
Поени од реакции
26.275
Плукате по Груевски кој успеа да си дојде на врв и да си пушти добри корени и ајде сеа пошо не ви одговара напредок колку толку веднаш да се уништи и да се врати на некое „ у сдс се поарно живееше, сеа не дерат со сметки.“
Многу точно. Само груевизам како политички систем води до напредок, остај љубоморниве што зборат.

п.с. ЕСМ - дистрибуција се продаде, не ЕЛЕМ, попрај дур не се фатиле за тоа
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Љубоморни или не, тој си дојде на власт, во администрација намести све вмровчиња, во све шо е државно, им мачка очи на пензионерите, на земјоделците (на големите гласачки тела) и нормално дека ќе гласаат за него.

За кој друг би гласал? Имаш избор да гласаш? (и да не гласаш, други гласаат)
Го имаш овој шо веќе добива статус на бог, и заев шо упорно сака да дојде на власт со партија шо сам ја распартали и уништи партија и сега си праи „клати врата - НЕ СЕ ВРАЌАМЕ У СОБРАНИЕ!!! - земај плата“ и нема опозиција шо ќе се спротистави и нормално ќе си тера овој.

Никој не му е гајле за народот, на никој.
Онаа Ванкоска - црвен пипер во секоја манџа - ќе излегува сега и ќе се перчи пред студентите дека мисли за нивно добро и на крај „ами се збунивме“ (тоа се збунивме = паднат си на испит), се обидува да добие на поени за утре коа ќе има пак некое гласање да се појави и она на некоја листа, како маченичка за студентските права.


п.с. не ми текнуваше дека беше ЕСМ дистрибуција, и поправив. ^_^
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.327
Поени од реакции
26.275
Љубоморни или не, тој си дојде на власт, во администрација намести све вмровчиња, во све шо е државно, им мачка очи на пензионерите, на земјоделците (на големите гласачки тела) и нормално дека ќе гласаат за него.

За кој друг би гласал? Имаш избор да гласаш? (и да не гласаш, други гласаат)
Го имаш овој шо веќе добива статус на бог, и заев шо упорно сака да дојде на власт со партија шо сам ја распартали и уништи партија и сега си праи „клати врата - НЕ СЕ ВРАЌАМЕ У СОБРАНИЕ!!! - земај плата“ и нема опозиција шо ќе се спротистави и нормално ќе си тера овој.

Никој не му е гајле за народот, на никој.
Онаа Ванкоска - црвен пипер во секоја манџа - ќе излегува сега и ќе се перчи пред студентите дека мисли за нивно добро и на крај „ами се збунивме“ (тоа се збунивме = паднат си на испит), се обидува да добие на поени за утре коа ќе има пак некое гласање да се појави и она на некоја листа, како маченичка за студентските права.


п.с. не ми текнуваше дека беше ЕСМ дистрибуција, и поправив. ^_^
Се согласувам со се, ама да му дадеме малце теоретска тежина и име на системов. Скроз е модерен и новокомпониран. Креаторот го нарекува суверена или менаџирана демократија.

Се препишува на држави со пречки во развојот на кои им треба силно и брзо лидерство, кое ќе успее малце да ги модифицира и закриви, а притоа во ниту еден случај да не ги прекрши процедурите, законите и Уставот на кои правниците и бирократскиот апарат толку многу инсистираат. И се слагам дека е скроз кул.

Е сеа, тој систем стабилноста и цврстината ја влече од работите кои ги посочи. Успева да го собере критичниот дел од гласачкото тело и да го држи цврсто до себе. Ама тоа е само привремено, дур се спреми терен за големата игра што се одвива во позадина и која е уште пофраерска.

Креаторите не се врзуваат за партијата на власт, туку сакаат да го покријат целиот идеолошки спектар. А нормално тоа не сакаат да го направат со предавнички и петоколонашки партии. Затоа нивното мото е, ’ти треба одредена политичка партија која би претставувала некоја општествена група - не чекај да се формира сама од себе, помогни им и креирај ги!“.

Е сеа, во наши услови тоа може да се модифицира во помогни им да се исчистат од петоколошаните. Па така хипотетички, имаш либерали со претседател на партија градоначалник на оштина во Скопје, кој соработува со петоколонашите. И глеаш да помогнеш на некој битолчанец на пример, да ја превземе партијата. Да ја избави од тоа дувло предавничко и донесе во нормалниот светоглед, каде што реформите не се минираат и напорите не се деструктивни, туку конструктивно се помага да се изготват подобри закони.

Исто, системот предвидува финансирање младински организации од сите профили. Од ултрадесни и навивачки кои може да помогнат некои петоколонаши побрзо да се соочат со вечната казна за своите гревови или да запалат некоја книга. Преку либерални кои кои ќе се залагаат за поголеми слободи и намалена држава, па за награда може да добијат декларативна поддршка од некој висок функционер, малку ќотек од ултрадесниве, ама со забрана да ги соочуваат со создавачот пред време. До крајно леви и анархисти кои ќе трескаат глупости и јадат ќотек. Тоа мислам дека би се согласиле дека ни фали.

После ни фали и растеретување на поделбата. Креаторите имаат предвидено да можеш да го критикуваш системот, додека си ја работиш работата. Значи сабајле си одиш на работа, биваш Латас, па навечер моеш да си кажеш што ти тежи на душа без да се плашиш дека нема да ти дадат тендер. Кај нас кажи лош збор, одма те распнуват. Тоа црно-бело гледање на работите е престрого, глупо и застарено. Зошто, на пример, да не може Ванковска денес да се појави пред хотел и да си одработи во корист на системот, па после да отиде на ФБ и да се распуца против лидерот. Нели е тоа демократија? :toe:

Креаторите на оваа терапија и имаат предвидено временски рамки. Во моментот коа политичкиот спектар ќе се исчисти од петтата колона и сите партии заедно ќе почнат да влечат во ист правец, тогаш веќе се трга зборчето менаџирана и останува само тоа демократија. А дете... овај државата е излечена и веќе нема пречки во развојот. Тогаш веќе таа демократија може да се социјализира со другите демократии на исто ниво, без да и се смејат, измотаваат, поткупуваат и искористуваат и не мора да биде суверена.
 
Последно уредено:
S

StormRage

Гостин
Грујо на целава оваа ситуација е ништо освен ситна марионета, глас на кој очигледно му фали р али сите мислат дека тој е крив. Многу поглеми луѓе стојат во позадина, пример, Мијалков. Типот опљачка многу повеќе од што сите ние тука можеме да замислиме, купи и си створи своја империја во некоја наша фиктивна империја.

Што се дешава моментално: од цела држава (што некогаш сме ја имале, или бар така сме мислеле, а и уште така мислиме) се развива само еден град, цела држава се концентрира на едно место пошо егзистенција немаш. Истокот се празни, сите заминаа поисточно (бугарија, бугаски пасоши, бла бла бла), западов живее 3 месеци годишно (туризам мањевише). Зошто? Одамна се продадоја гиганти (горе некој спомна, и никој точно дека не се побуни за истото). Имаше фабрики кои функционираа и кој и ден денес кога некој паметен застанеше зад сето тоа, ќе функционираа, работеа и народот ќе имаше што да јаде. Пиши пропало, одамна е така. А во концентрираниот град, каде што и јас сум од сите тие „провинцијалци“ кои си го бараат крајот, веќе четири години гледам како се трошат пари, пари кои ги немаме и пари кои ние и нашите деца ќе ги плаќаат. Да е пострашно: на погрешно место и во погрешно време.

Цела држава ни пати од уништена инфраструктура, после пола метро снег, цела држава остана блокирана, ЕВН не може да се справи со далеководи стари 40 години поради проста причина што не вложи никој на одржување на истите, туку вложија во тоа да можат да си наплаќаат на места каде што претходно беше невозможно од нашите ни брајча пошо „че го паљим со бензин“ беше работата кога ќе стигнеше инкасаторот. Паметам пред 10тина години, бев мал, ама редовно поминував покрај базата на Македонија Пат. Имаше минимум 5-6 камиони нон стоп на располагање. Сега има еден, точно, еден! На ниво на цела општина?! Моите тука 40тина години плаќаат струја и улично осветлување, а ден денес нема улични, и има многу жртви на истотот(лично јас, 4 пати ме закачила кола пошо... не ме виделе). Има уште толку многу работи кои би ги набројал, ама ќе зафатам цел хард диск на серверите на форумов.

Пред некоја година, за евро квадратен метар ни удрија државен рекет, културен, на многу повеќе им одговараше него обратното. Само никој не сфати дека за своја земја повторно плаќаа.

Кое е најсоодветно решение, не знам, не сум ни компетентен да кажам. ЕУ, Нато, слични срања ни се далеку од потребни, подобро без нив него да не направат зависни како сите досега жртвени јагниња што истуркаа до таму. Барокот ни е тотално непотребен во ова невреме. Надеж одамна изгубив на ова парче земја, ако се надевам на нешто е дека народот ќе се свести и ќе аплаудирам на јавна егзекуција (гилотина, medieval style bitch!) на цело собрание и владеачка гарнитура на плоштад. Доволно на некој му дозволивме да се обезбеди и да си гради империја на нечив грб.
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Најдобриот и најсоодветен систем кој треба да се стави во функција во Македонија е тој што правилно ќе го искористува вишокот на добра кој произлегува од економијата.
Но, економијата не произведува вишок. Значи нема тврда валута.
Се друго е продавање магла. Затоа сме и во таква ситуација. Денес во Македонија се суровите почетоци на капитализмот, нешто природно во секое уредување во било која држава во светот.
Моментално дискутирате како да се уреди еден погреб на коматозен систем, затоа што основната движечка сила на економијата си замина преку Софија. Народот е жива материја, протестираше и штрајкуваше до 2002/2004та. После виде невиде, еден потпис, 500 евра. 1 година чекање и ауфвидерзен/чао/оревуа. Чиста среќа во несреќа е што праќа девизи назад, за да се одржува агонијата и комата подолго време.

А за тие што мислите дека сме мост Белград - Атина, Белград и Атина си направија друг мост. Кавала виа Софија - Пирот - Калафат. Не чекаат ни балканците на нас да ни дојде умот. Не гледаат од страна како егзотика во циркус и ни фрлаат пуканки/смоки да каснеме нешто. Затоа што ова е браќа Македонци Божествена Комедија - маседониан стајл. Си има кругови во пеколот, најдолу во инката седи Луцифер, па чистилиште, и на крајот Рај.

Чаре и решение? Реално и практично, Нема.
Што може да се проба: Комбинација од неколку поста тука. Некој друг да гарантира мир, и заштита на инвестираните средства во одредена територија (НАТО/приватна армија/комбинација од армии). И добри менаџери. Ама ни едните, ни другите нема да дојдат тука. На кој нормален му се плива во лајна?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Според Уставот, во Македонија владеат законите и постои строга поделба на законодавна, извршна и судска власт и сите овие делови од власта се рамноправни.
Во овој модел нема место за некакви „ лидери “
Ваквиот модел е во употреба во огромен број држави и функционира.
Меѓутоа кај нас, една група, која самата себе се нарекува „ реформатори “ја презеде целата власт, така да сега Собранието и Уставниот суд извршуваат нивни директиви, наместо да бидат самостојни и рамноправни.
И која е практична последица од ова?
Еве еден пример:
Сведоци сме дека 10 дена по снежното невреме илјадници наши сограѓани се сеуште без струја. Истовремено сме сведоци дека истовремено, „ реформаторите “, наместо да преземат мерки струја да имаат сите, прават „ реформи “ студентите уште еднаш, пред нив, да ги полагаат истите испите кои ги положиле пред своите професори.
А пред кого ќе полагаат „ реформаторите “?
Или концизно кажано: Најдобро уредување е она кое е предвидено со Уставот, Власт на законите и поделба на власта
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Плукате по Груевски кој успеа да си дојде на врв и да си пушти добри корени и ајде сеа пошо не ви одговара напредок колку толку веднаш да се уништи и да се врати на некое „ у сдс се поарно живееше, сеа не дерат со сметки.“
Се заебаваш, така?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Претседателски систем по теркот на САД со тоа што премиерот би бил во таа улога. Да му се скратат ингеренциите и бројот на пратеници во парламентот затоа што сме сведоци дека е бескорисен во последниве 20 години. Само пари лапаат 123 души и тоа е тоа. До сега не памтам дека некој сменил мислење било власт било опозииција после собраниските седници.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.361
Поени од реакции
18.476
@Inglourious Basterd
Што е фората со Сорос?Толку мерак и има фрлено на земјава(и што сака да постигне,чии интереси) или владата само ни прави филмови :)
 

Josef K

трагач
Член од
4 јануари 2014
Мислења
193
Поени од реакции
690
Експертска непартиска влада како преодна фаза до изборна демократија додека не се стабилизираат состојбите во општеството и не се произведат кадри способни сами да го издржат товарот на водење на држава.

Луѓе со рудиментална свест за општествено добро не можат да бидат општествено одговорни граѓани ниту пак да можат да одлучат кој е најадекватниот избор за извршната и законодавната власт.

Клучот е да се среди образованието. Од корен.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.327
Поени од реакции
26.275
@Inglourious Basterd
Што е фората со Сорос?Толку мерак и има фрлено на земјава(и што сака да постигне,чии интереси) или владата само ни прави филмови :)
Сорос е персонификација на петтата колона. Е сега, малку е тешко да се дефинира каде завршува опозиција, а започнува петта колона. Еве какви проблеми имаат во Русија со истото.

-„А, границата е многу тенка. Тешко е да се даде научна дефиниција каде завршува опозицијата и каде започнува петтата колона. Сите ги помниме стиховите на Лермонтов: „Збогум немиена Русијо“. Тој бил опозиционер? Секако. Кога тој ја пишувал „Смртта на поетот“ еден негов роднина го замолил да го омекне текстот. А, Лермонтов уште повеќе го заострил. Тој секако дека бил опозиционер, но тој бил и патриот. Тоа е тенка линија. Тој бил смел офицер, под куршуми одел. Но, границата помеѓу опозиционерите и петтата колона е внатрешна. Опозиционерот до крај се бори за интересите на својата татковина. Петтата колона, пак, го исполнува она што се диктира од интересите на друга држава.“

Значи додека не се дојде до некој квантен скок во науката, па да може полесно да се даде дефиниција, заради претпазливост би било пожелно сите опозиционери да се третираат како петта колона, до моментот кога истите ќе докажат дека не се тоа. Не за џабе воениот рок во АРМ е доброволен.
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Која кретенска и малоумна дефиниција за опозиција, но секој со својот памет, па на кој до колку му стига
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.327
Поени од реакции
26.275
Која кретенска и малоумна дефиниција за опозиција, но секој со својот памет, па на кој до колку му стига
Сакаш да кажеш дека малоумен кретен го контролира најголем дел од нуклеарното оружје во светот? :cautious:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom