Најдобри поволности за стан (банки)

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.273
Поени од реакции
18.704
За во Скопје се работи.Дали најдобро е да се земе кредит од истата банка од која што земаш плата, и дали би им одобриле 40 000е со оглед на тоа што сестра ми зема 19 000 а зет ми 20 000 ден плата.
Пошо сега скоро бев во банка на оваа тема ќе ти кажам.
Јас слично планирам, со тоа што разликата е дека јас заработувам повеќе од нив месечно и фирмата во која работам има сериозен рејтинг. Првиот услов е тоа. Пресметката на висината на ратата е таа да е најмалку третина од месечните примања. Треба да си проверите дали за брачни партнери би било можно. Мене начелно ми кажа агентот дека 99% од шансите се да ми одобрат, но, имаат дискреционо право да ги проверат фирмите во кои се вработени барателите и ако нивна оценка е дека се нестабилни, по тој основ да не им одобрат.
Учеството е битна работа.
Учеството е првична уплата и таа зависи од тоа дали станот го продава фирма што има ексклузивен договор со банката. На сајтовите на банките има листи од фирми. Обично, најактивниве фирми имаат договори со сите банки. Ако е помала фирма е по-неповолно. Учеството движи од 15 до 25% од вкупната вредност на имотот/станот. Значи за стан што чини 50 000 евра, треба да тргнеш со 7 500 до 12 500 евра, зависно од продавачот. Посебни услови се ако е станот во фаза на проект, односно во процедура за добивање дозвола за градба. Пошо физички не постои станот, или се бара поголемо учество или постоечки имот во залог (и тоа не секаков, туку еквивалент - не можеш со викендица на Пониква).
Понатаму, пресметката на месечната рата е ствар на договор, но најчесто истата е поподнослива првите 3 до 5 години, а после се појачува....или има и фиксна. Тука банките се разликуваат, НО, истите се подложни на променлива пресметка и по мене тука е грабежот. Постои можност за репрограмирање, дај боже, нека имаат луѓето појачување на платата па и да си ја појачаат ратата и да го откачат побрзо од врат.
Првичните трошоци се и проценка на самиот имот и некои административни трошоци. Константен друг трошок е задолжителното осигурување, кое чини 2-3000 денари годишно за таа квадратура cca.

Не заборавајте дека и покуќнината е добри 20-30% од вредноста на станот, така да, треба да напраиш кујна, да купиш фрижидер, шпорет, гарнитура, спална, трпезариска маса....и тоа се некои 10тина иљади евра зависно од квалитетот.
Јас лично, ги охрабрувам, иако немаат којзнае какви примања. Живо срање е државава и банките го диктираат грабежот. Они самите си ги наметнуваат каматите и затоа на крај излегува таа лоша математика со два платени и еден реален стан. Но, стан е стан. Подобро е од кирија у секој случај. Рата од 12000 денари ќе ја плаќаат добри 30тина години, плус други трошоци за покуќнината (потрошачки кредит исл.) Да живеат со некои 25-28000 денари...у најдобра варијанта...

Најбитното е шо станови, на изненадување на сите, тешко се наоѓаат. Се градат, ама и се продаваат очигледно. Тешко се наоѓа добар стан, а и веќе се цените у курац отидени. Цените у Карпош, Центар се у п материну - ненормални, нереални. Така да...многу среќа им посакувам. Многу, многу е заебана математиката.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.203
Поени од реакции
997
Со тие примања во скопје да плаќаат кредит, ете не знам. Од што би живееле? Ратата ќе им оди околу 200-300еур... не е само земи кредит и осамостали се. А утре кога ќе дојдат деца? Недај Боже друг непланиран трошок. Животот е поскап во Скопје отколку во некои други градови. Сепак, нека бараат или поплатена работа или ако се во можност нека работат прво некое време надвор во странство, нешто нека заштедат и потоа да инвестираат во стан/куќа во Скопје.

Не е мое да давам памет ама кога веќе прашуваш на форум и се дебатира околу истото, според мене тоа се премали плати за да се размислува за 40к еур станбен кредит кој ќе го отплаќаат сигурно 15-20 години... за тоа време ќе имаат и деца, па треба да ги школуваат и студираат... ќе си ускратат многу од животот. Би рекол и премногу.
I sto predlagas? Da ziveat pod kirija i da ne pravat deca?
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.273
Поени од реакции
18.704
Опција купи куќа купи стан.
Да, толкав текст напишав, а го заборавив ова што го спомна топла.
Државата може да им помогне у првите 3 години или така нешто. Не е лошо да се распрашаат по таа опција.
Тоа "немање деца, немање фамилија" баталете си го од памет и нека се борат. Без стискање г'з ништо не бива.
На крај краева, за почит е што не им е главен приоритет да си го прошетаат газот со визер по евтини туристички варијанти, туку да стекнат имот. Не знам сега како им иде поддршка од родители, ама ако и тие можат да бидат од некаква минимална барем поддршка, би било добро.
Автоматски споено мислење:

Со тие примања во скопје да плаќаат кредит, ете не знам. Од што би живееле? Ратата ќе им оди околу 200-300еур... не е само земи кредит и осамостали се. А утре кога ќе дојдат деца? Недај Боже друг непланиран трошок. Животот е поскап во Скопје отколку во некои други градови. Сепак, нека бараат или поплатена работа или ако се во можност нека работат прво некое време надвор во странство, нешто нека заштедат и потоа да инвестираат во стан/куќа во Скопје.

Не е мое да давам памет ама кога веќе прашуваш на форум и се дебатира околу истото, според мене тоа се премали плати за да се размислува за 40к еур станбен кредит кој ќе го отплаќаат сигурно 15-20 години... за тоа време ќе имаат и деца, па треба да ги школуваат и студираат... ќе си ускратат многу од животот. Би рекол и премногу.
Мали се, ама ете нека гледаат развојно, дека ќе напредуваат, најдат подобра работа исл.
Државава Е срање, ама некои луѓе функционираат некако. Среќата ги следи храбрите. У другата варијанта деца не ни има...
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
16.862
Поени од реакции
10.224
Па висината на учеството е клучно за во било која банка да вратиш што пониски ануитети, а со тоа да намалиш вкупната сума која ќе мора да се плати со камата. 20% и 30% учество, голема е разликата во вратената сума. Без учество, 50000 евра со 5% камата на 20 години покажува 330 евра или околу 80000 евра за цел период. Со 20%, веќе се намалува на 63000, со 30% се намалува на 55000 евра.
Отприлика се сумиве, сметани со калкулаторите на страните од банките ама учеството игра голема улога во ануитетите.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
1.409
Поени од реакции
1.488
Драго ми е што Алмата си го решил љубовниот проблем и се спрема за посериозни патувања во животот (y)

@b0j@N@ Најдобри услови ќе добијат од банката каде земаат плата, или банката која кредитирала при изградба на зградата.

Најдобро да пробаат проектот од владата.
Според имотната состојба и сегашните приходи, може да разгледаат опција, заеднички живот со родителите доколку има услови за тоа, бар за почеток.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.506
Поени од реакции
3.208
Да, толкав текст напишав, а го заборавив ова што го спомна топла.
Државата може да им помогне у првите 3 години или така нешто. Не е лошо да се распрашаат по таа опција.
Тоа "немање деца, немање фамилија" баталете си го од памет и нека се борат. Без стискање г'з ништо не бива.
На крај краева, за почит е што не им е главен приоритет да си го прошетаат газот со визер по евтини туристички варијанти, туку да стекнат имот. Не знам сега како им иде поддршка од родители, ама ако и тие можат да бидат од некаква минимална барем поддршка, би било добро.
Автоматски споено мислење:

Мали се, ама ете нека гледаат развојно, дека ќе напредуваат, најдат подобра работа исл.
Државава Е срање, ама некои луѓе функционираат некако. Среќата ги следи храбрите. У другата варијанта деца не ни има...
Таман работа, тоа никаде не спомнав дека не треба да имаат деца или не треба ништо да превземат.

Мубаетот ми беше дека со тие плати - под услов да немаат ништо од страна и никој за помош ќе им биде исклучително тешко во животот. Може како алтернатива на почеток година две да одат под кирија додека да стекнат унапредување на работно место или да стекнат квалификации за подобра работа или пак тоа време да го потрошат на работа во странство каде заедно ќе спечалат дел од тие пари и да се вратат повторно тука па да ги инвестираат како учество. Доколку сакаш нешто да постигнеш, во прво време, нешто и мора да жртвуваш.

Така ќе им дојдат и повеќе од доби проектите како „купи куќа купи стан“ или пак било кои други опции каде ќе влезат со стартен капитал.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.273
Поени од реакции
18.704
Драго ми е што Алмата си го решил љубовниот проблем и се спрема за посериозни патувања во животот (y)

@b0j@N@ Најдобри услови ќе добијат од банката каде земаат плата, или банката која кредитирала при изградба на зградата.

Најдобро да пробаат проектот од владата.
Според имотната состојба и сегашните приходи, може да разгледаат опција, заеднички живот со родителите доколку има услови за тоа, бар за почеток.
Банката каде што земаш плата се менува и логично е да е таа од која го земаш кредитот, пошо поинаку условите се катастрофални, а нели сега ја бараме банката со најповолни.

По мене треба да иде вака.
1. Наоѓање конкретен стан.
2. Податок со која банка/банки соработува инвеститорот.
3. Ако соработува со твојата ок, ако не, менување банката.

Ако идеш на варијанта дека земаш плата преку Стопанска, а они соработуваат со 5 фирми, ќе треба баш од нив да бараш.....а они градат у три курца, после пругата лево, накај Свирипичино...
Така само ќе се ограничиш и ќе напраиш избор "дај што даш".
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.203
Поени од реакции
997
Таман работа, тоа никаде не спомнав дека не треба да имаат деца или не треба ништо да превземат.

Мубаетот ми беше дека со тие плати - под услов да немаат ништо од страна и никој за помош ќе им биде исклучително тешко во животот. Може како алтернатива на почеток година две да одат под кирија додека да стекнат унапредување на работно место или да стекнат квалификации за подобра работа или пак тоа време да го потрошат на работа во странство каде заедно ќе спечалат дел од тие пари и да се вратат повторно тука па да ги инвестираат како учество. Доколку сакаш нешто да постигнеш, во прво време, нешто и мора да жртвуваш.

Така ќе им дојдат и повеќе од доби проектите како „купи куќа купи стан“ или пак било кои други опции каде ќе влезат со стартен капитал.
Super ti e sovetov. Frli 5000evra na kirija namesto da gi dades ko ucestvo.
U mk bas taka lesno se unapreduva i se naogja poplatena rabota.
Tipicno makedonski: "ne zimaj kredit loso e, ne pocnuvaj biznis, ne pravi ova ne pravi ona".
A ustvari koi sme nie da im berime gajle dali moze da si dozvolat ili ne, ne e nas biznis toa, oni si znaat i dokolku mislat deka mozat da si dozvolat zosto da ne.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.506
Поени од реакции
3.208
Super ti e sovetov. Frli 5000evra na kirija namesto da gi dades ko ucestvo.
U mk bas taka lesno se unapreduva i se naogja poplatena rabota.
Tipicno makedonski: "ne zimaj kredit loso e, ne pocnuvaj biznis, ne pravi ova ne pravi ona".
A ustvari koi sme nie da im berime gajle dali moze da si dozvolat ili ne, ne e nas biznis toa, oni si znaat i dokolku mislat deka mozat da si dozvolat zosto da ne.
Супер ти е советот. Земи кредит, само тоа ти е решение и нема друго. Глави се што побрзо.
Типично македонски, ти треба пари? Кредисимооооооооооооо.

А уствари нити ти после па ниту јас ќе му плаќаме рата, туку сам ќе треба да си чука глава.

Не знаев дека 5000еур се кириите во мкд, добар спинер си.
Колку за инфо има кириј и кирија. Наместо да лупа 300 еур рата 2 години, можи да плати 100еур за некоја соба и да ги потроши остатокот од парите за да напредува во кариера или да се усоврши во друга некоја професија каде ќе има поголема плата. НАЧИН ИМА, се' oстанато дека ова е мкд, дека вака дека така што се обидуваш да кажиш се само изговори.

Памет за друг пат да не трошам време во долги реплицирања кои не водат никаде пошто и онака првичното постирано од моја страна скроз го извади од контекст.

п.с. се надеам дека ти вака лесно не се убедуваш да се главиш со 50к еур на 20+ години со примање/плата од 20.000 колку што си запнал да го кандисаш кој и да прашува тука за истото. ама јбг кој сум јас па да ти кажам, ако си мазохист... бурда, широко ти поле.
 
Si ziveel pod kirija nekogas ili si nacekal se na gotovo u zivotot? Si probal da zivees u soba so familija ko sto samiot sovetuvas?
Izvini moja greska, ne se 5000evra, dve godini pod kirija od 250evra se 6000evra, neli ti im rece godina dve pod kirija da odele.
Ja ne probuvam nikoj da kandisam sto da pravi so nivni zivot i nivni pari, im ukazuvam deka plakjanje kirija se frleni pari plus nervozi.
I ko zboram za ziveenje pod kirija zboram od iskustvo. Pola zivot go pominav pod kirija, selejki se sekoi 3-4 godini. Dobro pamtam kako bese koa decata u skolo me prasuvaa zosto stalno se selam i ziveam na razlicni mesta! Iako sega od mnogu ponormalno da zivees pod mirija sepak ne bi sakal mojte deca da pominuvaat niz toa. Mi teknuva kako bese koa ke ni kazat treba da se selite.
E sea ti kazi mi dali si bil niz ova pa go nudis ko resenie? Samo nemoj da kazuvas za pod kirija koa si studiral ili slicno.
I sega ziveam pod kirija ali vo stranstvo i samo u poslednite 4 godini frliv 40 iljadi funti na kirija, pari koi nikogas ne se vrakjaat!
Za srekja ziveam vo drzava kade kupuvanje kuka so stanben kredit e najnormalno, i pred da reces deka platite tuka se pogolemi, ako si na minimalna plata cela plata ke ti ode na kirija ili rata za kredit pa ti vidi sto e podobro.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
1.409
Поени од реакции
1.488
Од @Krstev и @galaxys мислењата треба да се земат во обзир и секој според личните потреби, можности и планови да си донесе одлука. Крстев збори чисто од економски аспект (кој е и најбитен), т.е колку ти е чергата толку испружи се.
А Галакси повеќе е од аспект, квалитет на живот, ама квалитетот си има цена.

@galaxys точно дека е зафркнато да си со фамилија по кирија, ама па ако си бил под кредит, немало така лесно да фатиш за УК.
Од друга страна, за да добиеш кредит, банките покрај станот, покрај платата, ти бараат и меница да потпишеш. Е сега колкав е тој ризик за некого и дали може да го издржи ако дојде до некој економски проблем, секој треба да земе во предвид.
Кога се работи со пари кои ги немаш, проценка на ризикот треба да е битен фактор во одлуката.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
16.862
Поени од реакции
10.224
Под кирија е зезната работа. Зборам за со семејство. Не само што има трошоци за киријата, а остануваш без недвижнина туку и селидби, кршење мебел кој е прашање дали одговара за друг стан, н вложуваш во недвижнината пошто не е твоја, каква е таква е, нова средина, ...воглавно негативни искуства.
Ова посебно за со помали деца или тинејџери кои често мора да менуваат средина и нови друштва, моментот на социјализација. Не е така едноставно
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.506
Поени од реакции
3.208
Si ziveel pod kirija nekogas ili si nacekal se na gotovo u zivotot? ....
I ko zboram za ziveenje pod kirija zboram od iskustvo. Pola zivot go pominav pod kirija, selejki se sekoi 3-4 godini.
Ауууу кутрото, сега ќе ни кажиш и дека не си бил гушкан ко мал па и за тоа чаре ли да бараме?

Пак ќе ти речам не си човек да ти троши време и да ти реплицира бидејќи ги извртуваш зборовите... ама душече интересно си па ај ќе се помачам пак да ти пишам.

НИКАДЕ не реков дека под кирија треба да живее за на век. Тоа прво.

Izvini moja greska, ne se 5000evra, dve godini pod kirija od 250evra se 6000evra, neli ti im rece godina dve pod kirija da odele.
Да, твоја грешка. Исто така никаде не реков дека месечно треба да плаќа 250еур за кирија туку да плаќа стотина а другите пари да ги искористи на професиионално надоградување. АРНО ама сосила глуп кога се правиш и кога се обидуваш да го носиш разговорот на твоја воденица, нека ти биде.

Кога одиш под кирија ќе си го стегниш малце газето и ќе издржиш година две, за повисокиот идеал, ако ти е повисок идеал да земиш да живееш под сопствен покрив тогаш мора со жртва, ако не земи плаќај по 250еур кирија - твои зборови, мои НЕ.

I sega ziveam pod kirija ali vo stranstvo
И секако од сранСво ти е полесно да солиш памет и да му кажиш на некој друг како НАЈЛЕСНО да се глави со кирија на 20 години со никаква плата и перспектива.
АКО ти беше толку убаво и АКО е толку изводливо со 20к плата да се плаќа станбен кредит оти бе пиле не остана мкд сосе фамилија топтан па и ти да плаќаше хипотека во скопје со тие примања?

ali vo stranstvo i samo u poslednite 4 godini frliv 40 iljadi funti na kirija, pari koi nikogas ne se vrakjaat!
Za srekja ziveam vo drzava kade kupuvanje kuka so stanben kredit e najnormalno,
АХАМ, значи живееш во држава каде купување на стан и куќа на станбен кредит е најнормална работа и држава која ти овозможува ако ништо друго да ја отплаќаш таа рата и пак колку толку да имаш достоинствен живот т.е. леб на маса дома, така?
Е зошто тогаш бе златен убедуваш некој дека најдобра опција е да се глави со станбен кредит во мкд? М?

i pred da reces deka platite tuka se pogolemi, ako si na minimalna plata cela plata ke ti ode na kirija ili rata za kredit pa ti vidi sto e podobro.
Значи, ем си во срансВо ем паметот не ти има дојдено. Ај сега и тебе да те прашам на твојот пример, пошто нели многу се изнамачи цел живот под кирии па делиш памет овде на кој ќе стигниш.... ЗОШТО не си стегнал газето година две под кирија во тоа срансво кај што ќе најдиш помала кирија и во меѓувреме наместо да плаќаш цирка 1000 фунти рата би платил 400-500 фунти за 2 соби или соба ... ќе јадиш леб и пипер ако мора ама за година до две (претпоставувам за година пошто нели срансВо е и таму се живее понормално него тука) ќе се стекниш со подобри квалификации за работата што ја работиш, ќе напредуваш и слично? ЗОШТО си се осудил да останиш на таа минимална плата и да ти бега истата за рата за кредит и мислиш дека тоа е некој WOW момент?????????

СЕ' што напишав, пред да ми влезиш клизачи иако ниту те цитирав ниту пак имав потреба да реплицирам пошто очигледно само вадиш муабет од контекст без да кажиш некој аргумент е следното:

БЕЗ разлика дали си во тоа твое скапоцено странство или тука, ОСОБЕНО ако немаш деца (пошто нели не знаеме дали овие имаат деца) ТРЕБА да работиш на себе и да жртвуваш година до две за да си поможиш сам на себе.
Луѓето кои не сакаат да си скратат од лагодност и кои мислат дека со главење во банки решаваат проблеми не би рекол дека прават добар избор. ОСОБЕНО не во мкд.

Исто, 2 години работа во тоа твое срансво за некој од мкд знаеш колку значи? Пошто те гледам се разбацаваш со цифри...
24 месеци x 1000еур = 24.000 еур УЧЕСТВО.
а тие двајца ако се спремни малку саможртва да направат и да жртвуваат дополнителни две години од животот, да одат некаде да заштедат нешто (1000еур го зедов како минимум бидејќи ќе земаат две плати ама ете едната нека успеваат да ја тргаат на страна, другата нека им оди по вода) би имале можност да се вратат мкд и да земат кредит ИЛИ со помала рата ИЛИ со помалку години на отплаќање.
Работа тука за 20к, особено во скопје, и онака ќе најдат кога и да дојдат.

На крај, мене искрено ми е гајле за инаетливи луѓе како тебе и луѓе кои гледаат само да испаднат во право... Ова е форум, тука можеш да бидеш до утре сабајле во право... ама некој што те чита или пак ти сам ако по 2 години од сега се разбудиш во тоа твое срансВо или во скопје или на месечина, со долг од X еура на 40 години, со отплати на месечни рати колку една плата и ако знаеш дека се поебале ДВЕ ГОДИНИ во плаќање на рата со голема камата (ХИНТ: секој кредит највисока каматна стапка има во почетните години на отплата) наместо да даваш пари во главница ти си ги давал во камата и на крај да ти се акни од глава фактот дека си можел подобро или си можел попаметно, тогаш сигурно ова натегање тука со мене и продавање мадиња за бубрези нема никако да ти биди од корист.

А ако те интересира дали јас лично сум бил под кирија, сум живеел вака или така, дали децата ми плачеле оти морале да се селат или не сум бил како тебе гушкан во детството па мора на форум да имам изливи на емоција, бујрум на пиво кога ќе си дојдиш во мкд или пак бујрум во лична порака и прашај што те интересира и ќе ти одговорам. Што и да ти прај радост на душта, нема проблем.

НО, те молам да престаниме ко децата мали да извртуваме зборови и да се понашаме ко недозреани политичари.
Повели повторно цитирај ме и извади ми муабет од контекст, само овој пат биди сигурен дека нема да одвојам ниту време ниту пак да потрошам 5кб нет за да ти одговорам, не вреди.

Биди ми поздравен кираџијо.

Од @Krstev и @galaxys мислењата треба да се земат во обзир и секој според личните потреби, можности и планови да си донесе одлука. Крстев збори чисто од економски аспект (кој е и најбитен), т.е колку ти е чергата толку испружи се.
А Галакси повеќе е од аспект, квалитет на живот, ама квалитетот си има цена.
Токму тоа. СЕ' во животот има цена, само што некој не е спремен да ја плати таа цена, а во исто време има друг/и некои кои така ноншалантно ќе му речат еј бате крени си кредит и еби си ја мајката во скопје со 40.000 денари вкупни примања и можност за напредок 0 во годините додека ти трае кредитот.
Проблемот генерално кај нас е што прво ќе се покакаме, а тек потоа плачиме оти толку смрди. Наместо да уклучиме глава и да размилиме за СИТЕ опции кои ни се на располагање и да видиме која од нив е најдобра за наше добро во иднина.

Тоа и се обидов, да предложам ЕДНА опција (која според мене и според околностите во кои се живее мислам дека е полезна)... а секој е паметен со своја глава да си избери што е најдобро за него, неговата фамилија или било кој друг кој гравитира во неговото опкружување - а му е битен. Тоа си е негово право.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom