X
xxxholic
Гостин
Изадаваат некад негде книги со тврди корици денес или амин таа работа веќе у Македонија?
Издава „Алеф“ , а ги принтаме во „Контура“ - таму ја принтавме „Магика, Книга 4“ од Кроули. Тврди корици, шиена, со dust jacket (не знам на македонски ова како би било)Изадаваат некад негде книги со тврди корици денес или амин таа работа веќе у Македонија?
Сите наслови од едицијата Ѕвезди на светската книжевност (библиотека со вкупно 1000 книги), покрај популарните изданија со меки корици, се издадени и со тврд повез. Ги има во подобро снабдените книжарници, а се продаваат и во НУБ. Од издавачките куќи знаат некогаш да извадат книги со тврд повез, иако доста ретко, пример во Магор ја имаш Одисеја во тврд и мек повез. Некои од преводите на Драги Михајловски на Шекспир издадени од Каприкорнус се во тврд повез. Во МАНУ продаваат книги, ама малку малтретирање е со нив, со уплатници е купувањето.Изадаваат некад негде книги со тврди корици денес или амин таа работа веќе у Македонија?
ОК, фала, ги најдов ѕвездите во НУБ, ама прескапи се. Митот за Сизиф 200 страни 600 денари. Офтопик: да не знае некој каде може да се најдат на старо овие ѕвезди со тврди корици? Покрај кеј има некои, ама конкретно Сизиф ја нема.Сите наслови од едицијата Ѕвезди на светската книжевност (библиотека со вкупно 1000 книги), покрај популарните изданија со меки корици, се издадени и со тврд повез. Ги има во подобро снабдените книжарници, а се продаваат и во НУБ. Од издавачките куќи знаат некогаш да извадат книги со тврд повез, иако доста ретко, пример во Магор ја имаш Одисеја во тврд и мек повез. Некои од преводите на Драги Михајловски на Шекспир издадени од Каприкорнус се во тврд повез. Во МАНУ продаваат книги, ама малку малтретирање е со нив, со уплатници е купувањето.
Баш го барав мислењево за да те прашам што мислиш еве после година дена од постов? Антолог продолжи со масовно издавање книги, е сега не сум толку искусен за да проценам што е квалитетно а што не, од она што сум го зел од таму сум бил задоволен, но и начинот на пласирање на книгите е интересен да се спомене - гледам сега дека прават како караван/саем на книги низ помалите градови во Македонија, што од една страна е супер можност, а од друга страна на пример ќе организираат мотивациони семинари како тој што им се распродаде во најбрз можен рок... не можам да им најдам нзс.Малку непопуларно мислење. Од Антолог почна да ми се гади, ама стварно. До толку издавање ради издавање, толку немање некаков концепт. И нивниот начин на пласирање на книгите и се`. Далеку од тоа дека немаат добри изданија, далеку од тоа дека ќе престанам да купувам, ама стварно мислам дека Антолог се изгуби во таа хиперпродукција на свашта.
Огин скапи.Некој со мислење за книги во издание на Арс студио?
Прашањето ми беше повеќе околу квалитетот на преводите.Огин скапи.
Kолку што имам чуено, поврзани се со Арс ламина, така да, мислам дека преводот не им е лош. Само се огин скапи. Освен ако не знаеш што зимаш и што да очекуваш општо од книгата, не вреди да експериментираш со непознати наслови.Прашањето ми беше повеќе околу квалитетот на преводите.
Македоника литера/Македонска реч е еден од подобрите домашни издавачи. Имам десетина книги во нивно издание, дел од тоа е стручна литература. Мојот впечаток зошто доста луѓе не се запознаени со каталогот на Македоника литера/Македонска реч е слабиот маркетинг. Слабо ги промовираат новите изданија, слабо ги користат социјалните мрежи во споредба со останатите издавачки куќи, едноставен дизајн на корицата (да не се лажеме, ова продава) итн. Плус, имаат издадено некои книги со скокотлива политичко-историска тематика, па веројатно имаат закачено некоја етикета (можеби грешам за последново, но така ми изгледа)...Што мислење или искуство имате со книгите на Македоника Литера?