Најдобра/најлоша издавачка куќа во Македонија?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Има една тема за книжарниците во Македонија, но таму повеќе се дискутира за тоа која ни е омилена, за дали се снабдени или не, за луѓето кои работат во нив и дали се услужни.

Поентата на оваа тема ми е да продискутираме, која е најдобра/најлоша издавачка куќа.

Која издавачка куќа има најквалитетни изданија, најдобри преводи, дали удираат на квалитет или на квантитет? Секако да продискутираме за тоа од кои преводи сте биле задоволни, од кои не, итн.
Какви книги претежно се издаваат и кон која публика целат и дали се од оние кои посветуваат внимание книгата да биде приближно блиска до оригиналот или се од оние кои масакрираат книгите и ги кратат. Кои издавачки куќи нудат книги за пристојни цени, а сепак имаат квалитет.

Од кои сте се изненадиле, од кои сте се разочарале?

Поентата ми е да видиме како стоиме со издавачките куќи во Македонија во поглед на нивниот квалитет.

Темава е и за пофалба и за критики се разбира.
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Најлоша издавачка куќа.... сите до една.

На никоја не им е гајле дали објавуваат срање, важно е дали срањето ќе се продава.
Сите бараат повеќе и повеќе пари.

Кога се јавив во Три, за да прашам во врска со издавање, дечкото на телефон во првите 20 тина секунди ми рече „ Дечко, ќе даваш ли пари или да заклопувам слушалка?“

Така да, македонските издавачки куќи нека попушат еден голем кур, со нивното ебано лицемерие дека немало млади автори и дека веќе никој не сака да чита книги. (нормално коа стават цени 500+)
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.242
Кога се јавив во Три, за да прашам во врска со издавање, дечкото на телефон во првите 20 тина секунди ми рече „ Дечко, ќе даваш ли пари или да заклопувам слушалка?“
Ги познавам во Три и вака сигурно не ти одговориле. Ама, Ок. Интересна приказна.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Ѓурѓа!
Едноставно се издвојува од купот ѓубре. Нивните скратени и осакатени изданија се криминални
Да додадам дека тоа листовите не знам како ги лепат битно во раце еден по еден ми остануваат кога сакаш да свртиш страна па после оди снајди се залепи ги :cautious:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Темава како ми има пролизгано низ прсти.
Нема да звучам пристрасно, ќе пишам една кратка хиерархија на издавачкиве куќи по квалитет почнувајќи од наслабата, а истотака и за секоја ќе наведам што и` недостасува.
Bottom line - Ѓурѓа. Нема причини што и зошто да разглобувам тука. За таков лош превод и обработка кривично би ги гонел. Во домашната библиотека не поседувам ниедна нивна книга, се` што некогаш сум земал (пар книги за египетска археологија) ги имам подарено/расменето
Феникс. Лош превод, никакво запазување на интерпункција, ретко, многу ретко се случува да извадат една книга. Поседувам 2-3 книги купени од богзнае кога.
Култура. Во последниве 5-6 години во очајна состојба им се издадените преведени книги. Зедов една за османската империја пишана од некој турчин, се осеќа слабиот превод. Постарите изданија од пред 10 години се далеку подобри по квалитет. Дома поседувам 5 книги од постаро издание.
Топер. Како книжара се добри само поради српските изданија на Лагуна, Геопоетика, итн. Како издавачка куќа се многу поскромни. За жал немам никакво лично искуство, ова што го споделувам се само мислења од луѓе кои имаат земено преведени книги од нив.
Матица. Бев многу строг кон нив ради одредени наслови, но вака ако земеме, не се до толку лоши како првоспоменатите. Имаат широк дијапазон на литература (иако таргет група им е шик-лит), макар што преводот им е доста скромен и се чувствува дека е превод на превод во одредени пишани дела. Поседувам некои 7 книги кога читав таква лесна литература. Ги посетувам еднаш до два пати годишно колку да сум во тек на нивните изданија. Во последниве 3 години имам земено само 2 книги.
АЕА издавачи. Добар превод, но за личен вкус слаб дијапазон на литература. Сконцентрирани се премногу на книги со светски заговори. Имам 3 книги во домашната библиотека, сите три трилери.
Икона. Солени со цените општо за било која книга, преводот среден кон солиден. Ако ништо друго, имаат одличен избор на странска литература. Немам нивни книги, но од странско купено кај нив имам можеби 10тина.
Кавказ/ПНВ публикации Навистина криво ми е за нив. Имаат ептен ситна палета на издадени книги. А одредени наслови ми се едни од најомилените (Ками). Две книги
Дијалог....или разговор (со спиноза). Сконцентрирано само на еден извонреден автор. И тука 2 книги.
Слово. Одлична издавачка куќа за историографски материјал. И понекој класик тука се провлекува. Имам некои 5 книги од кои 4 се стручни.
Тука би направил мала отстапка и би ги ставил книгите издадени под покровителство на владата како Ѕвездите на светската книжевност. По оноа што имам малку загазено внатре (некои 5 книги) сметам дека во одредени изданија обработката и преводот се набрзинка склопени, додека кај други повеќе се пазело на грешките. „Убав нов свет“ што ја читав не ми ги задоволи критериумите и морав да ја продолжам на едно постаро српско издание.
Одиме понатаму... Бројката сега може да скокне можеби ради големата пристрасност или поради изградениот вкус на оноа што одредени издавачки куќи едноставно знаат да ми го погодат.
Антолог. Издавачка куќа која секогаш има нешто што може да ти се легне на срце. Имаат еден голем број на култни книги обработено, преводот им е добар, оноа што мене најмногу ми прави ќеф со нив е нивните неконвенционални наслови. Имам неколку книги од нив, за кои не очекував ама апсолутно ништо, па сепак сега се едни од најдобрите. Барико пред се`, па и оваа бугарскава on the road што беше, Николски. Па и некој трилер на Мартинес. Ок се дечките, држат цело време константа. Имам некои 18 книги од нив, 3 уште чекаат да бидат прочитани.
III. Омнибус, буквално сешто ќе најдеш во нивната палета на издадени книги. Некои со лош превод, шик лит, буквално имаат за секој по нешто. Се трудат и квалитетно и квантитет да постигнат. Се надевам нема да направат беља и да се претворат во оние првоспоменати монструми. Некои 20 тина книги, 2-3 кои чекаат на ред за читање
Бегемот. Или луѓето кои се појавија од нигде никаде и исфрлија некои солидни парчиња како Борхес, Еко, итн. Па и преводот уште... Мераци
Табернакул. Никогаш непрежален. Дури и тоа што книгите им чинеа ѓаволипол, ама со таков превод и обработка... По мене беа најдобрата книжарница со непресушен извор на литература. Буквално гробница на заборавените книги, вака Зафоновски да се изразам. Бројката тука ми е поскромна ради цехот што го имам оставено, но имам многу книги од другиве издавачки куќи купени токму од човекот со наочарчиња.
Или-или. Пристрасно ми се број еден, но објективно ги ставам 2-3 места подоле. Зошто? Затоа што нивните наслови се нетолку познати за широката публика. Иако во последно време им симињам капа за вложениот надчовечки труд да допрат и до оние кои не се толку запознаени со странските автори кои во светот имаат собрано по некоја награда. Преводот им е еден од трите најдобри издавачки куќи. Билиотеката ми е сочинета најмногу од нивните книги, некои 40 комада. Пристрасност, јбг.
Магор. Повеќето најпознати класици, понекој трилер со еден од најдобрите преводи што може да се најдат во некоја книжара. 17 комада сите прочитани уште на времето.
Темплум. Кога некој ќе го изговори овој збор ме навраќа на една неосвоива тврдина, израз на постојаност од самиот почеток до ден денешен... Вадат неконвенционална „хипстерска“ литература која парадоксално ќе речам - е веќе позната кај одредена читачка публика. Од Парфем, преку Дипломец до Фаренхајт... Секој чул од некој за нивните книги кога побарал да чита некој наслов. Превод до сега ненадминлив, барем во 18те книги.
One honorable mention до Академска книга за тоа што го приближија скоро секому широкиот стански пазар за одредени викендашки пристапни цени.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.793
Поени од реакции
7.017
Малку непопуларно мислење. Од Антолог почна да ми се гади, ама стварно. До толку издавање ради издавање, толку немање некаков концепт. И нивниот начин на пласирање на книгите и се`. Далеку од тоа дека немаат добри изданија, далеку од тоа дека ќе престанам да купувам, ама стварно мислам дека Антолог се изгуби во таа хиперпродукција на свашта.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Малку непопуларно мислење. Од Антолог почна да ми се гади, ама стварно. До толку издавање ради издавање, толку немање некаков концепт. И нивниот начин на пласирање на книгите и се`. Далеку од тоа дека немаат добри изданија, далеку од тоа дека ќе престанам да купувам, ама стварно мислам дека Антолог се изгуби во таа хиперпродукција на свашта.
И јас го имам заприметено истово, иако немам многу прочитано од новоизлезениве нивни. Се надевам оваа нивна хиперпродукција нема да ги чини нивно целосно затворање на пазарот. Имаат многу квалитет оставено зад себе. Имаат некои добри анонимуси издадено, но во последно време гледам некаква збрка направиле само со цел да постигнат на квантитет. Ете нека ги промовираат одредени македонски писатели кои се во зачеток и можеби вредат.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.793
Поени од реакции
7.017
И јас го имам заприметено истово, иако немам многу прочитано од новоизлезениве нивни. Се надевам оваа нивна хиперпродукција нема да ги чини нивно целосно затворање на пазарот. Имаат многу квалитет оставено зад себе. Имаат некои добри анонимуси издадено, но во последно време гледам некаква збрка направиле само со цел да постигнат на квантитет. Ете нека ги промовираат одредени македонски писатели кои се во зачеток и можеби вредат.

Јас не мислам дека ќе го затворат пазарот, баш напротив. Мислам дека одредена група на луѓе се` повеќе ги одбиваат. Престанав да ги пратам, да бидам искрен. Баш со таа хиперпродукција се ставија на маргините, барем на маргините на квалитетот. И сите нивни пропратни настани што ги организираат ми се смешни, ми немаат никакво значење. Се` ми е изнасилено, исфорсирано. Ми станаа дно од издавачка куќа. (Признавам, објективно не се).
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Јас не мислам дека ќе го затворат пазарот, баш напротив. Мислам дека одредена група на луѓе се` повеќе ги одбиваат. Престанав да ги пратам, да бидам искрен. Баш со таа хиперпродукција се ставија на маргините, барем на маргините на квалитетот. И сите нивни пропратни настани што ги организираат ми се смешни, ми немаат никакво значење. Се` ми е изнасилено, исфорсирано. Ми станаа дно од издавачка куќа. (Признавам, објективно не се).
Мислев за нивниот пазар де :D
Ваљда нема скапо да ги чини кампањава. Мислам дека се` уште имаат потенцијал.
За разлика од други како Ѓурѓа, Феникс.
 
X

xxxholic

Гостин
Дечки, знае ли некој каде се наоѓа книжарницата на Темплум, ако воопшто постои?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Дечки, знае ли некој каде се наоѓа книжарницата на Темплум, ако воопшто постои?
Не постои. Беше порано зад Соборна црква но одамна е затворена.
Сите книги им се продаваат во Или-или, Култура и ТРИ.
 
X

xxxholic

Гостин
Да не знае некој какви се преводите на Нампрес?
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
Да не знае некој какви се преводите на Нампрес?
Според мене не се нешто популарни по однос на преводите. Јас имам неколку нивни изданија ама искрено не ги задоволија моите очекувања.:tapp::place: Од друга страна, пак, има навистина извонредни дела. Штета што промашиле со преводите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom