За годинава како најдобра би ја избрал Shadow of Mordor. Големо изненадување беше играва, посебно поради тоа што се базира на книги ( и филм ), а таквите игри во главно ( со исклучоци ) се прилично лошо реализирани. За среќа дејствието нема некоја голема поврзаност со Хобитот и ЛОТР па не се забегува во некои графички или детали од приказната. Реално гледано играва и не нуди нешто ново во поглед на гејмплеј, а приказната е плитка и целосно измешана. Но тоа што многу ми се допадна и ме задржа многу време пред компјутер е Nemesis системот. Многу интересен додека не станеш претерано јак.
Исто така многу ми се допадна и South Park: The stick of truth. Интересен гејмплеј меѓутоа се забележува дека на него се нема посветено многу време бидејќи станува малку монотон и изборите кои ги правиш за време на играњето немаат некоја голема улога во понатамошните битки. Но овде е најважна приказната и хуморот кои се феноменални, особено за фановите на Саут Парк.
Far Cry 4 е игра за која што имам поделени мислења. Гејмплејот е одличен, графиката е одлична, атмосферата е прекрасно доловена, но приказната и ликовите се многу штури и кога ја играв се чувствував како да играм DLC на Far Cry 3. FC3 беше игра каде што гејмплејот и графиката, иако одлични, беа ставени во втор план од одличните ликови кои ги имаше играта. Овде, за жал, истиот рецепт е искористен повторно и добрите страни се истегнати до максимум. Сега наместо еден водечки лик кој се обработува и анализира низ целата приказна има 5-6 ликови со интересни карактери но се појавуваат само на 2-3 мисии и потоа пропаѓаат под земја. Сепак играта не е лоша и доколку се земе како единка може слободно да конкурира како игра на годината, но ако се земе во предвид нејзината позадина ( FC3 ) можам да кажам дека е мало разочарување и е направена за молзење.
Кога сме кај лоши игри можам слободно да кажам дека изобилуваат годинава. На прво место би ја ставил Watch dogs. Толку надуен меур за некоја игра немам видено до сега. Видеата за играта изгледаа феноменално и со нетрпение ја очекував играта. Но испадна огромно разочарување. Иако стелтот понекогаш е интересент во главно гејмплејот се базира на Press E to win. Светот во играта е тотално мртов и делува многу одбивно. Возењето е како во Flash игричка. Од друга страна пак приказната има некои добри елементи и некои од рандом настаните кои се случуваат се доста добри. Всушност играва е просек, но големиот товар кој на неа го стави медиумската фама ја тоне длабоко.
Уште еден катастрофално лош, па дури и навредлив наслов е Thief. За играва едноставно немам зборови. Толку е досадна и монотона што после 2-3 часа играње ја избришав. Срам за претходните делови.
За крај стандардно би ги додал Assassins Creed и COD. Игри кои имаат изгубено целосна врска со тоа што всушност една игра претставува и секоја година ја вадат старата игра со нови скинови и подобрени ефекти на вода.