Гледај сега, за Виеира не викам дека е слаб, викам дека не ми се допаѓа стилот на игра премногу фаулира. Секој тим скоро има таков играч, во Милан Амброзини е таков, е сеа него не можи да го нејќам пошто за нив навивам, ама сепак колку и да фаулира Амбро Виеира фаулира 3 пати појќе.
Мансини е јак ама не е најак и знајш дека е така престани.
Ако Пирло влезе во првите 11 на светот, значи во 4 најдобри од среден ред. Оти јас да не го спомнам?? Според мене е најдобар на позицијата шо ја игра.
И како шо рече Бушав играчи од среден ред повеќе подразбирам организатор на игра, шо ја започнува акцијата, а не шо ја завршва. Ако прајме така муабет во среден ред играчите можи да се поделат на појќе групи. Пример организатор на игра, главна улога е да го отвори нападо, да пушти долга топка во празно или на напаѓач или на крило или бек, такви играчи се Пирло, Сколс, Жунињо итн. и секогаш играт на средината на терено не по страна. Дефанзивец во среден ред, шо трча цел натпревар како куче, одзема топки во средината и покрива дупки кога излетуваат бекојте во напад, горе долу такви играчи се Виеира, Гатузо, Емерсон, Диара итн. Има крила шо играт по страните, нивната улога е да упатуват кросој кон напаѓачите, играт по страните и то ти се играчи ко Бекам да речиме. Офанзивните играчи од среден ред се уфрлат како втор евентуално трет напаѓач и многу често ја задржват топката дриблат, шутират често на голо и не ретко асистират на напаѓачите, такви играчи се Кака, Роналдињо, Кристијано Роналдо, Џерард итн.
Отприлика така можи да се поделат играчите од среден ред, примерите се горе долу релативни пошто не сите фудбалери се оперирани за една позиција. Мене ко ќе ми спомнат среден ред ми асоцира на организатор на игра, а најдобар моментално е Пирло, не заборавајте шо напрај за Италија на светското. Не паќа многу вочи неговата игра ама многу ретко греши во додавањата, и не само шо асистира ами и ги наоѓа бекојте за слободно да нафрлат топка, знај да покрие и во одбраната. Јас мислам дека не е случајно шо екипите кај шо игра се шампиони Италија и Милан.
П.С. Меаца јас незнам како можи да бараш објектвиност на форум кај шо секој пиши свое субјективно мислење. Дефинирај ми ти мене објективност шо е за тебе, твојата субјективност?? мнозинството на субјективности??? или субјективното мислење на некои стручњаци??