Битно е. Едно е да протестирам зошто нема елементарни услови за живот во домовите, а сосема друго е да ја плукам целата Влада. Тоа би било многу лицемерно, со оглед на тоа дека гласав и ќе гласам за нив. А и моето присуство е искористено за друга цел.
Едно е да протестирам за максимална казна за убиецот, сосема друго да плукам по целата полиција и Влада.
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 02:14 ---
И да не заборавам - на протестот против Спасов, поточно на едно од рочиштата, излезе и Шеќеринска.
Мислам... дај, те молам, со неа да стојам во исти редови? Дебилизам. Како граѓанин има право да протестира, но не на протести каде што е потребно обединување на сите, без оглед дали припаѓаат или не на некоја партија.
И како што кажа Цитро, на кој сакаш протест да биде, ако излезе политичар, автоматски и самиот протест добива ,,боја,,.