Најголемиот студентски дом во Македонија се распаѓа

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.857
Аха.

А што би се случило кога на пример членот PurplePuma која си кажува дека е припадник на партија, некогаш изрази желба да излезе на протести? Да ја избркаат од толпата?
Затоа и се прават протести со маски, за да се избегне боењето. И јас ќе излезам на протест против оваа власт, ако мислам дека треба да го направам тоа. Но само кога ќе бидам сигурна за што протестирам.
На пример, ако се организира протест за никаквите услови во домовите, ќе излезам. Иако мене ништо не ми менуваат домовите, не добивам ниту губам лично, тоа се нарекува солидарност.
Но и тие кои имаат проблем, односно живеат во мизерни услови, треба да почитуваат тоа што има и солидарни личности (а ги има многу, барем јас многу познавам) и да не забораваат зошто протестираат.

Имам пријателка која е алергична на кучиња, па со мене излезе на протест. И тогаш протестирав против Коце Трајановски, кој е мој сопартиец, но никаде никој не се дереше ,,Долу Влада,,. Се знаеше точно за што сме излезени и што бараме.
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 02:26 ---
Она не излага на протести. Она излага на контра протести.
Навистина? Не си духовит, а воедно и шириш шпекулации и невистини за мене.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Па дека им одговараат условите на студентите, не баш. Студентите, т.е. ние студентиве у Македонија ќутиме затоа што и кај нас длабоко се навлезени партиските бактерии... И студентите се поделени за основни прашања како што политичките фактори у државава се поделени за основните политички прашања...

Секаде во „модерниот“ свет студентите се движечка сила на новите идеји, кај нас студентите (и младите луѓе) се патриски потрчковци кои гледаат да ги обрукаат оние од спротивниот табор...

Студентски протест у Македонија е апстрактен поим... :)
Многу јасно... затоа што денес во мода е унијата на млади сили. Секоја партија си има унија на млади сили поддржана од својата партија (најверојатно водени од паролата "Зграпчи го Денот" или испери им го мозокот додека се уште млади :D) ... интересно морам да признаам, најверојатно и јас истото би го правела.

Општо поимот нова идеја во Македонија е апстрактен поим. Од два милиони народ, 1000 преку сила да се критична маса која размислува вон-партиски и најчесто (како што веќе споменав погоре) се декларирани како соросоиди.

Едно што се партиски пикнати по домовите, друго што македонскиот народ никогаш не е сложен по однос барањето на своите права и затоа ќе си ќутиме и ќе гураме.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.857
Многу е глупо, и се нарекува лицемерие. Но со Мартин е сосема подруга работата. Да не должам, секој може да излезе на протест, ако ти како граѓанин си загрижен излези и не го фермај политичарот, ако никој од нас не ги рецка 1% тие ќе се откажат, па и убеден сум дека никој од нив не би идел секој ден на протести.

Аман со овие твои генерализации.
Кој рече дека треба да се протестира против целата Влада или си измислуваш причини зашто да не излезеш на протест за подобри услови во домовите?
Друго, муабетот за Мартин е правен во другата тема каде што ти беше цртано и објаснувано, нема да ја трујам оваа тема повторно со тоа.

Доволна е една слика која ја оцрнува цела власт, и протестот е обоен. Затоа сите што учествуваат на протестот, ако не е политички мотивиран и нема политичка заднина (како што тврдат) треба и да се воздржат и да сфатат дека не се дојдени само за личното добро, туку и за доброто на сите.
Генерализација е да излезам на протест за конкретен случај и против конкретна личност, а да плукам по се живо.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ако почнеме да делиме по критериуми, партиски, па по досие, ќе испадне на протести да одат помалку луѓе отколку на физика што се запишани на ПМФ.

А и стварно не гледам шо толку џева што искочиле на протест тие што ги наброја. Пензионери посекако нема да видиш на протест зошто купени си се тие со бесплатноно возење вторник/петок. Пензионери еве не, вработени државно не (зошто знаеме какви пораки им беа упатувани на протестот летово), криминалци не, политичари не... Мајка Тереза ќе треба да ја воскреснат според критериумиве. Ако толку им пречи тоа на овие моменталниве, нека ги намалуваат причините за протест на народот. Две муви со еден удар.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.857
И дали истиот член ако моменталната влада не го решат проблемот со лошите услови во студентските домови и партискиот влез во истите, пак би гласала за нив како шо наведе во постот бр 4788057:
Да, се додека се придржуваат до тоа заради кое сум гласала за нив.
Но и понатаму ќе излегувам и на протести, и на се што е потребно за да се реши конкретниот проблем.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.326
Поени од реакции
15.581
Доволна е една слика која ја оцрнува цела власт, и протестот е обоен. Затоа сите што учествуваат на протестот, ако не е политички мотивиран и нема политичка заднина (како што тврдат) треба и да се воздржат и да сфатат дека не се дојдени само за личното добро, туку и за доброто на сите.
Генерализација е да излезам на протест за конкретен случај и против конкретна личност, а да плукам по се живо.
После може и хипотетички ситуации да смислуваме.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Ако почнеме да делиме по критериуми, партиски, па по досие, ќе испадне на протести да одат помалку луѓе отколку на физика што се запишани на ПМФ.

А и стварно не гледам шо толку џева што искочиле на протест тие што ги наброја. Пензионери посекако нема да видиш на протест зошто купени си се тие со бесплатноно возење вторник/петок. Пензионери еве не, вработени државно не (зошто знаеме какви пораки им беа упатувани на протестот летово), криминалци не, политичари не... Мајка Тереза ќе треба да ја воскреснат според критериумиве. Ако толку им пречи тоа на овие моменталниве, нека ги намалуваат причините за протест на народот. Две муви со еден удар.
Тачно..
Во конкретниов случај,доволно е само станарите од Гоце Делчев да искочат на асални протести.. никој друг не им треба..ни ја ни Пума ни ти,ни Бучко.. ама не..
 
Во предизборната кампања, Шеќеринска го посети нашето здружение и вети дека ако биде изгласана ќе се заложи за каузите на здружението. Иако во здружението членуваат личности од различни партии, националности, вери итн. тоа беше јавно објавено и сите знаеа.
Мене ме курчи она лицемерието, демек, нема ова врска со партија, а на чело се мафтаат моќни партиски ликови.
ВО таков случај, би било фер од учесниците на протестот да бидат замолени дотичните личност да го напуштат протестот.
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 02:37 ---
После може и хипотетички ситуации да смислуваме.
Токму тоа и се случи со протестот против Спасов.
Се појавија политичари, се појавија пароли и транспаренти, и беше тоа што беше. И после се појавија и идиотите од УМС и го доусраа целиот протест.
Затоа и пропадна.

Во УМС има многу ликови, кои мајка им да ја убијат нема да мрднат со прст. Но има и ликови, кои останале чесни и не им е проблем да се здружат за заеднички каузи со било кого.
Јас познавам барем 30тина, кои сакавме да излеземе, но на крајот излезе тоа што излезе.
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 02:38 ---
Тачно..
Во конкретниов случај,доволно е само станарите од Гоце Делчев да искочат на асални протести.. никој друг не им треба..ни ја ни Пума ни ти,ни Бучко.. ама не..
Па види, и во Гоце има гниди на УМС. Како што веќе кажав, тие и на земја би спиеле, под отворено небо, ама нема да си го мрдат г`зот.
А такви не се само УМС, и мн, мн други ....
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Значи муабетов е без врска. Јас како лице што протестира мене не ме интересира дали Бранко, Фрчко или Милчин ги водат протестите. Еве на пример во случајов протести заради условите во домовите, јас ако знам дека протестирам за условите и се додека горенаведените протестираат исто така за истите услови, јас ќе излагам и ќе протестирам и нема да ме интересира кој е организаторот на истите. Во моментот на пример кога ќе се подобрат условите ќе се повлечам од протестот (во случај сеуште да трае).

А и не ви ја сфаќам поентата? Зашто некој од партија да не смее да излезе на протест? Значи ако тој некој е од друга партија тогаш нема да се подобрат условите, кој ги е*е е работава.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.326
Поени од реакции
15.581
Токму тоа и се случи со протестот против Спасов.
Се појавија политичари, се појавија пароли и транспаренти, и беше тоа што беше. И после се појавија и идиотите од УМС и го доусраа целиот протест.
Затоа и пропадна.
Да, токму тоа се случи. Народот не успеа да го протолкува значењето на зборот „хипотетичка“ и не се ни потруди да ја побара вистината.
А вистината во денешно време не се гледа на телевизија, тоа е пропаганда, а народот уште не може тоа да го разбере...

Касно е, утре треба на предавање да се иде..
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.857
Значи муабетов е без врска. Јас како лице што протестира мене не ме интересира дали Бранко, Фрчко или Милчин ги водат протестите. Еве на пример во случајов протести заради условите во домовите, јас ако знам дека протестирам за условите и се додека горенаведените протестираат исто така за истите услови, јас ќе излагам и ќе протестирам и нема да ме интересира кој е организаторот на истите. Во моментот на пример кога ќе се подобрат условите ќе се повлечам од протестот (во случај сеуште да трае).

А и не ви ја сфаќам поентата? Зашто некој од партија да не смее да излезе на протест? Значи ако тој некој е од друга партија тогаш нема да се подобрат условите, кој ги е*е е работава.
Не е работата кој за кого гласал, туку политичари не смеат да се вмешуваат во непартиски протести.
Важно е многу, зошто прво треба да биде одлучено за што протестираме, против кого протестираме, и што очекуваме.
Во случајот со Спасов, ептен на крај се утврдија овие работи, на почетокот секој различен одговор даваше.
Ако протестираме зошто полицијата била крајно неодговорна, да излеземе, и да бараме зголемени контроли, да бараме кривични за сите учесници, итн.
Имаше и такви идиоти кои се дереа ,,долу Влада,,. И така, мои пријатели си се вратија дома, зошто не излегоа да протестираат против Владата и за нејзиното урнување. Имаше и духовити ликови, со бркчиња нацртани.
Во такви ситуации, и кога се очекува сериозен и масовен протест, духовитоста се остава дома.
Не за друго, едноставно протестот на крајот сепак не успеа, зошто му недостасуваа многу луѓе.
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 02:53 ---
Да, токму тоа се случи. Народот не успеа да го протолкува значењето на зборот „хипотетичка“ и не се ни потруди да ја побара вистината.
А вистината во денешно време не се гледа на телевизија, тоа е пропаганда, а народот уште не може тоа да го разбере...

Касно е, утре треба на предавање да се иде..
Јас сама бев и видов. Не ми требаше ТВ за да видам мн. работи.
И како сакаш врти ја, кога ќе се појави политичар на непартиски протест....... ај немој да биде ,,обоен,,. Жал ми е само што имаше многу што воопшто не се партиски определени, а сепак ги обоија.
Нека излегуваат и политичари на протести, но нека си стават маски. И така нивното учество ќе биде броено...
Ама не, они собираат поени со своето појавување....
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.854
Поени од реакции
11.516
Многу едноставно. Оваа слика е приказ на состојбата со студентите во Македонија. Е сега имаме Еден куп дипломирани што седат дома, еден куп унаказени од сопствената држава, еден куп луѓе кои немаат никакви привилегии никаде, еден куп дечишта за кои нема ни безплатен превоз и уште една милијарда на куп "глупости" кои не ги уживаат овие млади луѓе. И јас бев студент и сјебано беше, сега ми е криво што учев, кога можев неписмен во јавна администрација да си работам, а не со диплома паметен на нет да се правам wow. Кога ќе отидам во странство и ќе погледнам што се не уживаат тамошните студенти, или кога ќе се вратат моите пријатели од Словенија и ќе почнат да ми објаснуваат какви паши се таму студентите, ми иде да се рокнам, ама не вреди, тоа е. Така да нема потреба од реновирање на домовите, кога никој ни 2% не ги ебе студентите. Ова е слика каква ПОСРАНА држава сме.
 
VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Тема: Најголемиот студентски дом во Македонија се распаѓа.
Четири страни со мислења, tags: протести, ВМРО, Бранко, Спасов, Сорос.

Се' додека вака се размислува и се бега од проблемот, студентаријата ќе скапува во скапани домови. Но не по сопствена вина, туку по вина на останатите. Да очекуваш протест од нив е како да очекуваш Грујо и Бранко да се фатат за рака и да шетаат пред сите на Кеј. Оној студент од Гоце што ќе протестира треба да знае дека од наредната година единствено место каде што ќе може да престојува би било клупа во Градски парк. Да не се занесуваме, од протести во државата фајде нема. Може само некој дебело да го јаде.
Кој сметам дека е највиновен во целата ситуација? Студентските организации, бидејќи на нивен врв се испопикани луѓе по партиски директиви т.е. дебили. И тоа тешки дебили кои ич ку* не ги боли за студентите туку работат по принцип: Трај си, свиркај си. За нормално, во иднина сето тоа да се награди со јако вработување.
Не сум седел во дом ама по она што ми кажувале колеги имам претстава како овде да се пратени на издржување на некаква казна, а не на студии.

П.С. Образованието е сила, образованието е моќ.
 
Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Срамота! Ми се плаче кога ќе видам во какви услови живеат некои од моите колеги. Па добро бе, ако не се инвестира во младината, во нивна мотивација, вложување за да некој има подобри услови за студирање, во што да се инвестира? Цццц....
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Не е работата кој за кого гласал, туку политичари не смеат да се вмешуваат во непартиски протести.
Важно е многу, зошто прво треба да биде одлучено за што протестираме, против кого протестираме, и што очекуваме.
Во случајот со Спасов, ептен на крај се утврдија овие работи, на почетокот секој различен одговор даваше.
Ако протестираме зошто полицијата била крајно неодговорна, да излеземе, и да бараме зголемени контроли, да бараме кривични за сите учесници, итн.
Имаше и такви идиоти кои се дереа ,,долу Влада,,. И така, мои пријатели си се вратија дома, зошто не излегоа да протестираат против Владата и за нејзиното урнување. Имаше и духовити ликови, со бркчиња нацртани.
Во такви ситуации, и кога се очекува сериозен и масовен протест, духовитоста се остава дома.
Не за друго, едноставно протестот на крајот сепак не успеа, зошто му недостасуваа многу луѓе.
Ајде сега.... не се согласувам во никој случај.
И понатаму стојам на истото дека протестот не беше политички, а и не сакам да зборувам за тоа овде.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom