Највисока вредност во животот

Која е највисоката вредност во животот?

  • Богатство

    Гласови: 2 0,7%
  • Среќа

    Гласови: 70 25,7%
  • Успех

    Гласови: 13 4,8%
  • Мудрост

    Гласови: 35 12,9%
  • Спокој

    Гласови: 33 12,1%
  • Љубов

    Гласови: 56 20,6%
  • Моќ

    Гласови: 6 2,2%
  • Слобода

    Гласови: 33 12,1%
  • Слава

    Гласови: 6 2,2%
  • Пријателство

    Гласови: 18 6,6%

  • Вкупно гласачи
    272
Член од
27 јануари 2008
Мислења
1.611
Поени од реакции
85
Здравје... без тоа сигурно ништо не се може...
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
како може здравје да е највисока вредност на животот?

највисока вредност секако би требало да е нешто кон кое се бориш и стремиш во животот, здравјето е предуслов за истото ама да ти лајт мотив во животот здравје треба да си хипохондрик.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Би можело љубов да биде. Само веќе некако не верувам дека постои љубов во облик на идеален партнер, а за онаа општа алтруистичка безусловна према сите и се, уште не сум спремен.
Би можела да постои некоја личност како наш најдобар пријател, чие само постоење би не усреќувало... Но како и да свртам, тоа мора да биде личност од спротивен пол. Оти? :raz:
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Би можело љубов да биде. Само веќе некако не верувам дека постои љубов во облик на идеален партнер, а за онаа општа алтруистичка безусловна према сите и се, уште не сум спремен.
Би можела да постои некоја личност како наш најдобар пријател, чие само постоење би не усреќувало... Но како и да свртам, тоа мора да биде личност од спротивен пол. Оти? :raz:
Ако и твојата сексуална определба е хетеро, можеби вербата во најдобар пријател, кој би те усреќувал со самото негово постоење, е всушност твојата верба во идеален партнер, од која си се "откажал".
И можеби во тој однос не можеш да го вклопиш сексот, па затоа и се откажуваш.

Но, и сексот може да се вклопи во таквата љубов.
И баш љубовта меѓу партнерите е скица за големото платно кое значи безусловна, алтруистичка љубов кон сите.

Конкретно, можам да ти ја препорачам и "Патот кон љубовта" од Дипак Чопра...Верувам дека би ти помогнала да си дадеш одговори на некои дилеми.

Он:
Љубовта.
Дефинитивно и без двојба.

Преку нејзе, сите останати вредности се подразбираат.

П.С
За тие што одговоривте здравје...Го видовте некаде на списоков на темава?
И како би го дефинирале како вредност, стремеж, идеал?
 
Wa_sa_ka_ha_ta

свежо офарбана
Член од
16 мај 2009
Мислења
72
Поени од реакции
4
во согласност како во моментот се осеќаме таков и одговор даваме...јас избрав спокој...едноставно овие денови се осеќам како да сум машина и нон стоп под стрес, притисок, со крајни рокови, стресни и тажни вести насекаде, во моменти на работ на нервен напад слушајќи моронски изјави за да согледам дека дека немам моќ да променам нешто..па затоа одбрав СПОКОЈ....потребен ми е спокој од се и сите....мир во душата, телото, мозокот...спокој без да размислувам за последиците и да донесувам решенија кои можеби на мојот шеф или партнер нема да му се допаднат...спокој од соседите, спокој од мене самата :pipi:
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Фрајхајт, Либерте, Фридом...
Слобода - без неа нема ништо друго, ни здравје ни среќа ни успех, без разлика како секој ги дефинира овие работи.
се сложувам...само би го додал и пријателството!!!

и како тоа среката е вредност ми се поврака од такви вредности!!!!

Ako nemash mokj nemash sloboda.
Ako si mokjen se podrazbira deka si mudar, sloboden, imash pari, ako imash pari imash i sredstva za lekuvanje, taka da pogolemi ti se shansite da si zdrav odkolku na nekoj drug..

i, after all...The power is the best aphrodisiac..
е обратно да не е...а и за да станеш мокен треба да бидеш слободен.:smir:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Ако и твојата сексуална определба е хетеро, можеби вербата во најдобар пријател, кој би те усреќувал со самото негово постоење, е всушност твојата верба во идеален партнер, од која си се "откажал".
И можеби во тој однос не можеш да го вклопиш сексот, па затоа и се откажуваш.

Но, и сексот може да се вклопи во таквата љубов.
И баш љубовта меѓу партнерите е скица за големото платно кое значи безусловна, алтруистичка љубов кон сите.

Конкретно, можам да ти ја препорачам и "Патот кон љубовта" од Дипак Чопра...Верувам дека би ти помогнала да си дадеш одговори на некои дилеми.
Јас под љубов подразбирам и одредена зависност меѓу партнерите, не она болно гушење. Дали се плашам од таа зависност исто колку и што ја сакам, можеби. Дивата слобода не е многу убава и среќна но е толку.. посебна, дива! Секс? Ма не ми ни треба... А којзнае :)
Баш сега ја најдов Патот на Волшебникот од Дипак и ми се допаѓа што е едноставна, иако мислам дека и јас би можел подобро да ја опишам духовноста, но ајде, можеби за љубовта подобро знае. Фала Ада. :)

во согласност како во моментот се осеќаме таков и одговор даваме...јас избрав спокој...
Интересно, спокојот би можел да биде нешто најобединувачко за сите идеали, доколку е вистински спокој, а не желбите да тлеат па некаде од потсвеста да не онадуваат.
 
M

miss Lebedica

Гостин
највискотата вредност во животот според мене е вистинската и вечна љубов!
 
Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
64
Дефинитивно среќа.Среќниот човек е задоволен со својот живот а логично...ако е задоволен со својот живот има љубов,спокој и сите наведени вредности освен мудроста.Мудриот човек не секогаш е среќен,и не секогаш среќниот човек е мудар.Се од горенаведеното може да се стекне освен мудрост и среќа...
 
Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Уф колку е тешко да избереш само едно од овие.
Одма на памет ти паѓа љубов,ама љубов каква што сакаме,каквашто си имаме идеализирано во паметот,љубов која не носи на некое ново ниво,која не занесува и просто дејствува наркотично врз нас.Ама љубовта не значи секогаш среќа.Можеме да бидеме заљубени до уши а несреќни.Па сега си викаме Среќа - тоа е тоа вистинското.Ама ако се водиме по Ignorance is bleassed тогаш автоматски се откажуваме од мудроста,затоа што навистина
Мудриот човек не секогаш е среќен
ова оди до бескрај.....
сеппак кога би морала да бирам-слобода
Без слобода сите овие паѓаат во вода
доколку не си слободен не можеш да бидеш ниту среќен,ниту спокоен.......ништо!
 
Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Лимитот е највисока вредност во животот, и стои врз сите горенаведени. Најголемите ефекти се токму врз база на лимитираниот способен ум.
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Што според вас е најважно, причината поради која целиот свој живот го водите по таа одредена патека?
Зошто баш таа цел, зошто преку тој вид на функција?
Како сте дошле до тој идеал?
Според Демокрит тоа беше среќата, Заратустра проповедаше борба помеѓу двете страни, доброто и злото, Аристотел ја презентираше вредноста на умереност, Декарт мудроста.
Каде сте вие?
Јас сум пред компјутер, глумејќи мудар.
Според некоја логика, ако си мудар, сам ќе си ја кроиш среќата, ќе имаш пари, ќе знаеш да стекнеш пријатели. Кога ќе имаш пари, ќе имаш и моќ, кога ќе имаш пари ќе имаш и слобода, кога имаш пари и слобода, имаш спокој и слава, и на крај, кога го имаш сето ова, си успеал.
Љубовта, е друга приказна, тоа доаѓа само по себе, ама од тоа не се живее.
 
J

Johnny Stulic

Тоа не е логика тое е аналогија еве уште една

Јас седам зад компјутер, и сум среќен. Според некоја аналогија ако си среќен нема потреба да бидеш мудар, ќе имаш среќа да сретнеш пријатели, ќе имаш среќа да направиш пари. Кога имаш пари ќе имаш и слобода и ако немаш ќе имаш среќа да најдеш и спокој и слава покрај слободата и ќе имаш среќа да ја пронајдеш и љубавта и кога го имаш ова си успеал.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Што според вас е најважно, причината поради која целиот свој живот го водите по таа одредена патека?
Зошто баш таа цел, зошто преку тој вид на функција?
Како сте дошле до тој идеал?
Според Демокрит тоа беше среќата, Заратустра проповедаше борба помеѓу двете страни, доброто и злото, Аристотел ја презентираше вредноста на умереност, Декарт мудроста.
Каде сте вие?

Јас мислам дека сите вредности се добри, но кога веќе треба да бираме прво би ја избрал мудроста а еве и зошто, прво богатството не е вредност за мене, тоа може на секој начин да те уништи ако не постапуваш мудро со него.Ако си премногу дарежлив, и широкоград со тоа богатство што го имаш, ти воопшто нема ни да имаш пријатели, и ќе дојде денот кога ќе го потрошиш цело богатство.Од друга страна пак исто така не смееш да бидеш и преголема стипса, зошто ако бидеш преголема стипса луѓето ќе те презираат.Само мудрите знаат во вакви ситуации како да постапат т.ест да бидат од една страна сакани од народот, најблиските, а од друга страна пак да бидат богати.Исто така богатството не е вечно, еден ден го имаш друг ден го немаш, среќата ќе ти го заврти грбот, а тие што не се мудри и не знаат како да постапат во вакви ситуации, тогаш нема ни да си го повратат богатството.Тие пак што се мудри ќе знаат како да постапат и ќе бидат способни да и забијат на среќата нож во грбот, откако истата таа вредност ќе им го сврте грбот.За среќата веќе реков дека не е вечна, и точно е тоа дека среќата може да ти овозможи многу брз пробив до врвот, побрз и од мудроста, но кога ќе стигнеш на самиот врв после тоа ќе наидуваш на многу препреки, и нема да си способен да ги решиш тие препреки зошто не си мудар.И тука е моментот кога среќата ти врти грб.Успехот и славата и моќта, се вредности кои се поврзани според мене, ако си успешен тогаш си и славен и моќен, а ако си славен тогаш значи дека си успешен и моќен, а овие вредности не можеш да ги постигнеш освен ако не си мудар, и не постапуваш мудро во животот, односно не ги правиш правилните потези.Да не зборувам понатаму да оставам место и за другите, сакав да кажам сите вредности (ако не сите повеќето) ако сакаш да ги постигнеш во животот, мораш да бидеш мудар, односно да знаеш што треба да направиш, и како треба да го направиш тоа.
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Тоа не е логика тое е аналогија еве уште една

Јас седам зад компјутер, и сум среќен. Според некоја аналогија ако си среќен нема потреба да бидеш мудар, ќе имаш среќа да сретнеш пријатели, ќе имаш среќа да направиш пари. Кога имаш пари ќе имаш и слобода и ако немаш ќе имаш среќа да најдеш и спокој и слава покрај слободата и ќе имаш среќа да ја пронајдеш и љубавта и кога го имаш ова си успеал.
Ама бидејќи среќата не трае вечно, имаш се, поради тоа што не си мудар, ќе го изгубиш. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom