Највисока вредност во животот

Која е највисоката вредност во животот?

  • Богатство

    Гласови: 2 0,7%
  • Среќа

    Гласови: 70 25,7%
  • Успех

    Гласови: 13 4,8%
  • Мудрост

    Гласови: 35 12,9%
  • Спокој

    Гласови: 33 12,1%
  • Љубов

    Гласови: 56 20,6%
  • Моќ

    Гласови: 6 2,2%
  • Слобода

    Гласови: 33 12,1%
  • Слава

    Гласови: 6 2,2%
  • Пријателство

    Гласови: 18 6,6%

  • Вкупно гласачи
    272

kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
Па во мојот долг живот сум живеел по станови, под кирии во собчиња, во куќа, сум имал точак за на работа, сум имал фиќо, сум имал брзи коли, комфорни коли, мотори, сум се греел на нафтена печка, на кварцна, на дрва, со парно и на струја, сум ручал со денови варени компири пошто немав ни за масло, а сум ручал и во ресторани во центар на градот, сум летувал и на море и на езеро во шатор и во хотел а и на тераса со леген вода и лепеза, сум фрлал пари по кафеани а и ми ја имаат исклучувано струјата зарад неплатени сметки... така да мислам дека барем за мене знам што е пријатно и кога си среќен.
гледаш како можи да се разбериме....значи ко ке видиш како е од двете страни и да имаш и да немаш...и најмалата работа шо ке ти биди додаена ке ти биди пристојна и нема да бараш многу....а тие шо се од големото добро утро не се задоволуваат со малце...:smir:
 
Член од
18 август 2008
Мислења
156
Поени од реакции
14
Највисоката вредност во мојот живот е здравјето. Тука го немаше како опцпија...па затоа и не гласав. Ни целото богатство на светот понекогаш нема да ви помогне ако го немате здравјето.....верувајте нема да ви помогне. Нема да ви помогне ни тоа што сте моќни.....не ќе можите да издејствувате неизлечивата болест да побегне од вас....зашто нема да побегне. Славата воопшто нема да ви е потребна доколку го немате здравјето. Мудроста ќе ве натера да барате алтернативи за живот.....доколку го немате здравјето, но и таа тогаш не ви е потребна. Ако немате здравје.....немате ни спокој. А и целата среќа да ја поседувате......ако ви изостануваа онаа среќа за здравјето.....џабе. Ни тоа дека сте успешни не ви гарантира добро здравје. И на крај.....останува љубовта......но кога немате здравје таа можеби ќе се претвори во омраза!
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Мислам дека сите се стремат кон среќа, љубовта, успехот, богатството се само начин да се стигне до неа.
Сепак, за мене највисока вредност во животот е лојалноста. Пред се лојалноста кон семејството, идните поколенија и кои ни значат или им значиме.
 
Член од
3 јули 2008
Мислења
248
Поени од реакции
8
љубов...љубовта е извор на сите други значит само со љубов..успех е да сакаш и да бидиш сакан а то е и среќа..ќе си славен ако ги сакаш другите и ако помагаш на сите, ако сакаш ќе имаш,пријатели,слобода,мудрост,спокој, слобода и богатството во тебе
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
zdravje ovde ne e stavena, a posle toa, posto golo zdravje ziva bolest, najvisoka vrednost e spokojstvoto spored mene, oti eden mig na spokojstvo vredi poveke od site celi i zelbi vo zivotot, a za spokojstvo treba da nemas stresovi a za da nemas stresovi treba da nemas problemi a za da nemas problemi treba da...
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Гласам за љубов. Кому му иде у љубов му иде у све...
Со самото тоа што ќе ја пронајдеме и прифатиме љубовта ние автоматски сме среќни луѓе. Имаме љубов, имаме среќа, значи имаме и спокој. Слободата не зависи од нас, а пријателите сами ќе си дојдат. Успехот, славата, моќта и богатството идат самите по себе кога веќе имаме некој да не поддржи и да се бори со нас, а мудроста си доаѓа со годините.
 

CIL

Член од
21 август 2008
Мислења
749
Поени од реакции
54
Јас гласам за среќа. Се што сме направиле, се што се обидуваме да направиме е за да бидеме среќни. Секоја наша постапка е за да се чувствуваме среќно само тоа ни е во потсвеста. Мада според мене не е реално едно само да се издвои, едно оди со друго, друго со трето .....
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Ako немаш слобода,немаш ништо.
Ako nemash mokj nemash sloboda.
Ako si mokjen se podrazbira deka si mudar, sloboden, imash pari, ako imash pari imash i sredstva za lekuvanje, taka da pogolemi ti se shansite da si zdrav odkolku na nekoj drug..

i, after all...The power is the best aphrodisiac..
 

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
ќе се послужам со зборовите на Игор Џамбазов:
Најголема среќа е наутро да се рабудиш покрај оној што го сакаш, а најголема несреќа да си легнеш сам.
 

DDvl

Иден Психијатар
Член од
13 април 2008
Мислења
166
Поени од реакции
2
Шо знам ... ја гласаф за Пријателство... по некоја моја теорија и размислување... ако имаш вистински пријатели ... се друго ќе дојде само по себе ...
Од пријателството: љубов, среќа, моќ, пари итн итн ...
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Гласав за љубов ама мислам дека од се најважно е спокојството. Кога си спокоен тоа значи дека имаш се што е потребно ,ако си во хармонија со себе, ќе бидеш и со другите,ќе бидеш поотворен за љубов ,за бизнис, ќе размислуваш со трезвена глава и се ќе ти оди полесно .
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.010
Поени од реакции
1.122
Ако си сеќен, значи го имаш тоа што ти е најпотребно во животот...
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Свеста за смртта ја одзема сета вредност на животот, знаеш дека се е привремено и дека она што се составило ќе се раздели. Во таа смисла животното е над човекот затоа што тоа живее овде и сега, а човекот тешко. Им успева само на ретки луѓе кои успеваат да се концентрираат со мислите на нешто без надежта или спомените да ги одвојат од сегашноста. Сегашноста е она што единствено постои но често не ни е по волја.
 
Член од
24 септември 2008
Мислења
450
Поени од реакции
14
Слободата па пријателите. Среќата извира од таму а ако си доволно мудар ќе имаш се останато.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom