Највисока вредност во животот

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување

Која е највисоката вредност во животот?

  • Богатство

    Гласови: 2 0,7%
  • Среќа

    Гласови: 70 25,7%
  • Успех

    Гласови: 13 4,8%
  • Мудрост

    Гласови: 35 12,9%
  • Спокој

    Гласови: 33 12,1%
  • Љубов

    Гласови: 56 20,6%
  • Моќ

    Гласови: 6 2,2%
  • Слобода

    Гласови: 33 12,1%
  • Слава

    Гласови: 6 2,2%
  • Пријателство

    Гласови: 18 6,6%

  • Вкупно гласачи
    272
С

Сатори

Гостин
Што според вас е најважно, причината поради која целиот свој живот го водите по таа одредена патека?
Зошто баш таа цел, зошто преку тој вид на функција?
Како сте дошле до тој идеал?
Според Демокрит тоа беше среќата, Заратустра проповедаше борба помеѓу двете страни, доброто и злото, Аристотел ја презентираше вредноста на умереност, Декарт мудроста.
Каде сте вие?
 
Abe aj eve za ljubov glasam ama dzabe ljubov bez pari,prijatelstvo,zdravje,sreka i dr
 
Гласав за спокој (НЕ упокој).
Мислам дека ако некој е доволно мудар и среќен да ги има, цени и љуби пријателите, слават и парите ќе дојдат сами по себе. И повторно, ако е доволно мудар, нема да дозволи да го вознемират парите и славата туку ќе го задржи својот спокој.
 
Среќата. Не си постигнал ништо ако не си среќен. Така барем според мене...
 
Да не бевме алчни створења по природа, може и ќе успеев да издвојам една од наведените опции. Ама факт е дека ретко кој сега има еден и единствен идеал кон кој се стреми.
Сите сакаме да љубиме и да не љубат, да бидеме среќни и воопшто да не следи среќа, да имаме душевен мир, пријатели и моќ.

Многу од овие вредности одат во пар или пакет.
 
Се согласувам со Скулгрл.
Нитуедна од овие горенаведени не оди сама. Сите одат во пакет или во пар. Какво би било едно пријателство ако нема љубов. Каква би била една слобода ако не би била проследена со спокојство и мир..и Славата не би била слава доколку не ја придружува богатството.
Сепак, гласав за љубов како водечка вредност.
 
Не можам да издвојам навистина. Убаво би било кога сите тие би биле присутни во нашите животи онолку колку што посакуваме. Сите имаат моменти што носат задоволство. Ако ти недостига барем нешто од ова не се чувствуваш комплетен човек.
 
и јас се согласувам со скул!и гласав за среќата!но не само за мојата среќа,туку и за среќата на моите најблиски,како и за сите луѓе!
 
Сите овие вредности го сочинуваат животот,му даваат некаква целина,го надополнуваат а пред се му даваат значење или причина за нашиот живот да биде подобар,сепак гласав за среќата бидејќи се што ни се случува убаво во животот(љубов,пријателсво,слобода...итн)не прави среќни.
 
Да бидам искрен сам со себе и да бидам свој
 
Веројатно мудрост. Кога би била доволно мудра, мудро би го одбрала својот сопатник со кој ќе бидам среќна, со кој меѓусебно ќе се подржуваме за да успееме, каде љубовта ќе биде мотив за се, каде љубовта ќе биде моќ. И по се тоа, да, ќе бидам пресреќна и спокојна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom