Највисока вредност во животот

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување

Која е највисоката вредност во животот?

  • Богатство

    Гласови: 2 0,7%
  • Среќа

    Гласови: 70 25,7%
  • Успех

    Гласови: 13 4,8%
  • Мудрост

    Гласови: 35 12,9%
  • Спокој

    Гласови: 33 12,1%
  • Љубов

    Гласови: 56 20,6%
  • Моќ

    Гласови: 6 2,2%
  • Слобода

    Гласови: 33 12,1%
  • Слава

    Гласови: 6 2,2%
  • Пријателство

    Гласови: 18 6,6%

  • Вкупно гласачи
    272
Spored mene parite se najvisoka vrednost vo zivotot,so pari mozis sve da imas!

Што се`?
Можеш да имаш огромна куќа, прекрасно уредена со 4 позлатени базени? Паркинг од десетици најнови модели на коли кои ќе можеш да ги менуваш за да ти одговараат со гардеробата? Десетици викендички во кои ќе поминеш едно 5 месеци од твојот живот?
И што од тоа? Ме интересира твоето душевно задоволство од тоа и што би си кажал една тивка вечер на себе кога ќе го имаш сето тоа.
 
парите можат само да те расипат...парите се најмала вредност во човечкиот живот...шо ке ти се ко немаш љубов немаш фамилија со која ке си среќен...немаш пријатели да се потприш на нив...ти можи да имаш пријатели само заради парите шо ги имаш и ке се дружат со тебе ама еден ден и тие ке ти го напикаат....не е се во парите...
 
Што се`?
Можеш да имаш огромна куќа, прекрасно уредена со 4 позлатени базени? Паркинг од десетици најнови модели на коли кои ќе можеш да ги менуваш за да ти одговараат со гардеробата? Десетици викендички во кои ќе поминеш едно 5 месеци од твојот живот?
И што од тоа? Ме интересира твоето душевно задоволство од тоа и што би си кажал една тивка вечер на себе кога ќе го имаш сето тоа.
A ти си имала огромна куќа, прекрасно уредена со 4 позлатени базени, паркинг од десетици најнови модели на коли кои ги менуваше за да ти одговараат со гардеробата, десетици викендички во кои помина едно 5 месеци од својот живот? па да кажеш колку е тоа осамено и трагично?

Ај вака, кажи ми колку од луѓе кои успеале, се збогатиле, во моменти на нивна слава и богатство рекле “Ова не чини, на ви ги парите, је ќе се вратам во скромен стан под кирија, ќе возам 15 години стара кола и ќе ручам сендвич со салама, пошто то ќе ме исполни со среќа и возвишеност.
 
Највисока вредност во животот за мене е да сфатам кој сум јас навистина, зошто постојам и која е мојата улога во цела оваа претстава таканаречена свет... Со еден збор сакам да ја сфатам мистеријата која животот ја нуди, за да можам да го живеам како што сакам, онолку време колку ми останало...
 
Јас би гласал (ама нема на анкетава) за здравје.
И да имаш се (од горенаведеното) џабе ти е се братче кога немаш здравје.
 
A ти си имала огромна куќа, прекрасно уредена со 4 позлатени базени, паркинг од десетици најнови модели на коли кои ги менуваше за да ти одговараат со гардеробата, десетици викендички во кои помина едно 5 месеци од својот живот? па да кажеш колку е тоа осамено и трагично?

Ај вака, кажи ми колку од луѓе кои успеале, се збогатиле, во моменти на нивна слава и богатство рекле “Ова не чини, на ви ги парите, је ќе се вратам во скромен стан под кирија, ќе возам 15 години стара кола и ќе ручам сендвич со салама, пошто то ќе ме исполни со среќа и возвишеност.

Не реков дека е тоа осамено и трагично. Само прашав за да добијам одговор како тоа Albin си го замислува. Јас го немам истиот, затоа што не го замислувам тоа и не ми е цел во животов.
Туку, незнам за другите си знам за себе. Јас мојот скромен стан под кирија би го заменила само за мој, кој нејќам да биде куќа со четири позлатени базени. Сакам да биде пријатен простор во кој ќе уживам јас и можеби понатаму моето семејство.
Муабетот ми е, не ми се пресудни парите за убав живот, а и би сакала никому да не му се. Не ми се пресудни и не се опседнувам со нив и никогаш не ги ставам пред другите нематеријални задоволства. И кога би ги имала во изобилство, сигурно не би ги трошела на такви банални работи.:toe:
 
Кај е крај на пријатноста? стан... хмм ај уше две три соби да му биди пријатно на децата секој да има своје катче, а зошто не би било попријатно наместо стан некоја куќа за да не ми тресат одозгора теписи и да не слушам галами од соседите, а ако е веќе куќа зошто да е напикана на улица каде чадат камиони и автобуси, ко може да е на пријатен имот со голем двор, некое дрво и тревњак, и наместо да дува печка , попријатно е да има камин.
Пријатноста нема граница, а секоја пријатниост кошта пари.
 
Мојата пријатност има граници и е прескромна. :toe:
 
Кај е крај на пријатноста? стан... хмм ај уше две три соби да му биди пријатно на децата секој да има своје катче, а зошто не би било попријатно наместо стан некоја куќа за да не ми тресат одозгора теписи и да не слушам галами од соседите, а ако е веќе куќа зошто да е напикана на улица каде чадат камиони и автобуси, ко може да е на пријатен имот со голем двор, некое дрво и тревњак, и наместо да дува печка , попријатно е да има камин.
Пријатноста нема граница, а секоја пријатниост кошта пари.

извинете шо се мешам....секој прибран човек,скромен и најмалата пријатност би му била доволна за да остани на местото кај шо е..а тие таквите шо му брчат камионите и шо му сметаат чадовите...на нив не му смета..туку така се прат само за да се пуфкаат демек имаат пари па педантни многу не знам шо..и то ги прај да се кренати..и едноставно предизвикуваат одбивност кај луѓето..не знам кај другите ама кај мене да...
 
Млади сте, и мене децении наназат поимот за среќа ми беше вреќа за спиење и пиво на плажа....... Има време, ќе сфатите дека пријатноста од младешките ви денови не е иста со она во зрелите години.
 
Мудрост, Спокој, Љубов, Слобода и Пријателство
се останато иде во склад со овие работи во зависност од тоа како ти одговара да ги користиш
 
Млади сте, и мене децении наназат поимот за среќа ми беше вреќа за спиење и пиво на плажа....... Има време, ќе сфатите дека пријатноста од младешките ви денови не е иста со она во зрелите години.

Воопшто не ми е тоа поим за среќа, но сигурно нема тука да ти кажам што ми е. Толку е тешко да се сфати дека има луѓе на кои парите не им се најголемата вредност во животот, за која постојано сонуваат? Потребни се и сите работиме за нив, но повеќе од тоа основното не ни е неопходно за да ни бидат приоритет.
 
Млади сте, и мене децении наназат поимот за среќа ми беше вреќа за спиење и пиво на плажа....... Има време, ќе сфатите дека пријатноста од младешките ви денови не е иста со она во зрелите години.

Друже, а ти си имал огромна куќа, прекрасно уредена со 4 позлатени базени, паркинг од десетици најнови модели на коли кои ги менуваше за да ти одговараат со гардеробата, десетици викендички во кои помина едно 5 месеци од својот живот? па да кажеш колку тоа не е осамено и трагично?
 
Гласав за спокој иако мислам дека треба ама баш се од горенаведеното за да си имаш пристоен живот,ама ете според мене внатрешниот спокој,фактот дека навечер можам мирно да заспијам без грижа на совест сега за сега ми е најважен.
 
Па во мојот долг живот сум живеел по станови, под кирии во собчиња, во куќа, сум имал точак за на работа, сум имал фиќо, сум имал брзи коли, комфорни коли, мотори, сум се греел на нафтена печка, на кварцна, на дрва, со парно и на струја, сум ручал со денови варени компири пошто немав ни за масло, а сум ручал и во ресторани во центар на градот, сум летувал и на море и на езеро во шатор и во хотел а и на тераса со леген вода и лепеза, сум фрлал пари по кафеани а и ми ја имаат исклучувано струјата зарад неплатени сметки... така да мислам дека барем за мене знам што е пријатно и кога си среќен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom