Најавени измени во законот за увоз на автомобили

T

Tetro

Гостин
малце оф-топик, кажете некоја добра страна за барање на коли од bugarija, germanija, да видам како им одат цените :helou:
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
А зошто државата не извади ваков каталог онлајн на македонски да може секој да си пресмета?
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
официјално законот не е издефиниран и е во изработка
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
малце оф-топик, кажете некоја добра страна за барање на коли од bugarija, germanija, да видам како им одат цените :helou:
www.mobile.bg за Бугарија
www.mobile.de за Германија

И ако бараш кола за тебе, нека не биди таа со најмала цена во листата што ќе ти ја извади.
 
BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Ја укинаа, ама воведоа „Документ за сообразност“ кој наместо 6100 денари за хомологација, кошта 5800 денари.

Така што, ДА нема хомологација има Сообразност :) (дупење во ум)

Државата не прави слободна своја проценка. Зошто не се информирате прво пред да си правите бајрам со умот?

Документ за сообразност или хомологација е едно исто. Најдобро да се прочита Сл.весник бр.16/2010 да не си прајме сите бајрам со умот.

Укинување на потврдата за сообразност на возила (хомологација) од пред царинска постапка Спроведувајќи го акциониот план на мерките на Владата на Република Македонија - Регулаторна гилотина, Царинската управа на Република Македонија во соработка со Министерството за економија иницира конкретни предлози за поедноставување на постапката за царинење на моторни возила кои се увезуваат во Република Македонија.

Согласно Правилникот за единечно одобрување на возило („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/2010) и Правилник за изменување и дополнување на Правикникот за идентификација и за идентификација и оцена на техничката состојба на возилата („Службен весник на Република Македонија“ бр.131/2009 и 16/2010), во постапка за царинење на возила не е потребно да се достави потврда за сообразност на возилото издадена од овластена институција. Ваквата мерка ќе придонесе за значително намалување на времето потребно за завршување на царинската постапка за пуштање во слободен промет на моторните возила.

http://www.customs.gov.mk/ShowNews.aspx?ItemID=1341&mid=1099&tabId=1&tabindex=0
 
T

Tetro

Гостин
www.mobile.bg за Бугарија
www.mobile.de за Германија

И ако бараш кола за тебе, нека не биди таа со најмала цена во листата што ќе ти ја извади.
фала за советот, се врлам на барање од сега

едит: забележав дека бугарите ја зголемуваат цената на колите x3 пати од онаа која ја платиле за да ја довлечкаат колата од германија, така да поисплатливо е да се купи кола од германија, + ке останат пари за другите давачки :wink:
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
фала за советот, се врлам на барање од сега

едит: забележав дека бугарите ја зголемуваат цената на колите x3 пати од онаа која ја платиле за да ја довлечкаат колата од германија, така да поисплатливо е да се купи кола од германија, + ке останат пари за другите давачки :wink:
автомобилите во Бугарија се купени во Германија и нормално дека на бугарските пазари ќе бидат со нешто повисока цена,ако си во можност би ти препорачал да размислиш за германски или словенскиот пазар е исто така интересен,во бугарија не можеш да бидиш сигурен на шо ќе налеташ:smir:
 
T

Tetro

Гостин
Вредноста на автомобилите увезени од странство ќе се пресметува според постојниот каталог за увоз

Вредноста на автомобилите увезени од странство ќе се пресметува според постојниот каталог за увоз. Тoa се каталошки цени прифатени од ЕУ - велат од Царинската управа.

Како што вчера објави Канал 5 предлогот е за автомобили до 3000 евра да не се наплаќа акциза. До 4 илјади евра –таа да биде 0, 5% од вредноста на возилото или најмногу 20 евра. Како што расте луксузноста на возилото расте и акцизата. За над 35 илјади евра автомобил таа ќе биде 20% или минимум 7 илјади евра.

Доколку при увоз купувачот прикаже нереална цена на возилото, тогаш царината ќе го вреднува според постојниот каталог. На таа вредност ќе ја пресмета акцизата, царината и ддв-то.

На пример за возило до 4000 евра, акцизата е 20 евра, за царина ќе платите 40 евра а ДДВ-то 730 евра. Возилото ќе ве чини 4790 евра.

За возило до 8 илјади евра, акцизата е 2% или 160 евра, царината е 80 евра, ДДВ-то 1465 евра. Вкупно тоа возило би ве чинело 9705 евра.

Сопствениците на автоплацови каде се продаваат стари возила тврдат дека моментално пазарот е неповолен. Сите го очекуваат пониските акцизи.

Импоретите на нови автомобили молчат. Тие веќе јавно кажаа дека намалувањето на акцизите за стари возила ќе влијае на нивниот бизнис. Според информациите, доцна синоќа имале состанок со владини претставници на кој биле информирани за новините.
11.02.2010, 17:55​

канал5 со видео
 
Сега на сител кажаа дека нема да биде по каталог туку по фактура.

видео
http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/pomala-akciza-za-evtinite-polovni-vozila-za-luksuznite-povisoka
 
знаеш да читаш, пред да пишуваш, така?
прочитај уште еднаш:

Доколку при увоз купувачот прикаже нереална цена на возилото, тогаш царината ќе го вреднува според постојниот каталог. На таа вредност ќе ја пресмета акцизата, царината и ддв-то.
 
BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
знаеш да читаш, пред да пишуваш, така?
прочитај уште еднаш:

Доколку при увоз купувачот прикаже нереална цена на возилото, тогаш царината ќе го вреднува според постојниот каталог. На таа вредност ќе ја пресмета акцизата, царината и ддв-то.
ДОКОЛКУ ПРИКАЖЕ НЕРЕАЛНА ЦЕНА НА ВОЗИЛОТО

Секако, ти слободно прикажи фактура дека си купил Мерцедес С класа за 800 евра и царината ќе поверува бидејќи најверојатно пие мастило или нафта.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
ДОКОЛКУ ПРИКАЖЕ НЕРЕАЛНА ЦЕНА НА ВОЗИЛОТО

Секако, ти слободно прикажи фактура дека си купил Мерцедес С класа за 800 евра и царината ќе поверува бидејќи најверојатно пие мастило или нафта ќе поверува.
Царината ќе игнорира и огласот на мобиле де каде си ја купил колата за 1000 евра и ќе ти рече “ова брат вреди 2000“ и по 2000 ќе те царини и даночи.

Еве предлог јас ако ја земам колата за 1000 евра а царината речи дека вреди 2000 нека ми ја откупи за 1500.
Јас прифаќам и мене совеста ми е чиста а тие ќе бидат во ќар 500 евра
Сите задоволни.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Царината ќе игнорира и огласот на мобиле де каде си ја купил колата за 1000 евра и ќе ти рече “ова брат вреди 2000“ и по 2000 ќе те царини и даночи.

Еве предлог јас ако ја земам колата за 1000 евра а царината речи дека вреди 2000 нека ми ја откупи за 1500.
Јас прифаќам и мене совеста ми е чиста
А тие?
Их, и ја би играл таќе, ама идејата е да се допиолни и наполни буџетот, а не да се оттргне кршојната од лади и фиќа по улици.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom