Пребарував по интернет и мислам дека ке има хомологација - сега се вика Постапка за идентификација и отцена на техничката состојба на возилата и за автомобили изнесува 2850ден.
Овде е ценовникот
http://www.bom.gov.mk/images/stories/dokumenti/Baranja/Homologacija/pravilnik_za_visinata_na_trosocite_vo_postapki_za_identifikacija_22.05.pdf
Овде има други правилници од биро за метрологија
http://www.bom.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=29&Itemid=51
Извадок од Утрински весник
...
За разлика од увозниците на нови возила, кои сметаат дека падот на акцизите нема да влијае и на намалувањето на крајната цена на автомобилите, увозниците на половни возила велат дека цената на старите возила ќе падне од 30 до 40 отсто. Тие вчера ни потврдија дека драстично им се зголемени нарачките, а шлепери натоварени со половни автомобили чекаат во Минхен и во Рим акцизите да паднат и законски. „Имаме голем број нарачки за половни возила, што сега ќе бидат поевтини од 30 до 40 отсто. Доколку ’голф 4‘ од 2000 година досега чинел 8.000 евра, со намалувањето на акцизите ќе се продава по цена од 5.000 до 5.500 евра. Веќе имаме четири шлепери натоварени во Рим и во Минхен и чекаме официјално да паднат акцизите “, изјави вчера Љупчо Трајковски, увозник на половни возила.
Увозниците на стари автомобили тријат раце и едвај чекаат да помине предлогот и во Влада, а потоа и во Собрание. За оваа процедура најверојатно ќе треба да почекаат уште најмалку еден месец. Во меѓувреме, продажбата на автомобили е целосно стопирана.
Автоувозниците на нови автомобили, пак, не се многу задоволни од ваквиот модел за пресметување на акцизите. Тие предлагале целосно да се укинат акцизите. Според нив, покрај акцизата, при купување автомобил се плаќаат и царина и ДДВ. Тоа се три давачки, за разлика од земјите во ЕУ, каде што не се плаќа акциза, туку само царина и данок. Во Хрватска и во Словенија се наплатува акциза, но нема царина, објаснуваат автоувозниците. Царината за автомобилите увезени од ЕУ е намалена од два на еден отсто, а за автомобилите надвор од ЕУ од десет на пет отсто. Тука влегува уште и ДДВ од 18 проценти за увоз на автомобили.
Според објаснувањето на автоувозниците, при увоз возилото прво ќе се царини и ќе се наплатува акциза, а потоа оди на хомологација.
Го прашавме и директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов, дали се можни малверзации со цената на автомобилот, со оглед на тоа што за возилата со вредност до 3.000 евра нема да се плаќа акциза.
„Правилата се исти за увоз на сите видови стока. Увозникот мора да има веродостоен документ, фактура, за тоа колку го платил возилото во странство. Доколку Царината се посомнева, се прави записник, а акцизата и царината се пресметуваат врз основа на утврден каталог, според споредбената вредност. Тогаш, врз основа на таа утврдена вредност, се пресметуваат сите други давачки“, објаснува Каргов. Според него, доколку странката не е задоволна од утврдената вредност од страна на Царината, таа има право да поднесе жалба до Второстепената комисија во Министерството за финансии. Има случаи, вели Каргов, кога поради сомневање во документите што ги доставуваат увозниците, Царината официјално да бара потврда од странските царински служби за вредноста по која е платена стоката. (С.М.)
http://utrinski.com.mk/?ItemID=2C5BF6100D93CE41A10009A8A0F1E452
Имам едно прашање за ЦОЛ таблите: Откако ќе се купи автомобилот во странство, од каде се вадат ЦОЛ табли - на граница, во нивното мвр или ?