Најавени измени во законот за увоз на автомобили

Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Немам потреба да ја регистрирам на македонски таблици, имам бугарско државјанство, вели Кире Каров од Штип

------------------

E da ama zaboravas deka zivees vo MK...Golema podrska za akcijata treba da se pocituva zakonot vo drzavata vo koja zivees
 

Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.544
Поени од реакции
168
тоа ти е народ, за 5 евра да е поефтино ке иде до бугарија и таму ке ги даде парите, си мисле ја заебал државата
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Возилата со бугарски таблички сопрени на граничните премини



Се спуштија рампите на граничниот премин Делчево за возилата со бугарски регистарски таблички. Македонската царина не ги пропушта да влезат во државава возилата кои имаат странски регистарски таблички, а чии сопственици имаат двојно државјанство. Дознаваме дека до 16 часот на овој граничен премин околу 20-ина возила се задржани на влез во Македонија и се вратени назад во Бугарија.

Додека екипата на Канал 5 беше на граничниот премин Делчево и чекаше од граничната полиција да ја спроведат дозволата за да можеме да ги снимаме сопствениците кои реагираа на спуштањето на рампите за нивните возила, неколку возила кои чекаа и во меѓу граничниот појас од страна на македонската полиција беа вратени назад во Бугарија.

Одговорните од делчевската Царинска испостава не го образложија овој потег, освен дека постапуваат согласно законските норми кои стапуваат на сила од денес и согласно Истанбулската конвенција, а ќе се задржуваат и на влез и на излез сите возила кои не ги исполниле условите за привремен увоз. До овој момент не успеавме да добиеме официјална информација од Царинската управа на Македонија

Сопствениците на возилата затекнати, реагираат на ваквата постапка на надлежните, обвинуваат дека не се почитува законската одредба која предвидуваше возилата да можат да престојуваат 6 месеци во државава и дека не ги пропуштаат ниту транзит.

-Велат дека со двојно државјанство не може да возеш кола на бугарски таблици и велат дека колата е царинска роба, а регистрирана роба не е царинска роба. Немам потреба да ја регистрирам на македонски таблици, имам бугарско државјанство, вели Кире Каров од Штип.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=65480
нека им е... продадени шупаци. си ја продадоа националноста и државата (за сопствениот гз-задник не ни зборам нивни си е нели) за една кола поевтино да ја возат... епа јадете го сега стапот... назад во МАТИЧНАТА ви земја... или фрли тоа бугарскиот пасош, искини го и откажи се од него па бујрум тука...
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Огромна подршка за акцијата. Нека продолжат така.

За еден скапан голф2 ке се откажел од државјанството... :kesa:

Пеш ќе одам ако треба цел живот
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
:vozbud: :tv:

Крајно време беше. Голема подршка за акцијата.
не само тоа... туку и смислија друга цака. За 20 евра добиваш нови регистарски таблички во Софија кога сакаш, така да и тоа со 6 месеци во Мкд, 6 месеци во Бг го заобиколуваа.

Само 50 евра месечна такса за престој на странско возило во Македонија, откако ќе помине 1 месец. Ништо друго. И без разлика дали е бугарско, српско или незнам какво. Или регистрирај го на Мкд табли, или плаќај ја таксата и вози да те видам ако си маж.
 
T

Tetro

Гостин
Замена на бугарски табли, 20 евра, двапати годишно =40 евра годишно

Такса за престој на странско возило во МК, 50 евра, 12 месеци =600 евра годишно

Кој кого дупи во приказната?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Замена на бугарски табли, 20 евра, двапати годишно =40 евра годишно

Такса за престој на странско возило во МК, 50 евра, 12 месеци =600 евра годишно

Кој кого дупи во приказната?
Прво, тоа со казната 50 евра месечно е само идеја и никој не ја плаќа.
А тоа со таблиците е одговор на законот во Мкд кој што не остава странско возило да престојува повеќе од 6 месеци. Шо значи на шестиот месец си менуваат таблички на возилата и толку, возилото има нова табличка и незнаеш дали е истото. А сите сопственици на Бугарски возила ја применуваат.
 
T

Tetro

Гостин
Прво, тоа со казната 50 евра месечно е само идеја и никој не ја плаќа.
А тоа со таблиците е одговор на законот во Мкд кој што не остава странско возило да престојува повеќе од 6 месеци. Шо значи на шестиот месец си менуваат таблички на возилата и толку, возилот
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Тоа го разбрав, само не ми е јасно зошто имаат наредби да не ѓи пуштаат да влезат во нашата земја луѓе кои имаат двојно државјанство.
Негово е возилото, не е украдено, тој си плаќа во друга земја, а живее тука, работи тука,..... и после кој беше одговорниот за луѓето кои ќе заминат од земјава и нема да се вратат? Поради некој кој сака да ќари, АЛЧНОСТ ГОЛЕМА.
Нека уведат реална давачка, месечни картони. Нешто...: toe:
Баш ова е моментот... плаќа во друга земја регистрација, осигурување, патарина, фонд за патишта и сите срања. А се вози по Македонските улици. Кај го има тоа? Нека си ја префрли на Мкд таблици и решен проблемот. Ама не им се даваат пари.

И недај боже да имаш сообраќајка со вакво возило. Оди најди го осигурувањето за да си наплатиш штетата.
 
T

Tetro

Гостин
Баш ова е моментот... плаќа во друга земја регистрација, осигурување, патарина, фонд за патишта и сите срања. А се вози по Македонските улици. Кај го има тоа? Нека си ја префрли на Мкд таблици и решен проблемот. Ама не им се даваат пари.

И недај боже да имаш сообраќајка со вакво возило. Оди најди го осигурувањето за да си наплатиш штетата.
А ти што добиваш кога плаќаш за патишта при регистрација на возилото + секоја патарина посебно ја плаќаш... Добиваш нови патишта?


И ако е така, оти не се уведе нешто за сите што ќе влезат во РМ. На пример Грците што идат во Гевгелија. Плаќаат тие нешто? НЕ... Кој може да им скока нив да платат?

--- надополнето ---

И на крај краева, логично е човек кога ќе се најде во позиција да плаќа трипати поефтино, да се откаже од државјанство кое го има во земја која тапка во место, а да си го задржи државјанството кое му вреди повеќе, нели?
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Знам дека темата е осетлива, ама придржувајте се до неа и баталете двојни државјанства и карти у еден правец. Плус, имаше некаде тема конкретно за возилата на БГ таблички.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
И на крај краева, логично е човек кога ќе се најде во позиција да плаќа трипати поефтино, да се откаже од државјанство кое го има во земја која тапка во место, а да си го задржи државјанството кое му вреди повеќе, нели?
за трипати поевтина кола? за кола е муабетот.... нека се откаже од мк државјанството за навек... нека си оди од тука, такви не им треба на македонија...
 

sanos_a

www.autobusi.net/
Член од
12 декември 2008
Мислења
554
Поени од реакции
83
а кој вика дека колите се вмесуваат во компјутер според бројот на таблицата кој е променлив? случајно да не внесуваат сега број на шасија па ајде да ве видам буграрчиња македонски дали ке менувате број на шасија
а на граница убаво им прават што не ги пуштаат да влезат во македонија. бугарска кола и македонски пасош забравете веќе дека некој ке влезе во македонија така
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
а кој вика дека колите се вмесуваат во компјутер според бројот на таблицата кој е променлив? случајно да не внесуваат сега број на шасија па ајде да ве видам буграрчиња македонски дали ке менувате број на шасија
а на граница убаво им прават што не ги пуштаат да влезат во македонија. бугарска кола и македонски пасош забравете веќе дека некој ке влезе во македонија така
Посекако неможи така... бугарска кола оди со бугарски пасош. И да сакаш со македонскиот нема да те остават да поминиш на бугарска граница, не пак на македонска.

И сакаш да кажиш дека кај нас се чуваат и број на шасија, освен регистерската табличка? И го проверуваат на секој влез/излез низ Македонија? Мислам дека си грешка...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom