- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 9.722
- Поени од реакции
- 248
Каде оди македонскиот јазик?
Кога се зборува за грешките во јазикот, за неправилностите, за лошиот говор што секојдневно го слушаме во Парламентот, на телевизиите, за лошите преводи на филмовите, за нелекторирани текстови, за натписите на фирмите во чаршијата итн. најчесто "виновникот" се бара во Институтот за македонски јазик. Толкување за сите овие појави, исто така, се бара во Институтот за македонски јазик. Или, пак, ако некој почувствува потреба од помош за кое и да е јазично прашање, најчесто или речиси единствено заинтересираните се обраќаат до Институтот за македонски јазик. Имено, Законот за примена на македонскиот јазик е донесен пред 8 години (во Службен весник е објавен на 30 јануари 1998 година), доволно време за негова примена, за сеопфатна анализа за ефектите од Законот, за неговите добри и лоши страни, позитивни и негативни ефекти, ако ги има, се разбира. Ми се чини дека е време да подвлечеме црта и да направиме анализа што сме направиле во поглед на заштитата, негувањето, изучувањето, воопшто за употребата на македонскиот јазик. Пред се, дали сме ги искористиле сите можности што ни ги даваат Уставот и законите на Република Македонија? Се разбира, вакво едно комплексно прашање бара и комплексен одговор што не може да се срочи во вака ограничен простор, и не од еден човек. И, се разбира, не без соодветна анализа на сите сегменти што ја опфаќаат оваа материја. Сепак, има работи на кои можеме да дадеме некакви одговори, бидејќи, од нас (тука мислам на Институтот за македонски јазик) тоа се очекува. Во државава се случија крупни работи во однос на јазикот. Најстрашно е тоа што тоа ни се случи при Закон за употреба на македонскиот јазик. Дали Советот реагирал до Владата на Република Македонија со укажување за спорните прашања? Познати ми се реакциите на Советот за Рамковниот договор, тоа е објавено и во Билтенот бр. 4. Тука мислам на реагирање директно до Владата и до Собранието, во смисла на заштитата на македонскиот јазик како службен. Кога се донесе одлуката за двојазично Скопје, новинарите спонтано се јавија за мислење (и добија одговор) во Институтот за македонски јазик. За преименувањето на топонимите во Службен весник на албански јазик, Советот, исто така, даде само препорака, а трибината за ова прашање се одржа во Институтот за македонски јазик. Во Законот се вели дека македонскиот јазик се употребува во органите на државната власт, во меѓународната комуникација итн. Само еден мал податок, Рамковниот договор во својата основна верзија е напишан на англиски јазик, а да не зборуваме за претставници на највисоката власт кои зборуваат само на албански јазик. Не се крши ли тука директно Уставот на Република Македонија и Законот за употреба на македонскиот јазик. Наспроти Законот за употреба на македонскиот јазик имаме една состојба што е далеку од тоа каква би требало да биде. Во училиштата се намалува фондот на часови по предметот македонски јазик. Како професори се повеќе се примаат лица со завршен Филолошки факултет со Групата за компаративна книжевност кои не се оспособени да предаваат граматика. Наставната програма за еднаква застапеност на граматиката и литературата недоволно се почитува, како што покажаа анкетите спроведени на теренот. Подмладок не сме примиле веќе 8 години и немаме шанса ни за следните 8. Клучните проекти не се изделени како приоритетни ниту во финансирањето, ниту во другите сегменти од работењето. Се атакува на картотеките на Институтот, се стеснува просторот за дејствување. Се ограничуваат финансиските средства и за проекти што влегуваат во Националната програма и во Законот за заштита на културното наследство (во кој, покрај другото, се влезени литературниот јазик со дијалектите и топонимите). Со промените во Уставот македонскиот јазик не е единствениот службен јазик во државата. Со тоа наголемо се воведе двојазичност. А што ќе ни донесе најавуваниот Закон за употреба на јазиците кој како Дамоклов меч ни виси над главите, допрва ќе видиме. Особено ако не се вклучат компетентни лица од нашата област. Во тек е подготовката на Законот за употеба на јазиците за кој само знаеме дека е во подготовка, а досега не сум разбрала дека некој од лингвистите македонисти е вклучен во неговата подготовка. Треба сложно да се здружиме и да работиме за доброто не на поединецот, туку на македонскиот народ и на македонскиот јазик во целина. Ние, за жал, институционално не сме ги исцрпиле сите можности. Пред се мислам на оние дефинирани во Законот за примена на македонскиот јазик и во Уставот на Република Македонија. Ако тоа не го направиме сега, нема да имаме можност да го направиме никогаш повеќе.
Д-р Снежана ВЕЛКОВСКА,Институт за македонски јазик