Нашиот јазик - македонскиот

Дали мислите дека Македонскиот јазик се расипува?


  • Вкупно гласачи
    121
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Каде оди македонскиот јазик?


Кога се зборува за грешките во јазикот, за неправилностите, за лошиот говор што секојдневно го слушаме во Парламентот, на телевизиите, за лошите преводи на филмовите, за нелекторирани текстови, за натписите на фирмите во чаршијата итн. најчесто "виновникот" се бара во Институтот за македонски јазик. Толкување за сите овие појави, исто така, се бара во Институтот за македонски јазик. Или, пак, ако некој почувствува потреба од помош за кое и да е јазично прашање, најчесто или речиси единствено заинтересираните се обраќаат до Институтот за македонски јазик. Имено, Законот за примена на македонскиот јазик е донесен пред 8 години (во Службен весник е објавен на 30 јануари 1998 година), доволно време за негова примена, за сеопфатна анализа за ефектите од Законот, за неговите добри и лоши страни, позитивни и негативни ефекти, ако ги има, се разбира. Ми се чини дека е време да подвлечеме црта и да направиме анализа што сме направиле во поглед на заштитата, негувањето, изучувањето, воопшто за употребата на македонскиот јазик. Пред се, дали сме ги искористиле сите можности што ни ги даваат Уставот и законите на Република Македонија? Се разбира, вакво едно комплексно прашање бара и комплексен одговор што не може да се срочи во вака ограничен простор, и не од еден човек. И, се разбира, не без соодветна анализа на сите сегменти што ја опфаќаат оваа материја. Сепак, има работи на кои можеме да дадеме некакви одговори, бидејќи, од нас (тука мислам на Институтот за македонски јазик) тоа се очекува. Во државава се случија крупни работи во однос на јазикот. Најстрашно е тоа што тоа ни се случи при Закон за употреба на македонскиот јазик. Дали Советот реагирал до Владата на Република Македонија со укажување за спорните прашања? Познати ми се реакциите на Советот за Рамковниот договор, тоа е објавено и во Билтенот бр. 4. Тука мислам на реагирање директно до Владата и до Собранието, во смисла на заштитата на македонскиот јазик како службен. Кога се донесе одлуката за двојазично Скопје, новинарите спонтано се јавија за мислење (и добија одговор) во Институтот за македонски јазик. За преименувањето на топонимите во Службен весник на албански јазик, Советот, исто така, даде само препорака, а трибината за ова прашање се одржа во Институтот за македонски јазик. Во Законот се вели дека македонскиот јазик се употребува во органите на државната власт, во меѓународната комуникација итн. Само еден мал податок, Рамковниот договор во својата основна верзија е напишан на англиски јазик, а да не зборуваме за претставници на највисоката власт кои зборуваат само на албански јазик. Не се крши ли тука директно Уставот на Република Македонија и Законот за употреба на македонскиот јазик. Наспроти Законот за употреба на македонскиот јазик имаме една состојба што е далеку од тоа каква би требало да биде. Во училиштата се намалува фондот на часови по предметот македонски јазик. Како професори се повеќе се примаат лица со завршен Филолошки факултет со Групата за компаративна книжевност кои не се оспособени да предаваат граматика. Наставната програма за еднаква застапеност на граматиката и литературата недоволно се почитува, како што покажаа анкетите спроведени на теренот. Подмладок не сме примиле веќе 8 години и немаме шанса ни за следните 8. Клучните проекти не се изделени како приоритетни ниту во финансирањето, ниту во другите сегменти од работењето. Се атакува на картотеките на Институтот, се стеснува просторот за дејствување. Се ограничуваат финансиските средства и за проекти што влегуваат во Националната програма и во Законот за заштита на културното наследство (во кој, покрај другото, се влезени литературниот јазик со дијалектите и топонимите). Со промените во Уставот македонскиот јазик не е единствениот службен јазик во државата. Со тоа наголемо се воведе двојазичност. А што ќе ни донесе најавуваниот Закон за употреба на јазиците кој како Дамоклов меч ни виси над главите, допрва ќе видиме. Особено ако не се вклучат компетентни лица од нашата област. Во тек е подготовката на Законот за употеба на јазиците за кој само знаеме дека е во подготовка, а досега не сум разбрала дека некој од лингвистите македонисти е вклучен во неговата подготовка. Треба сложно да се здружиме и да работиме за доброто не на поединецот, туку на македонскиот народ и на македонскиот јазик во целина. Ние, за жал, институционално не сме ги исцрпиле сите можности. Пред се мислам на оние дефинирани во Законот за примена на македонскиот јазик и во Уставот на Република Македонија. Ако тоа не го направиме сега, нема да имаме можност да го направиме никогаш повеќе.

Д-р Снежана ВЕЛКОВСКА,Институт за македонски јазик
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Правилно или неправилно - ЕВОЛУИРА. Се тече, се се менува - така и јазикот. Поготово со развојот на технологијата и појавата на нови термини кои што неможат да најдат соодветен превод во нашиот јазик или пак нивниот превод би бил долг или смешен, па се прифаќаат како поими во оргинална верзија.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Ne se plashete, shto treba da kazhat germancite koga kaj niv vladata sekoja godina pravi reformi vo jazikot.Prichinata ja kazha MIstichen, i vo pravo e.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.385
Mace, нека не те фаќа паника. Секако дека еволуира, мора да е така - секаде е така.

И не туку ми пастирај текстови, сакам да го чујам твоето стручно мислење, како лингвист. :wink:
 

StenmarC

Скијач
Член од
24 март 2005
Мислења
2.179
Поени од реакции
49
Како што кажа Мистичен еволуира, но премногу брзо. Некако како да се “американизира“ т.е. “англоизира“ нашиот јазик. Се повеќе “неписмени“ кои добиваат јавни фунцкии сакајќи да се направат “интелектуалци“ (што навистина го извитоперија значењето на зборот интелектуалец) употребуваат англиски зборови “преведени“ на наш јазик. За жал и многу паметни и образовани личности го прават истото. Си имаме прекрасен јазик, си имаме зборови со потполно исто значење (ај да нема па да прифатам) и мислам дека се непотребни таквите зборови во нашиот јазик. На крајот ќе испадне сите да збориме ко “високата класа“ во Ана Каренина - во една реченица 2 збора руски, 2 збора германски, 2 збора англиски... не иде... Еве пример за тие зборови

Конверзација (conversation) = разговор
Сигнификантно (significant) = значајно
Мултиплицкација (multiplication) = множење, размножување, умножување....

Не ми текнуваат во моментов другите, а ги има уште многу, али со тек на време ќе ви ги пишувам во постови


Понатаму... Сите му се смееа на Ѕинго во парламент кога кажа Ѕинго може да води спортови 10 и Кој го тоа направи драги мои, за да подоцна сите почнат да ја употребуваат следнава конструкција Што тоа значи и слично .... Ако е така јас мислам дека треба Ѕинго да го славиме исто колку и Блаже Конески, како творец на современата македонска граматика 8) :wink: [/b]
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Makedonskiot ima i mnogu stari zborovi shto ne se chisto makedonski, siguren sum deka ne ste znaele deka zborot kafana ili popravilno kafeana e vsushnost germansko-turski zbor.Na germanski e Kaffehaus i so spojuvanje so zborot an (sigurno ste go slushnale vo makedonski narodni prikazni ili popoznato kako meana) se dobilo kafeana, odnosno mesto kade shto se sedi da se napiesh neshto nalik na kafich, no deneska pod kafeana se podrazbira mesto kade mozhes da se ispijanchish i da i piknesh po nekoja stotka megju cickite na pevachicata :D :D :D
 
Член од
7 април 2005
Мислења
174
Поени од реакции
0
Да, зошто човек да се нервира бидејќи француското ажурирање е потиснато од англиското апдејтирање (јес дека лошо звучи), или дека место официјалниот збор за презерватив стана кондом?

Gizo напиша:
Makedonskiot ima i mnogu stari zborovi shto ne se chisto makedonski
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.385
A што би рекле за ова?
<gOwOmEsHe> dechko nema ushte imano!

Ова ми го напиша една охриѓанка на една од CHAT програмите.
Инаку дотичната е исто така посетителка и на форумов! :D
 

RaGeAnGeL

KiCk AsS
Член од
23 јануари 2005
Мислења
930
Поени од реакции
7
glasav za poslednata opcija...mnogu glupo zvuci ko ke gledam vesti i ko ke slushnam anglisko-makedonski
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Acid напиша:
Mace, нека не те фаќа паника. Секако дека еволуира, мора да е така - секаде е така.

И не туку ми пастирај текстови, сакам да го чујам твоето стручно мислење, како лингвист. :wink:
Ke cues, ke cues :):):):):):)

Spremam i toa - cel raport za diplomskata moja :wink:
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Блаже Конески ..се поклонувам
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Од сите тие странски зборови кои пристигнуваат до нас, многу малку од нив го наоѓаат македонскиот превод или значење. Скоро сите се употребуваат онака како што се.
Криви се лингвистите, но криви се и луѓето што не ги употребуваат и оние зборови што веќе се прилагодени на македонски јазик. Добра беше кампањата Говорете Македонски што се емитуваше на МРТВ, но тоа не е доволно. Потребни се промени во учебниците, добри лектори по сите весници и списанија што излегуваат во Македонија. Новинарите се полуписмени. Сите новинари би требало да поминат тестирања од познавањето на јазикот. Секој новинар би требало да има одлично познавање на својот јазик. Го читаш секој ден, колку и да мислиш дека не ти влијае, сепак ти остава печат во говорот.

Во Болоња, еден од најголемите издавачки центри во Европа, во некои уредништва воопшто немаат лектори, самите велат дека сите оние што се вработени или конкурираат за работа, прво мора да имаат одлично познавање на јазикот, па потоа можат да бараат вработување.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Iskreno kazhano, ne si go poshtuvame i ne si go skame jazikot, mozhebi i jas spagjam vo taa grupa, zoshto koga gi otkriv ubavinite na Germanskiot jazik sfativ kolku e siromashen nashiot za razlika od Germanskiot.Vo germanskiot jazik imash minimum pet varijanti za sekoj zbor, shto znachi imash golem izbor na izrazuvanje.
 
Член од
10 мај 2005
Мислења
529
Поени од реакции
14
Se soglasuvam deka treba da si go cuvame jazikot i slicno, no ne mozam da sfatam i sum protiv nekoi koncepti od gramatika i jazikot. AKCENTSKITE CELOSTI! Taka zborat samo vo selata! Ima i nekoj glupi zborovi, kako na primer "malkundza" (ne "malkucka") i sl. Drugoto e OK...
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Gizo напиша:
Iskreno kazhano, ne si go poshtuvame i ne si go skame jazikot, mozhebi i jas spagjam vo taa grupa, zoshto koga gi otkriv ubavinite na Germanskiot jazik sfativ kolku e siromashen nashiot za razlika od Germanskiot.Vo germanskiot jazik imash minimum pet varijanti za sekoj zbor, shto znachi imash golem izbor na izrazuvanje.
Gizo - aj te molam objasni... Dali zborish za deklinacii ili za razlichni zborovi i daj primer...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom