Во вашите умни главчиња, со
Љубов нека ви од
Ѕвонува мислата дека во оваа ку
Ќа промени во азбука нема да има.
Инаку, сум се изјаснил на темава уште одамна - заправо, на други теми - дека треба да си стојат и Љ и Ѕ, а овие скопскиве веќе еднаш да научат како се изговара Ќ. Нема да цитирам големи имиња лингвистички, ниту ќе зборам со чичко Људмил, ниту дали наместо Љ треба Ј или Л. Наместо Љ треба Љ и точка.
Ај, па така.
П.С.
Моево не е лингвистички поткрепено, само кога ќе изговорам илада, ијада и иљада (како што правилно се изговара илјада), некако се како различни зборови ми звучат. Можеби ме зеза дијалектот, ние имаме специфични (според мене најисправни, но подготвен сум за полемика) Љ и Ќ.
Богами, и бела, белја, беља и беја - сето различно звучи.