L
.Lost Angel.
Гостин
Начинот на кој се прославува Илинден длабоко е навлезен во клише кое е потребно да се промени за прославувањето да го добие вистинскиот и потребниот општонароден, а не партиски карактер.
Досегашниот концепт кој својата главна рамка ја има во украсената бина, полагање цвеќиња, говорот на некој од државните раководители исклучиво на Мечкин Kамен, Пелинце или сега и во Скопје и настапот на некое културно-уметничко друштво е надминат и потребно е да се направи нешто за одбележувањето на најголемиот национален празник да биде што подостоинствено.
Во размислувањата околу начините на празнувањата, најчесто се наведува и потребата тоа да се прави во најголемиот број градови во земјава, а не само на неколку локации. Kако пример за ова се наведува начинот на кој во САД се празнува големиот државен празник 4 Јули. Тогаш, практично, нема населба во САД која не е посебно украсена и во која нема одредени манифестации по повод празникот.
- Јас не би бегал и од тоа во нашето празнување да се внесат одредени „холивудски“ елементи. Се со цел да имаме поголема анимација на луѓето. Не велам да се организираат некакви манифестации кои ќе претставуваат кич, туку нешто посериозно кое ќе може да ги анимира луѓето - смета универзитетски професор Ѓорѓи Тоновски.
Извор http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=88298C81B9E28344AE696A56634EE5B0
Најискрено веќе мене мие здосадено од тоа да држи еден говор и само на неколку локации да има празнување. според мене мислам дека треба да се празнува во цела Р.Македонија а не само на одредени локации. ова веќе стана дефинитивно клише тоа па тоа па тоа. та едно исто

Што мислите вие? дали треба да се промени начинот празнувањето не само на илиден и на сите останати празники кои се од голема важност ?