Начинот на кој се прославува Илинден - клише или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
Начинот на кој се прославува Илинден длабоко е навлезен во клише кое е потребно да се промени за прославувањето да го добие вистинскиот и потребниот општонароден, а не партиски карактер.

Досегашниот концепт кој својата главна рамка ја има во украсената бина, полагање цвеќиња, говорот на некој од државните раководители исклучиво на Мечкин Kамен, Пелинце или сега и во Скопје и настапот на некое културно-уметничко друштво е надминат и потребно е да се направи нешто за одбележувањето на најголемиот национален празник да биде што подостоинствено.

Во размислувањата околу начините на празнувањата, најчесто се наведува и потребата тоа да се прави во најголемиот број градови во земјава, а не само на неколку локации. Kако пример за ова се наведува начинот на кој во САД се празнува големиот државен празник 4 Јули. Тогаш, практично, нема населба во САД која не е посебно украсена и во која нема одредени манифестации по повод празникот.

- Јас не би бегал и од тоа во нашето празнување да се внесат одредени „холивудски“ елементи. Се со цел да имаме поголема анимација на луѓето. Не велам да се организираат некакви манифестации кои ќе претставуваат кич, туку нешто посериозно кое ќе може да ги анимира луѓето - смета универзитетски професор Ѓорѓи Тоновски.
Извор http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=88298C81B9E28344AE696A56634EE5B0

Најискрено веќе мене мие здосадено од тоа да држи еден говор и само на неколку локации да има празнување. според мене мислам дека треба да се празнува во цела Р.Македонија а не само на одредени локации. ова веќе стана дефинитивно клише тоа па тоа па тоа. та едно исто :cautious:

Што мислите вие? дали треба да се промени начинот празнувањето не само на илиден и на сите останати празники кои се од голема важност ?
 
Епа ако гледаш така Илинден секогаш ќе биде партиски празник бидејќи говорот го држат претседателот и премиерот :):):):)
Иначе Илинден јас си го прославив во Маврово.
 
Стандард Илинден се прославува на Мечкин Камен, Пелинце, некоја плажа во Атинската република.
 
Илинден - ни остави анамет, да се почитува и слави
и треба да се слави во секое место,село,град и во секој дом.
Илинденското востание не беше само во Крушево.
Беше во цела Македонија и за ослободување на цела Македонија.
---------------------
И јас сум да се смени нешто,да ни влезе во крвта националното,и да почнеме повеќе да ги почитуваме двата Илиндена и славиме.
Ама како кога и на Илинден,некој ги отвараат маркетите и сл.
( е не бев,не приметив дали и градежниците од Скопје 2014-одмараа.
 
Илинден - ни остави анамет, да се почитува и слави
и треба да се слави во секое место,село,град и во секој дом.
Илинденското востание не беше само во Крушево.
Беше во цела Македонија и за ослободување на цела Македонија.
---------------------
И јас сум да се смени нешто,да ни влезе во крвта националното,и да почнеме повеќе да ги почитуваме двата Илиндена и славиме.
Ама како кога и на Илинден,некој ги отвараат маркетите и сл.
( е не бев,не приметив дали и градежниците од Скопје 2014-одмараа.
И јас сум за да се слави во Цела Македонија Луѓето кои порано што се бореа повеќето не ги почитуваат работат на тој ден :mad: И не треба само во крушево и во уште 2-3 места туку треба да има голема прослава. а и не само истото како и секоја година :)
--- надополнето: 5 август 2012 во 22:48 ---
Илинден - ни остави анамет, да се почитува и слави
и треба да се слави во секое место,село,град и во секој дом.
Илинденското востание не беше само во Крушево.
Беше во цела Македонија и за ослободување на цела Македонија.
---------------------
И јас сум да се смени нешто,да ни влезе во крвта националното,и да почнеме повеќе да ги почитуваме двата Илиндена и славиме.
Ама како кога и на Илинден,некој ги отвараат маркетите и сл.
( е не бев,не приметив дали и градежниците од Скопје 2014-одмараа.
И јас сум за да се слави во Цела Македонија Луѓето кои порано што се бореа повеќето не ги почитуваат работат на тој ден :mad: И не треба само во крушево и во уште 2-3 места туку треба да има голема прослава. а и не само истото како и секоја година :)
 
Епа ако гледаш така Илинден секогаш ќе биде партиски празник бидејќи говорот го држат претседателот и премиерот :):):):)
Иначе Илинден јас си го прославив во Маврово.

Додека не се работи не е клише :DDDD
 
Илинден се прославува на повеќе локации од Пелинце, Мечкин Камен (Крушево)
Илинденско Востание се крева низ цела држава. Битолскиот округ е најспремен и дава најдобар резултат Крушевска Република, затоа и акцентот се става таму. Меморијалниот центар на АСНОМ се изгради кај Пелинце на два км од Прохор Пчињски. АСНОМ е основа на државноста и борбата.
Инаку се прославуваше и во Смилево, Козица, во Егеј, Прилеп, Пробиштип, Делчево, Скопје...
А традиционално најмногу граѓани најголемиот македонски празник го прославуваа во Грција и во Охрид
Tоа што не се прославува апсолутно во секој град не е до централната власт колку што е до локалната и до народот, затоа што некои градови се празни за Илинден оти повеќето се држат до традицијата спомената во претходната реченица.
 
Како може да се прави споредба со 4ти јули во Америка и Илинден во Македонија? Мислам сериозно? Како?
Се разбира дека прославата ќе биде сконцентрирана на Пелинце и Крушево, каде да биде?
Клише прослава...
Леле бе. Леле. Леле.
Дај секоја година да ја менуваме историјата и важноста на Илинден за Македонија и македонскиот народ и секоја година да го славиме на различни локации, со журки и се, за да не биде досадно и клише...:tapp::tapp::tapp::tapp:
Никола Карев и Ченто и останатите македонски херои се превртуваат во гроб. За што тоа они се бореле? За денес да зборуваме како славење на еден од најголемите денови во македонската историја (1903 и 1945 подеднакво за мене се битни) е досадно пошо било монотоно? Битно е да се чествува нивното име, да се обележи денот, а не на нас да ни биде интересно. Па уште споредби со 4ти јули во Америка. Алоооо бе, различен празник, различна култура бе! Шо не слават они како нас?

Досадно било, клише било...

Не заслужил овој народ да има херои...
 
Јас незнам зошто овие херои што денес некои антиталенти ги чествуваат воопшто си го давале животот! За што?...
Слава им вечна, имале идеали, цели, храброст, нешто што денес е реткост!
Како што кажа девојкава погоре, навистина не заслужува!
 
Илинден Пелинце 02.08.2026!
(прв дел празнување во Пелинце -село во општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово).
го следев директниот пренос на националната телевизија.

1000021412.jpg

...се приклучив во следење на програмата кога се свиреше само инструментално македонската химна со џез звуци од Џез оркестар и морам да го искажам моето незадоволство, можеби се сакаше да не биде исто, клише на празнување, па организаторите задолжени можеби „на нешто поинаку“ одлучиле за џез изведба.

...лично мене, а можеби и на многу други џез стилот е можеби не толку прифатлив како музички правец, посебно да се исвири химната на Македонија, со такви бавни ноти, повеќе се слушаше како маче да цвили, како да испушта душа некоја песна, страшно лошо изведена со многу лош ритам, чиста утка, искрено вака само на погреб можеби ќе поминеше ситамот и звуците, жалосно ние имаме по звучност убава силна химна.

1000021411.jpg

друга утка што не смее да се случи е неписменоста на новинарите или тие кои се одговорни за овој текст/банер на национална телевизија, не знам по кои правила двојката на датумот се пишува сама без нула пред неа, треба нели, 02.08.2026.

1000021408.jpg

следна утка за официјалните гости да не се направи некоја платнена покривка, привремен шатор, како што е тој во позадина, за гостите да не ги удира сонце што денес тера и до 40 степени, гостите дојдени со почит официјално облечени во костуми, а оставени да стојат на нозе и под такво силно сонце, ццц ццц добро што никој не се онесвести,

1000021410.jpg
1000021409.jpg
1000021407.jpg

позитивно според мене е што говорот на Претседателот на влада Х.Мицковски беше краток и концизен и не ги „малтретираше“ присутните како што правеле порано другита читајќи долги реферати.
 
Последно уредено:
Импресии? Дај детална анализа не овака со клифхангер.
 
Илинден 02.08.2026 Скопје
(втор дел празнување на плоштадот Македдонија во Скопје).

чествување на плоштадот Македонија пред споменикот на Методија Андонов - Ченто посветен на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ и важен македонски национален деец.


1000021438.jpg

на прв поглед присуство на народот за ваков важен македонски празник барем според изнесеното е како за некоја локална работа, а не за таков важен државен национален празник Илинден ( очигледно му ја киднале сите поради продолжениот викенд во Грција.)

1000021440.jpg

за ова официјалното одбележување на празникот Илинден на плоштадот Македонија во Скопје беа задолжени дамите, предводени со Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.


1000021442.jpg

на фотографијата најдесно е оперскиот пеач Никола Стојчевски, кој извонредно ја испеа македонската химна со зборови и многу силно звучеше, онака како треба да се испее една химна!

1000021439.jpg

толку добро и природно звучеше дури и јас добив патриотски нагон и ја испеав на силен глас со него, така треба една химна да се испее, а не мјау, мјау џез оркестар во Пелинци (највероватно компромис да не се навреди некој од присутните, избалансирале џезерски).

1000021441.jpg

... говорот на Претседателката малку подолг но со концизни зборови, опишувајќи ја македонската илинденска историја, како и партизанската историја (антифашистичка) и заслугата на македонскиот народен херој Методија Андонов - Ченто во македонската историја како прв претседател на Президиумот на АСНОМ.
... со еден збор Претседателката Гордана Сиљановска Давкова безпрекорно го одбележа официјалниот дел на празникот Илинден на плоштадот Македонија во Скопје, Господово лето 02.08.2026!

:oeoeoe:
 
Последно уредено:
Илинден 02.08.2026 Крушево
(трет дел празнување на Мечкин Камен, Крушево).

централната прослава по повод националниот празник Илинден и 123 години од Илинденско востание се одржа во Крушево, со традиционални чествувања на повеќе историски локации во градот и на местото наречено Мечкин Камен, предводена од потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски.

1000021457.jpg

официјалните делегации оддадоа почит со положување свежо цвеќе на гробот на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев, како и на споменикот на хероите на месноста „Слива“.

1000021466.jpg1000021464.jpg

...120 до 140 Илинденски коњаници како дел од Илинденски марш свечано влегоа покрај насобраниот народ од присутната маса, од скопската коњаница (Горно Лисиче) 48-ми по ред коњанички марш околу 40 коњаници (меѓу кои и пет девојки), тие го јавале најдолгиот пат преку Велес (Чашка Богомила, па Прилеп Кривогаштани) додека директно на пречекот се приклучиле организирани групи јавачи од Радовиш, Кочани, Свети Николе, Кичево и Битола.

1000021458.jpg

во храмот „Свети Никола“ во центарот на Крушево се одржа традиционална панихида за загинатите востаници.

1000021465.jpg

главниот народен собир започна со интонирање на националната химна „Денес над Македонија“ од познатиот македонски оперски пејач Игор Дурловски, па следуваше културно-уметничка програма со настап на националниот ансамбл НУ „Танец“.

1000021460.jpg

насобран народ имаше малку помалку кога беше организирано од истата власт порано, највероватно важно е и кој лидерот, но како и да искрени желби на насобраните со желби за подобар живот во Македонија.

1000021462.jpg

... во говорот на Мечкин Камен, потпретседателот на Собранието Антонио Милошевски порача дека демографијата и опстанокот на нацијата се современата борба за Македонија, нагласувајќи дека одговорноста за создавање семејство и зачувувањето на националниот идентитет се клучниот завет од Илинденците.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom