мене не ми промакна, јас си го разбрав како што пишав погоре. мојата чудесна земја, а мојата е светов, немам една земја. се надевам само дека следните теми нема да бидат поврзани исклучиво со мк, зашто тогаш ќе бидам приморана и да се откажам
Вака беше описот:
Троа порано ја отворам темава, ама морам да се исклучам, па затоа ќе ми простите (се надевам). Немојте насловот да го сфатите како фаќање сеир на истоимената скеч-ТВ-серија со Владо Јовановски, а проект на Владата на Република Македонија! Напротив, мое лично мислење е дека тоа е впрочем еден од проектите на Владата кои најмогу вредат.
Немојте ниту пак да помислите дека темата е насочена против нашата држава и дека целта ми е да ја прикажам Македонија во лошо светло (како што едно време новинарите го обвинуваа еден од најголемите наши уметници - Милчо Манчевски). Пак напротив - целта ми е само да покажеме (сите заедно) дека има естетика и во она секојдневното што не опкружува и што за жал е наша реалност.
Значи: овековечете ги сите оние моменти кои ги има насекаде околу нас, а не би требало да ги има: гладни, боси, голи, бездомници, просачи, трошни куќички среде шума од згради, беда, сиромаштија, испукани улици со вирови колку Тихи Океан штом заврне и што ли уште не... Му благодарам на @@Let 3што ми помогна во дефинирањето на овој вид фотографија: се работи за некој вид фотографија со социјално-документарна тематика. Се надевам дека убаво објаснив што всушност се бара овојпат. Ако не, слободно прашајте во темата за дискусии:
ТУКА!
За темава бев поттикнат од две прекрасни фотографии кои совршено ја отсликуваат контрастната ситуација во државава: првата беше на некој италијански фотограф, објавена во публикација за Постколонијализмот на која на Бит пазар во преден план е фотографирано дете Ромче - босо и голо, додека во позадина се гледа ултрамодерен билборд со реклама која навистина чини пари. Оваа не успеав да ја најдам за да ја постирам тука, но затоа ја најдов втората: