Воспитувањето на едно дете започнува во домот. Тука нема дискусија.
Училиштето пак, прво е воспитна, а дури потоа е образовна институција. (барем по дефиниција).
Не велам дека децата денес се цвеќиња за мирисање, далеку од тоа. Децата денес се посебна приказна и сето тоа благодарение на родителите, но тоа е друга тема. Во случајов наставников е ВИНОВЕН и нема оправдување. Наставникот е возрасна личност, тој кога завршувал педагошки факултет знаел дека ќе работи со деца. Еден наставник не смее да си дозволи ваков пристап, нити пак вакво однесување кон еден ученик, без разлика што ученикот направил. Еден наставник треба да е свесен и да знае какви се децата денес, еден наставник треба да им служи како пример на децата, како треба да се однесуваат, да ги насочи, да им покаже. Доколку пак наставникот не може да се справи со одредени ученици, си има служби во училиштето, кои треба да си ја завршат работата. Не е работа на наставникот да шамара, тресе, турка, емоционално понижува пред цело одделение.
И јас сум од време каде што наставниците вршеа тортура кон одредени ученици. Но денес се ставам во улога ова малтретирано дете да е мое дете. И барем за момент размислете, што вие како родител би направиле, доколку тоа дете било ваше дете.
Тука може само да претпоставуваме која е причината зошто наставникот вака полудел. Но што и да направил ученикот, на наставникот не е работа да се однесува на таков примитивен начин со едно дете.