Насилство од наставник врз ученик

Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Дигитализација. Се од информација ти е достапно во неколку секунди, само да знаеш да гуглаш. Учениците уште на 7-8 години стануваат подвижни факт чекери на тоа што наставниците го кажуваат, а концептот им е досаден, затоа што тоа што го слушаат е достапно и на јутуб видео во многу позабавен формат за нив.

Наставниците мора да се адаптираат на тоа, информацијата сама по себе не е доволна за задржување на внимание. Мора да станат поинтерактивни.
Ги заболе наставниците за вниманието на учениците. Гледаат да го истуркаат денот,99% од нив имаат 0 желба за работа. До негде ги разбирам со тие плати, ама па што се нафатиле?
@ob1 Што мислиш овој како е влезен :D Тие екс ју професори се во пензија веќе.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.665
Ги заболе наставниците за вниманието на учениците. Гледаат да го истуркаат денот,99% од нив имаат 0 желба за работа. До негде ги разбирам со тие плати, ама па што се нафатиле?
Да, ама ги боли кога не се респектирани од истите ученици. Образование е заебана тема, на нејзе го јадеше и Никола, и Заев сега, иако со банална идеја да тргне хартиени учебници. За нешто суштински да се смени, треба некој многу похрабри одлуки да донесе и да го преживее револтот.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
За тоа какво е општеството и какви ни се децата, самите сме криви. Децата се под сукњата на мајката и се се криви сите, освен нашето дете. Па така:
- Туѓите деца се невоспитани и го наведуваат детето на лоши работи
- Воспитачките у градинка не му обрнуваат внимани доволно
- Учителката не ја бива
- Наставникот се занесуе
- Професорот не го сака
- работодавецот не му дава шанса од страв да не му го украде бизнидот.


Сите се криви освен ние и нашите деца.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.931
Не смее вака наставник во денешно време, нема никакво оправдување.

Инаку кога сме кај шамари, имам изедено еден сочен шамар, бидејќи другарче од класот направи беља и кога наставничката се сврте, копитото покажа на мене со прст и се направи невин. Изедов тежок шамар по што се расплакав и отидов право кај директорот, мислам дека ми ги викнаа родителите на состанок после ден два и не знам што им кажале и што се случи понатаму.

Но знам дека имав трауми доста време затоа што бев мирно дете и на памет не ми паѓаше дека нешто такво може да ми се случи од наставник. Надвор трпев bullying од морони ама внатре не верував дека нешто такво е можно и ми дојде како тотален шок.

Фаст-форвард 25 години подоцна отворам весник и читам дека копитото завршило во затвор, станал џанкер и се обидел да ограби куќа. Нема да лажам, почувствував мала сатисфакција...
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.765
Поени од реакции
9.559
Ај сега кажи ни, им посакуваш на твоите деца и внуци професори какви што си имала? Не брзај со одговорот :D
Да, повеќето од професорите беа во права смисла добро поткован искусен кадар,, како педагози така и психолози, а најбитно што учевме од нивни учебници кои самите ги напишале.
Денешниве професори воопшто не се замараат колку знаење ќе им дадат на децата, битно да пројдат 45 мин.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.246
Да, ама ги боли кога не се респектирани од истите ученици. Образование е заебана тема, на нејзе го јадеше и Никола, и Заев сега, иако со банална идеја да тргне хартиени учебници. За нешто суштински да се смени, треба некој многу похрабри одлуки да донесе и да го преживее револтот.
Мене секогаш ме изненадува како успеваат да бидат толку гласни. Добри 90% од кадарот во средните и основните училишта се тотално утепани гревови кои да не се на тоа работно место најверојатно за леб би трпеле...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.665
Мене секогаш ме изненадува како успеваат да бидат толку гласни. Добри 90% од кадарот во средните и основните училишта се тотално утепани гревови кои да не се на тоа работно место најверојатно за леб би трпеле...
Деца се осетлива тема и лесно се игра со емоциите на родителите.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.471
Поени од реакции
5.474
Немаат почит зашто не заслужиле почит. Тие што заслужиле имаат, и без да кренат рака.
Најреален муабет!
Имавме наставници/професори што дали 1-2 пати се раздрале во училница а сепак сите сме ги слушале и поштувале. Ама јебига знаеле како треба.

Јас само не сфаќам како почит од тинејџер ќе стекнеш со ќутек. Со сите хормони што вријат само агресија и револт ќе му набуташ на детето.
Почит се ЗАСЛУЖУВА не се добива по автоматизам.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.246
И околу дискусијата за тие постарите кадри, кои наводно биле квалитетниот кадар каков што денес немаме... Се сеќавам дека јас имав некои наставници од тие старите генерации, родени доцни 30-ти или рани 40-ти. Тоа беа потполно истите ситно поткупливи малограѓански мивки какви што се мнозинство и денес. Се сеќавам измислуваа задачи да се опише потесниот круг на семејството, во кои имаше вметнато прашања од типот Што работат вашите родители? и сл...

Едноставна е вистината, децата ви ги воспитуваат беди кои се сè спротивно на пристоен човек, мизерии кои не зачувале грам лично достоинство...
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.471
Поени од реакции
5.474
У кратки црти.

Како за народ што многу плука/ше по полициска бруталност, некако многу браните насилство врз ДЕТЕ од страна на ВОЗРАСЕН ЧОВЕК. :)











Колку пари толку музика, со чест на исклучоци, ама за 25к ретко кој способен ќе се нафати да вее знаме со години, да оди како приправник за 200 евра, па после да се расправа со невоспитани деца и родители за 400 евра.
Никој не те тера ти да киснеш по штабови и да фаќаш врски само за да успееш да се вработиш како наставник/професор ако ти тоа не сакаш да го работиш или пак немаш нерви.
Од друга страна и никој не те тера ти да продолжиш да работиш како наставник/професор ако увидиш дека таа работа НЕ ТИ СЕ СВИЃА/НЕ Е ЗА ТЕБЕ.

Еве, Веро и Тинекс имаат цело време отворени огласи за работа. :D
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.246
Еве, Веро и Тинекс имаат цело време отворени огласи за работа. :D
Не можат глувците тоа да го работат. Веро и Тинекс имаат обем на работа и нема простор за ескивирање и легачење. Ќе ги убие темпото и рутината.
 
Член од
12 април 2020
Мислења
468
Поени од реакции
866
Во средно кога бев, не голем одмор сите цигара палевме и од една тргавме по некое димче, наредени у круг така, ама кога ни налета еден професор, па кога не ишамара сите, но тогаш ниту дома не смеевме да се пожалиме оти уште по еден ќотек и од родителите ќе добиевме.
Други времиња беа тоа.
E тоа дома беше јакото. Вака коа се присетувам секое прво тромесечие после родителска... Класика, прво тромесечие цели класови со кецовите.
Следниот ден почнува час и професорката по историја позната по давање кецови. Ама она опасна, подмукла беше прво точка ставаше во дневникот и пред родителска таа точка станување кец. прва реченица на тој прв час после родителска од прво тромесечие и беше : „Г**овите којзнае какви ви се од сношти, ренде. Ќе можете да издржите седнати цел час?„ Е тоа беше резил, и да не си јал ќотек џабе ти е, кој ќе ти верува... Имаше учители што знеја со збор да ти направат таков срам цел живот да го памтиш.
Овие денешниве вода можат да им носат. Таа стара јна школа не маваше силно, ама знаеше како.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.662
Поени од реакции
34.956
Па има секакви деца, ама еден професор глеаме како малтретира дете. Така да логично е во него да е проблемот, инаку ќе бевме преплавени со вакви видеа. Сите сакате да се селите во странство во земји каде професоров би лежел затвор, а тука мудрувате со југославија муабети. Нема што да осудуваш ти или не, овој треба да е казнет а детето ако направило беља ќе си го дисциплинираат на друг начин. Ако го извадило од такт детето, не е работа со деца за него. Нека иде да работи утовар истовар. Никој не го терал, туку фаќал врски за да се вработи тука. Уште тоа ни фали, штабски пацови да им делат шамари на децата.
Автоматски споено мислење:


Мене ми бил одвратен од секогаш, уште дур сум идел ја во школо. Ама повеќето го сакаат, така да нема што да се мења тука.
Така е, ама во тие земји таквите ученици после 2 опомени завршуваат во најчкарт школи од каде иднината унапред им е предодредена што и до каде може да бидат. Не секоја будала може да заврши и на ок факултет, а уште помалку и да има добра работа.
Тука ваквите ќе бидат на советничка чиста и некаков кур фактор.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Нема шанси да напишеш став кој е против новите модерни текови.Одма одговорот е па дете е! Абе дете ти е тебе, мене ми е ученик, учесник во процесот на образование, како странка која треба да го прими моето знаење. А не тато и мама во странство, детето на школо, кога ќе дојдат ќе си го приберат :facepalm: како овца да е :cenzura:. Во право е Дарлинг, дај им телефоните и гледај да не се потепаат или да не снимаат нудес на час и мирна глава. Таков е процесот дома, што ќе им кршиш филм на децата, па тие се само деца!
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.662
Поени од реакции
34.956
У кратки црти.

Како за народ што многу плука/ше по полициска бруталност, некако многу браните насилство врз ДЕТЕ од страна на ВОЗРАСЕН ЧОВЕК. :)













Никој не те тера ти да киснеш по штабови и да фаќаш врски само за да успееш да се вработиш како наставник/професор ако ти тоа не сакаш да го работиш или пак немаш нерви.
Од друга страна и никој не те тера ти да продолжиш да работиш како наставник/професор ако увидиш дека таа работа НЕ ТИ СЕ СВИЃА/НЕ Е ЗА ТЕБЕ.

Еве, Веро и Тинекс имаат цело време отворени огласи за работа. :D
Кој вика дека браниме?

Па тука е левелот, не дека поасални се од тие на каса, само со подобри врски.
Автоматски споено мислење:

Дигитализација. Се од информација ти е достапно во неколку секунди, само да знаеш да гуглаш. Учениците уште на 7-8 години стануваат подвижни факт чекери на тоа што наставниците го кажуваат, а концептот им е досаден, затоа што тоа што го слушаат е достапно и на јутуб видео во многу позабавен формат за нив.

Наставниците мора да се адаптираат на тоа, информацијата сама по себе не е доволна за задржување на внимание. Мора да станат поинтерактивни.
Некој да те прочита некој од академиите, одма ќе ти каже дека така нема да научат ништо :D
Автоматски споено мислење:

Не оправдувам тепање на дете од страна на професор, ниту па малтретирање од страна на истиот врз детето.

Али многу повеќе ќе почитувам ваков професор, отколку денешниот нов професор што е партиски влезен, служи само за глас на избори, појма нема од материјата за која што предава, се улижува кај професорите за добивање на скапи поклони за 8-ми Март, нема никаков авторитет, лесно е поткуплив и најлошото од се е што на секој можен социјален медиум што го има е пријател со 90% од родителите на децата.

Сите ја осудуваме "старата" гарда и генерација на професори која што има мноооооогу фалинки и маани.
Ама ајде малце да позборуваме за "новиве" професори и колку од нив се потрудиле да пренесат некакво знаење на децата или да го образуваат?
Друже и старите беа поткупливи, тој што ми беше по Историја во основно пред сите бараше мито. Имав школски што чуваа овци, се скапаа влечење канти со сирење и јагниња за една прелазна.
Трул ни е системот, што од претходниот систем, што од браќата сега. Сите се научени со частење да завршат работа, па затоа имаме: неписмени генерации, нефункционално судство, лудаци во сообраќај и тн.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom