Прочитав еден екстремен ултра-националистички став пред некоја страница од еден член кој на аватар имаше симбол white pride !!!
Абе луѓе треба да постои овдека силна правна држава која ќе биде еднаква за секого т.е. секој според своите дела да си одговара и треба да има демократија, развој на демократските процеси, слобода на изразување, слобода на живот, слобода и безбедност на живеење, работење, движење, културно придвижување према западниот свет и.т.н.
Се лажете ако мислите дека со ултра-национализам ќе се постигне нешто нас местото ни е во ЕУ и НАТО што повеќе се изолираме како држава и како народ толку полошо за нас самите, исфрлете ги тие национал-социјалистички идеи од глава за етнички, религиски и расно 100% чисти и хомогени држави ... 100% истребување на малцинствата ? ... во Македонија една третина од народот се малцинства и не се сите малцинства Албанци ... не ги судете и генерализирајте луѓето по нацијата, религијата, расата кон која припаѓаат ... општо зборам значи национал-социјализмот не е иднината туку иднината е интеграција во ЕУ и НАТО нешто за што моменталните политичари кои не водат не се заинтересирани и немаат желба да не помрднат ни една педа во тој правец !