Детето нека почива во мир, сочуство до семејството и упатувам повик за најбрзо расчистување на случајот од страна на МВР и најстрога казна за сторителот/сторителите.
За разлика од другите јас нема да повикувам на етничко чистење и слично. Оправдувам граѓанска непослушност и покажување на незадоволство кон Полицијата и другите институции.
Тоа што се случи вечерва во Ѓорче Петров, палењето, кршењето и уништувањето на објекти во приватна сопственост на Албанци, никако не го оправдувам.
Слободата која им е дадена на Албанците да носат оружје и да прават што ќе им дојде на ум доаѓа од негрижата на институциите. Додека во бивша ЈУ постоеле закони и се спроведувале (и тогаш имало Албанци, не заборавајте!) од '91 па наваму се е тргнато надолу.
Причина? Лични интереси. Ќе ве оставам сами да размислите кои се тие.
Да ги натераме институциите да си ја вршат нивната работа како што треба и да го поправиме судството и никаквиот правен систем. Ова се идеалите за кои се залагам.
Додека сме кај оружје - чести контроли по куќите, комбињата со кои вршат превоз, средните училишта и затворски казни.
Наместо полицијата да пие кафиња, јаде буреци и седи во локалната биртија - секогаш да има ангажман и да брка криминалци.
Сигурен сум дека кога би имале доверба во правниот систем, судството и полицијата, наместо сами да го бркаат сторителот ќе го пријавеле во Полиција кои треба да си ја завршат нивната работа. Бидејќи тоа не е случај односно полицијата и сите други наведени институции не функционираат, ќе се случуваат вакви немили настани.