Дечки, иако на сите нас ни идад агресорни нагони после ваква грозна вест, не повикувајте на војна.
Барем јас молам бога да не се повтори 2001, и сите што ја искусиле од близу и изгубиле некој близок во местенката наречена војна знаете за што ви зборам...
Ваквите работи треба да се спречат, а не да се лечат.
Не викам дека полицијата може да не штити истовремено, ама викам дека можат да бидат поозбилни и да дадат посериозна слика отколку овие смешници во униформи сега што ги гледаме.
Навечер, наместо да се на дежурство, по флиперниците и по кафетериите неможеш слободно место од нив да фатиш, комотно ти даваат стимул за да си работаш на криминалот слободно, кога знаеш дека сите играат сони и биљард наместо да се на улица.
И од тука почнуваат сите проблеми, од несериозното МВР, преку "независното судство" што за едни е мајка, а за други е маќеа.. па командата од министерот за правда...
Со еден збор, ни полицијата те штити од внатре, ни војската од надвор, ниту пак судството те штити ако немаш кеш да пуштиш под маса или пак врски у влада да ти ја средат пресудата... или уште пократко, никој за ништо не те штити... останува да си купиш пушка и сам себе да се штитиш...