Народни Херои од Македонија

  • Креатор на темата Anco
  • Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Сите народни херои од Македонија тука. Да напишеме за нив она што и досега е напишано но и она нешто друго по непознато за пошироката јавност. По ред за секого.Може да се земе како ред,слично на денешен ден,во оваа прилика најприлагодно денот на загинувањето,т.с.тие денови де се пишува за тој Херој. ( во ред сите и не загинаа )
јас ќе почнам со Народниот Херој на Македонија- Оливера Јоциќ - Вера
Таа ноќ на 22 мај 1944 година таа почина. Многу книги имам од нејзината бригада а и други книги за НОВ каде се опишува борбата и нејзиното загинување,но овдека ќе пренесам не многу познато а можеби и највистинито за тој настан од една не толку партизанска Книга.
Смрта на Вера Јоциќ
...„ Задачата беше да се ликвидира едно непријателско упориште и да се направи пат за пробив на единиците.Тргнаа по стрмнините.Кога се приближија,непријателот ги забележа и отвори оган на нив.Притоа сите залегнаа,а пушкомитралезецот Благоја ги засипа со куршуми Бугарите.Другите фрлија неколку бомби,но не успеаја да ги уништат.
Во еден момент Вера храбро се поткрена за да види каде е непријателот и да го спроведе планот за заобиколување.Но во истиот момент,уште додека се исправаше,слушнавме силен истрел.Вара само офна и падна погодена од душманскиот куршум.Сите беа изненадени и збунети.Ова не го очекуваа. Вера беше неверојатно храбра и снаодлива како борец.Таа помина многу потешки борби и успеваше да излезе како победник.Поради тоа сите борци во батаљонот со голема почит се однесуваа кон неа.Таа умееше да ги инспирира и да ги одушеви борците во борбите протув непријателот.
Кога видоа што стана, веднаш се договорија да се повлечат и Вера да ја однесат во батаљонот.Додека се повлекуваа,една друга група ги штитеше.Се искачија на висот каде што беа партизанските единици и на Вера веднаш и беше укажана прва помош.Но се гледаше дека раната е многу голема.Беше ранета во стомакот.Сепак бугарското упориште беше ликвидирано од друга група.

Ноќта на 20 мај го продолжија маршот кон селото Кнежево-Ермирица,па према Појатите Лопате,со цел да се одалечат од непријателот.Тука малку одморива.За сето време Вера ја носеа со нив,на носила како тежок раненик.Судири со непријателот немаше,но тој постојано ги следеше и ги гледаа неговите колони како се движат по височините.Борците беа многу изморени и избегнуваа борба со непријателот.Се движеа низ шумските реони во насока кон Саса.На тој марш толку се беа измориле,што спиева и одеа. Во еден момент беше заспал Гога.Наишол Вангел Мојсов и му удрил една шлаканица за да се разбуди.
Кога стигнаа во Саса беше темна ноќ.Се разместија по куќите за да се најранат и одморат.
Селаните им дадоа јадење,но тие толку беа изморени не го ни погледнуваа.Многу од нив веднаш заспаа.Саланите многу ги сожалуваа.
Вера Јоциќ беше сместена во една од првите куќи во селото и и беше укажана помош.Ноќта,по полноќ,Васко Карангелески,командант на батаљонот,го повика Гога Силески,и му нареди да остане во селото и да се грижи за Вера Јоциќ.Му рече дека е таа тешко ранета и секое натамошно
нејзино носење само и ја влошува положбата.Притоа му беше речено дека е оставена уште една група која има задача заедно со Гога да се грижи за Вера.Гога со себе го задржи и Крсте од Конско
Кој го познаваше теренот.
Уште во раните утрински часови батаљонот заедно со Осоговската група го продолжи маршот кон врвовите Омар и Обозна. Гога и Крсте се подггвотвуваа да излазат и ја најдат куќата каде беше сместена Вера.Само што излегоа од куќата наидоа непријателски авиони и го бомбардираа селото.Не помина многу време во селото навлезе бугарската фашистичка војска.Гога и Крсте се најдоа блокирани од сите страни.Полека незабележливо се извлекоа и по реката отидоа во една воденица. Во неа најдоа еден воденичар кој им даде леб и ги засолни во блиската шумичка.Тука останаа цел ден.Не успеаја да појдат во куќата во која беше Вера сместена.По некое време кај нив дојде воденичарот и им кажа дека ранетата девојка што била оставена во куќата во селото починала.Им беше јасно дека тоа се однесува на Вера,зашто само таа беше оставена во селото.
-----------------------------------------
Ако куршум младост ти зграби
немој да жалиш, немој да тажиш.
Огнени очи не ќе ти свенат:
илјада срца со жар ќе полниш
илјада борци в борба ќе кренат.

извор: „Окупирани - Непобедени“ , Миле Стефановски , Веда ,Скопје 2002
 

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.302
Пред десет години, тој го бранеше своето село од припадниците на ОНА. Пред 10 години храбро војуваше за слобода на Лешок и зачувување на слободата на Македонија. Пред десет години, Ѓоко Лазаревски го даде својот живот за селаните, за Лешок, за Македонија.


Незаборавен, од оние што знаат дека нема поголема доблест и нема поголема вредност од тоа да се сака ближниот и да се сака татковината повеќе од самиот себе.Токму такво е делото на херојот Ѓоко Лазаревски.
Лазаревски е еден од македонските херои на поновата историја кој со својот живот ја покажа лојалноста кон неговата татковина.
Како резервист Ѓоко сам се пријавува и оди да се бори за својата татковина.
Тој и четворица негови другари неколку дена активно го бранат селото од нападите. Иако добива наредба да го напушти селото, Лазаревски останува на своја одговорност , храбро соочувајќи се со нападите. Успева да ги задржи припадниците на ОНА, за да може селаните да се евакуираат и останува последен.
По неколкудневната борба, Лазаревски е свесен дека повеќе неможат да го издржат притисокот и да возвратат на нападите. Тој им јавува на селаните и неговите најблиски да се евакуираат што е можно побрзо.
Овој голем човек, останува храбро да се бори до крај. Погоден во главата, Ѓоко ја завршува својата битка за Македонија.
Поради неможноста да биде погребан во родниот Лешок, кој во тоа време е освоен од припадниците на ОНА, вечното почивалиште на Лазаревски се наоѓа на гробиштата во Ѓорче Петров.
По убиството на Ѓоко и освојувањето на Лешок припадниците на ОНА ќе го срушат и Лешочкиот Манастир.
Неможноста да биде погребан во своето родно село тешко ја погоди неговата мајка, која и денес со солзи и болка уште еднаш запали свеќа на гробот на нејзиниот син каде се одржа 10-годишниот помен.
Последните зборови на Лазаревски „Не Ве остава Ѓоко Вас“, оставија траен белег кај неговите другари кои и во последните моменти беа со него, кај сите кои го познаваа, но и кај оние кои се свесни за неговото херојско дело.
-Почивај во мир голем човеку, ти не загина залудно, ќе се сеќаваме секогаш на тебе. Затоа Сојузот на воени инвалиди на Македонија, по повод 10 години од загинувањето ќе покрене иницијатива за подигнување на спомен обележје во неговото родно место, како и покривање и уредување на неговиот гроб, а исто така и улица со неговото имe, истакнуваат со Сојузот на воени инвалиди.
Многумина неговото дело го препознаваат во стиховите од поемата „Сердарот“, „Бидете смели, нечесноста не ќе не плаши. Спомнете си кој ви навредувал земја и нека срцата охрабрат Ваши“.
Делата на Лазаревски, како и на сите останати вечно ќе се паметат. Херојството на македонските синови и нивната жртва ќе остане засекогаш запишана во македонската историја.

мислам дека заслужува внимание
https://www.facebook.com/pages/ЃОКО-ЛАЗАРЕВСКИ-МАКЕДОНСКИ-ХЕРОЈ/122149084477674


--- надополнето: 21 мај 2012 во 23:58 ---
....
--- надополнето: 22 мај 2012 во 00:02 ---
http://www.facebook.com/aco.braniteli


И ... Еве ме пофторно на ФБ.... Жив............................а за здрав....од 2001 година наваму ........ неможам да кажам ниту напишам.... ... После ранувањето кое го задобив откако при редовна контрола во граничен појас село Дворце према село Радуша налетавме на поставена заседа на патот ( организирана од доскорешниот пратеник, а тогаш селски учител, од неодамна директор на Македонски пошти) од село Радуша Скопско--- Рафис Алити-( Како командант на воените единици на УЧК за радушкиот регион) и... дезертираниот полициски резервист од с. Дворце и командир на полициските снаги на УЧК за радушкиот регион Адем Адеми....каде прво со една испукана ракета од РПГ рачен фрлач, која со свртување во десно со возилото Југо 55, се обидовме да ја избегнеме,но не погоди во левото предно тркало и при експлозијата на возачот(Трпевски З.) му го разнесе левото колено. При нашиот обид да го прегазиме напаѓачот (Командант Хоџа од УЧК),оштетеното возилото не влечеше десно кон амбис према реката Вардар, по што откако го изминавме на растојание од пет метри од позади нас го испука фториот проектл од РПГ рачниот фрлач, при што преку петата врата на багашникот која самата се отвори поради турбуленциите во и на возилото и проектилот падна и експлодира во самиот багашник од која експлозија, јас и возачот буквално бевме исфрлени надвор од возилото во амбисот према реката Вардар, додека полицаецот (Киров Д.) кој седеше на задното седиште од експлозијата беше изгорен во горниот дел на телото и главата и беше фрлен на подот помеѓу седиштата. По незнам колку време во бессознание, страотна пукотница и вриштење ме разбуди при

што прво го засолнив ранетиот колега З. покажувајќи му како да ја држи со рака покриена раната на коленото, а јас со автоматската пушка која цврсто ја држев уште пред самата експлозија репетирав се искачив до возилото и откако видов каде се наоѓаат напаѓачите почнав да пукам. Беше рафално и брзо го испразнив оквирот, а за цело тоа време ранетиот полицаец внатре од возилот викаже по мене...... Заменик вади ме од возилото. ........Возилото беше изрешетано, капеше бензин од резервоарот и секој момент можеше да се запали, јас ја отворив задната десна врата и полицаецот го повлеков према надвор ( истиот беше облеан со крв и ништо не гледаше), но ползеше. Го одведов со ползење до другиот колега и им реков да чекаат тука, а јас се вратив назад се качив до возилото...свиреа куршуми, рафали одекнуваа а летаа и нови гранати од РПГ, но јас морав да влезам во возилото и да ги земам автоматите на моите колеги и нашите раб торбици со резервни оквири со муниција, кое го сторив и пукав со сите три автомати од три страни на возилото према напаѓачите од УЧК.... Второто возило кое беше 50 метри позади нас--- Лада нива со тројца полицајци, откако не погодил и вториот проектил и одекнала експлозијата.....мислејќи дека сме мртви...со голема брзина .. прошишале покрај нас и напаѓачите и иако ранети и изрешетано возилото... стигнале на пунктот со полицајци лоциран на два километри од местото на заседата... и...... кажале... дека сме мртви... А јас цели четириесет минути пукав не дозволувајќи на напаѓачите да се доближат....Дури и по рачна радиостаница се обидував да воспоставам контакт и побарам помош, но поради длабнатината во која се наоѓавме немаше прием, а се обидував и по моб. тел... но бројот на ПС Рашче лоцирана во село Радуша....беше зафатен... и конечно добив врска и побарав помош....Испратија еден хермелин од караулата на АРМ- Радуша... која не евакуира до пунктот на полиција, а од таму....откако ги преврзав двајцата ранети полицајци и ги упатив со возило према Воена болница Скопје.....осетив јаки болки во десниот дел од колкот и паднав.
Се освестив во возило на АРМ на пат према болница..... Од нападот 11 та година сум со шрапнели во десната страна од телото, раката и ногата, оштетување на слухот 95 %, повреда на кичмата, ангина пекторис со комбинација на асматичен напад( застој на дишење и работа на срцето) кое се јавува за 11 години 13 пати. При последниот пад и застој на дишење и работа на срце.. пред месец дена добив САХ трауматик (повреда на главата со внатрешно крварење и одземање на рацете, нозете и видот.. проследено со вртоглавица и по месец дена еве ме повторно ........... Вака одприлика изгледаат дел од моите последици од 2001 година,(останатите не се за кажување) кога при вршење на служба во МВР на РМ бев повреден во 2001 година... а за последиците на моето семејство кое е со мене во секој лош или добар момент... немам зборови за опишување........................ И полицаецот кој го извлекував од возилото.. Судот му досуди соодветно обештетување, а мене и на возачот на кој му е пресадено вештачко колено и ден денес куца.. Судот пресудил дека не не следува обештетување...... Исто и со полицајците од возилото Лада кое беше позади нас и со нас во патрола на теренот, судот на едниот полицаец-возачот.. му досудил дека го следува и соодветно е обештетен, додека за другиот истотака тешко ранет полицаец.. судот пресудил дека не го следува обештетување......... .............................................. Ај судот незнае, ами МВР нели знае, Владата нели знае, врховниот командант Ѓорге Иванов нели знае, македонските политички партии што се во Собранието на РМ нели знаат, би ТРЕБАЛО ДА ЗНААТ БИДЕЈЌИ НА СИТЕ ИМ ПИШАВ, А И ПРЕС -ПРОТЕСТ НА ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА 7 МАЈ ПРЕД ЕДНА ГОДИНА ИМ НАПРАВИВ.......ШТО УШТЕ ДА НАПРАВАМ......... НЕМАМ УМ....................................................
 

Biljbilj08

1987
Член од
19 ноември 2011
Мислења
698
Поени од реакции
312
8 август 2001г., утрото во 9 и 30 часот
загинаа 10 припадници на безбедносните сили на Македонија, а тројца беа потешко ранети во нападот што го извршиле припадниците на ОНА.
Вечна им слава на Македонските синови на Македонските херои кои што животот го дадоа за татковината.

Нане Наумоски
Сашо Китаноски
Бранко Секулоски
Горан Миноски
Марко Деспотоски
Ердован Шабаноски
Љубе Грујоски
Дарко Вељаноски
Веби Рушидоски
Пеце Секулоски

Вечна им слава!
 
Ф

ФилипМакедон

Гостин
За Оливера Вера Јоциќ,неофицијално(од современиците што успеав да дознаам),Бугарите се плашеле да влезат во куќата во која умрела,најверојатно затоа што се пуштило гласови меѓу бугарските редовите дека страшно ги измачувала бугарските затвореници..
 

Biljbilj08

1987
Член од
19 ноември 2011
Мислења
698
Поени од реакции
312
На 28 април крај тетовското село Вејце се случи најгрозниот масакр во оваа војна. Од заседа, меѓу Тетово и границата со Косово, беа убиени, а потоа масакрирани осуммина полицајци и војници припадници на специјалните единици „Тигри” и „Волци”.

Марјан Божиновски
Кире Костадиновски
Бошко Најдовски
Илче Стојановски
Роберт Петковски
Бобан Трајковски
Игор Костески
Миле Јанески

Вечна им слава!
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Народни Херои од Македонија
Да се обидеме да најдеме некои четива во учебниците за основните училишта по македонски јазик или историја за овие наши јунаци. Сигурно тоа ќе се сведе на мал број значи многумина не се ни спомнати.Немам прилика,немам видено-отворено ваков учебник од времето кога јас завршив, но претпоставувам дека е така.Ги заборава ли Македонија нив.
Да запрашате млади на плоштадот ќе ви ги набројат сите играчи по фудбал
на: Реал,Арсенал,Баерн,Челзи,Милан и сл. дури и резарвите,
а да ги прашате колку ли Народни Херои ќе набројат освен името на О.У.
Денес пишувам за Народниот Херој кој не е и треба да е заборавен.Преку едно сеќавање на чичко Атанас Стојчевски.„Една потврда за две јагниња“

Чеде Филиповски - Даме

-„ Дуваше многу силен топол ветер.Коњите се пенавеа и искри фрлаа по калдрмата.Одевме по патот над Маврово,преку орманот горе на бачило кон Чаушица.Војна време.Водата и тече и влече и суво и сурово.Арамии на сите страни.Кој дојди и коли и печи јагниња.И секој на бел ден те тера да мижиш и да му веруваш дека се бори за слобода...
Раскажува стариот овчар Атанас Стојчевски од Добреновец - Кичевско.
-“Стоо-ој..., Стој или пукам“ - екна силниот глас низ планинскиот мир.
Одвај ги запревме коњите што беа го намирисале бачилото и со последни сили брзаа на одмор.Ни беше јасна работата.Демек уште едно јагне.Кај било кај не било. Војна време.
Пред бачилото не пречека младо момче со црни очи и остар опул и со насмевка на лицето. Со кроток глас ни рече.
_„ Преспавме во бачилото.Добри луѓе,а ние немавме ништо за јадење.Заклавме и две јагниња.Едното отиде,другото ќе ни треба за деновиве...Ние тргаме. Еве сонцево фати да се качува нагоре и не кажувајте никому дека сме биле овде.Ние сме партизани.Се бориме за слободна Македонија...“
И на заминувањето, при создравјето,момчето ми остави лист книга во рацете, еве во овие стари раце,некако тешко замислен расправа Атанас.
Нека,заминаа партизаните и јас си реков- де бре да прочитам што чудо ми напишало момчево.И откако го прочитав се здрвив на место.Не ми се веруваше.Во тоа време и такво нешто и не беше за верување.Пишуваше:
Потврда. На ден тој и тој(не се сеќавам на денот) во 1943 година од бачилото во Чаушица зедовме две јагниња.Кога ќе победиме во нашата борба,народната власт да му ги плати јагнињата на донесителот на потврдата. Потписот беше Чеде Филиповски - Даме.
..И така седев замислен..влегов во бачилото и пред љубопитните погледи околу зачадениот оган реков:
- Војна е луѓе.Матно време. Но сега нешто ми е јасно. Во оваа војна ќе победат партизаниве. Сакам да кажам ќе побети оној што е со народот.
А народон ќе биде со човекон што ми ја даде потврдата за јагнињата.
(им ја покажувам потврдата) Јагниња ќе колат и печат сите што доаѓаат во бачилото.Силата си е сила. Но на партизаниве да им кажувате за секого што ќе дојде,овде на бачилово,ќе биде добредојден..“

„ Нова Македонија“, 30, 4. 1974 година
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Според републиката во која се родиле (не по националност):
  • Босна и Херцеговина - 284
  • Хрватска - 282
  • Србија - 256
  • Црна Гора - 247
  • Словенија - 156
  • Македонија - 66
  • странство - 17
*******************************************************
--- надополнето: 23 мај 2012 во 21:47 ---
Народни херои на Македонија

Од вкупно доделени 1307 одликувања на територијата на поранешна Југославија, на лица родени во денешна Република Македонија им се доделени 66 вакви одликувања. Од нив 44 загинале за време на војната.
За народни херои се прогласени следните лица:
  1. Александар Урдаревски,
  2. Ангел Мојсовски,
  3. Атанас Забзановски,
  4. Бајрам Шабани,
  5. Благоја Јанков,
  6. Благоја Страчковски,
  7. Блажо Тодоровски,
  8. Борка Велевски,
  9. Борка Талески,
  10. Борко Темелковски,
  11. Боро Менков,
  12. Боро Петрушевски,
  13. Вангел Нечевски,
  14. Вангел Тодоровски,
  15. Ванчо Пркев,
  16. Васко Карангелевски,
  17. Вера Ацева,
  18. Вера Јоциќ,
  19. Видое Смилевски,
  20. Ѓоре Дамевски,
  21. Гоце Стојчевски,
  22. Димче Мирчев,
  23. Елпида Караманди,
  24. Злате Билјановски,
  25. Злате Михајловски,
  26. Ибе Паликуќа,
  27. Илија Јовановски,
  28. Јордан Николов,
  29. Јордан Чопела,
  30. Јосиф Јосифовски,
  31. Каба Лимани,
  32. Кире Гаврилоски,
  33. Кирил Михајловски,
  34. Киро Атанасовски,
  35. Киро Нацев,
  36. Крсте Црвенковски,
  37. Круме Волнаровски,
  38. Кузман Јосифовски - Питу,
  39. Лазар Колишевски,
  40. Лазо Колевски,
  41. Љупчо Арсов,
  42. Манчу Матак,
  43. Мара Нацева,
  44. Мирко Милевски,
  45. Мирче Ацев,
  46. Мите Богоевски,
  47. Михајло Апостолски,
  48. Михо Михајловски,
  49. Наум Наумовски,
  50. Овадија Естреја,
  51. Панче Поповски,
  52. Перо Георгиев,
  53. Петар Божиновски,
  54. Раде Јовчевски,
  55. Рампо Левков,
  56. Славчо Стојменов,
  57. Стеван Наумов - Стив,
  58. Страхил Гигов,
  59. Страшо Пинџур,
  60. Тихомир Милошевски,
  61. Тодор Циповски,
  62. Трајко Стојковски,
  63. Фана Цветковиќ-Кочовска,
  64. Христијан Тодоровски,
  65. Цветан Димов,
  66. Чеде Филиповски,
Најмногу народни херои - 14 има од Прилеп и Прилепско, 8 од Куманово и Кумановско, 7 од Битола и Битолско, 5 од Скопје итн. Фана Кочовска-Цветковиќ, која почина во 2004 година, беше најмладиот народен херој на Југославија. Од народните херои се уште се живи: Мара Нацева, Ванѓел Нечевски и Атанас Забазановски.

Слава им


Посебна благодарност на паднатите борци бранители на Македонија од балистичките агресори УЧК-и и ОНА-нисти,
секоја чест и на инвалидизираните борци


*************************************************
--- надополнето: 23 мај 2012 во 22:57 ---
Од народните херои кои погинале во текот на втората светска војна:
  • 624 погинале во борба
  • 104 извршиле самоубиство
  • 55 извршиле друг вид на самоубиство
  • 30 умреле од смртни рани
  • 20 убиени се во заробеништво
  • 13 се обесено
  • 12 се масакрирани
  • 4 умреле од болести
  • 3 се живи закопани
  • 3 се задавени
  • 1 е набиен на колец
  • 1 е испечен на ражен
  • 5 погинале во несреќни случаи
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
...Забазновски Прокопија Атанас - Руски
Народни Херои од Македонија



Во 1941 година,со капитулација на стара Југославија, заедно со својте другари собираат оружје и муниција и сето тоа го кријат во нивната плевна и во амбарот, полни со слама и жито. Еден дел од ова оружје го зема Тарцан и ќе биде употребено при нападите на 11 октомври 1941 година.
.........„ Се сеќавам на една борба со балистите на 4 ноември 1943 година.
Од Кичево,преку Мраморец и Турие и од Струга преку Ботун и Белчишта,
тие со сите свои сили извршија напад на слободната територија-Дебарца.
Командант на батаљонот беше Мајка. Неговата наредба кај селото Мраморец беше да се повлечеме. Јас и Злате тврдоглаво останавме на едно брекче,секој со митралез пред себе и ги гледавме разбојниците како се симнуваа од планината.Ги палеа куќите и племните со се добиток,овците запалени бегаа од трлата,луѓето ги убиваа,силуваа жени,креваа бовчалаци,јамболии,веленца,шивачки машини,низи суви пиперки се што мислеа е од некаква вредност.Кога дојдоа сосем близу до нас како претоварени коњи со пљачките,ги пуштивме митралезите и сите до еден ги покосивме. Беа четириесетмина...“
За Народен Херој е прогласен на 20 декември 1951 година.
 

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.302
...Забазновски Прокопија Атанас - Руски
Народни Херои од Македонија



Во 1941 година,со капитулација на стара Југославија, заедно со својте другари собираат оружје и муниција и сето тоа го кријат во нивната плевна и во амбарот, полни со слама и жито. Еден дел од ова оружје го зема Тарцан и ќе биде употребено при нападите на 11 октомври 1941 година.
.........„ Се сеќавам на една борба со балистите на 4 ноември 1943 година.
Од Кичево,преку Мраморец и Турие и од Струга преку Ботун и Белчишта,
тие со сите свои сили извршија напад на слободната територија-Дебарца.
Командант на батаљонот беше Мајка. Неговата наредба кај селото Мраморец беше да се повлечеме. Јас и Злате тврдоглаво останавме на едно брекче,секој со митралез пред себе и ги гледавме разбојниците како се симнуваа од планината.Ги палеа куќите и племните со се добиток,овците запалени бегаа од трлата,луѓето ги убиваа,силуваа жени,креваа бовчалаци,јамболии,веленца,шивачки машини,низи суви пиперки се што мислеа е од некаква вредност.Кога дојдоа сосем близу до нас како претоварени коњи со пљачките,ги пуштивме митралезите и сите до еден ги покосивме. Беа четириесетмина...“
За Народен Херој е прогласен на 20 декември 1951 година.
така кини ги балистите
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Ги имаме дадено по список,сите Народни Херои на Македонија
и за сите ќе се потрудиме да дадеме кратка биогравија - текст.
Но има и такви борци од нашата борба за слобода,за кој се поставува прашањето зошто не се и тие прогласени за Народни Херои на Македонија
иако го заслужиле тоа, еве еден од тие храбри македонски борци.

...Тодор Петров Ангелевски - Строгов ( Тошо Даскало )
Од село Лавци,учител,бил во првите редови на напредното учителско движење на буржоаска Југославија.Член на КПЈ од пред војната.Учесник во НОВ и СР од 1941 година.Организатор и активен учесник во сите значајни настани од НОВ и СР во Битола и Битолско од 1941 до јуни 1943 година. Заслужен за развојот на КПЈ и СКОЈ,за создавањето на битолските НО партизански одреди „Пелистер“, „Даме Груев“, „Јане Сандански“ и „Гоце Делчев“
Командант на здружениот одред „Даме Груев“во 1943 год. и „Вичо“. Член на Окружниот оперативен штаб и командант на Штабот на Втората оперативна зона.Во селото Лавци предаден од окупаторски шпиун,опколен од бугарската окупаторска фашистичка војска и полиција,која не осмелуваиќи се да влезе,ја запалила плевната во која Строгов бил деконспириран,по вооружената пресметка со бројниот и технички надмоќен непријател,немајќи друг излез од опсадената и запалена плевна,за да не падне жив во рацете на окупаторите,кој во отсуство го осудиле на смрт,а неговата глава ја уцениле на 200.00 лева,го употребил својот последен адут-сопственото оружје,херојски загинали изгорел во пламените јазици на опколената и запалена плевна.
Дури по расчистување на пепелиштата од изгорената плевна,бугарските фашистички окупатори увиделе дека не воделе борба со партизани илегалци туку со еден човек,командантот од НОВ
Тошо Даскало - Строгов
Од книгата на Јован Кочанковски-едиција Незаборавни
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Христијан Ангелов Тодоровски - Карпош ( 1921 - 1944 )
за народен херој на Југославија е прогласен на 29 јули 1945 година

Борбата на 7 февруари 1944 година, село Билјача - Прешевско
„Сите батаљони и чети по пристигањето непосредно пред целта на нападот добија свој распоред.Малку време потоа наеднаш загрмеа
пушки и пушкомитралези.Непријателот одговори со иста мерка.Борбата
започна.Нашите борци се доближија до рововите во кои се бранеше
бугарската полиција,но непријателот дава силен отпор.Бројноста на
нашите сили,ударната и огнената моќ на нашето оружје,ја намалува
добро организираната одбрана од рововите и прозорците на самата
школска зграда.Сите прозорци се користат како утврдени огнени точки.
Непријателот не ја жали муницијата.Неговите тешки митралези сипуваат
убиствен оган.Грми и трешти на сите страни.Непријателот е смртно загрозен и се брани со надеж дека од Прешево,Куманово или Бујановац
ќе пристигне помош.Очекуваната помош не пристигнува.Огнениот удар
на нашите батаљони се засилува.Во таа клокотница на огин од пушкомитралези,тешки митралези и експлодирање на рачни бомби,
од наша страна се отвара и огин од миноврлач со мал калибар.Но тој
мините ги исврла од цевката без тие да експлодираат во целта.Нешто не е во ред со миноврлачот.Карпош успешно командува со двете чети на батаљонот,но во исто време почуствува дека ракувањето со миноврлачот не е како треба.Се доближува до послугата и покажува како треба да се дејствува.Во тие кобни мигови,додека Карпош ја подучуваше послугата како запалката на мината да се ослободи и мината да може да експлодира во целта,еден продолжителен равал од тежок митралез смртно го погодува Карпош.Тој издивна на рацете на својте другари.Карпош загина во првите борбени редови како вистински народен јунак.Кусо време по загинувањето на Карпош борбата беше прекината и започна повлекувањето на нашите единици.Во мачното и
немо патување до селото Себрат борците го гледаа својот славен командант положен на носила и носен на рамењата на своите најдобри
другари.Во зорите на утрешниот ден болното патување заврши.
На 8 февруари на селските гробишта во селото Себрат беше погребан
Христијан Тодоровски - Карпош. На гробиштата беа построени многу
јужноморавски,косовски и македонски партизани а рафали од нашето оружје му беа последен поздрав.Солзите и притаен лелек на партизаните беа нивно признание за неговото јунаштво и за неговите заслуги.Знаева дека ги напушта за секогаш.“

Од книгата за „Карпош“- Јордан Цеков - Дане ( негов соборец )

.........................Карпош
„Кој не знае Карпош војвода?
Кој не слушнал песни за него?
Бучна му Пчиња приказни шуми,
бунтовен Козјак спомени чува.

Арслан му сковал карпена снага
и ножој сторил од раце голи,
орел му горски изострил очи
народ го прибрал в својте поли.

Пламен е Карпош век не го држи,
дружина води врагој решети,
по гори, полја, на сите страни,
бој крвав бие и народ свети.“ ....Ацо Шопов
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
Христијан Ангелов Тодоровски - Карпош ( 1921 - 1944 )
за народен херој на Југославија е прогласен на 29 јули 1945 година


Од книгата за „Карпош“- Јордан Цеков - Дане ( негов соборец )

.........................Карпош
„Кој не знае Карпош војвода?
Кој не слушнал песни за него?
Бучна му Пчиња приказни шуми,
бунтовен Козјак спомени чува.

Арслан му сковал карпена снага
и ножој сторил од раце голи,
орел му горски изострил очи
народ го прибрал в својте поли.

Пламен е Карпош век не го држи,
дружина води врагој решети,
по гори, полја, на сите страни,
бој крвав бие и народ свети.“ ....Ацо Шопов
Оригиналот е за Чавдар војвода и е напишан 50 години пред да се роди Јордан Цеков.Написана е од Бугаринот Христо Ботев сите деца во Бугарија ја знаат
...........
Кој не знај Чавдар војвода,
кој не е слушал за него?
Чорбаджија ли изедник,
или турските сердари?
Овчар ли по планината,
или п'к клети сјурмаси!
Водил бе Чавдар дружина
т'кмо до двајсет години
и страшен беше хајдутин
за чорбаджии и турци;
ала за клети сјурмаси
крило бе Чавдар војвода!
Затуј му пее песента
на Странджа баир гората,
на Ирин-Пирин тревата;
меден им кавал приглаша
от Цариграда до Ср'бско
и с јасен ми глас ж'тварка
от Бјало море до Дунав -
по румелијски полета...
http://www.slovo.bg/showwork.php3?AuID=1&WorkID=8&Level=1

Инаку Чавдар војвода е роден во едно село до Штип!
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
--- надополнето: 23 мај 2012 во 21:47 ---
Народни херои на Македонија

Од вкупно доделени 1307 одликувања на територијата на поранешна Југославија, на лица родени во денешна Република Македонија им се доделени 66 вакви одликувања. Од нив 44 загинале за време на војната.
За народни херои се прогласени следните лица:
  1. Александар Урдаревски,
  2. Ангел Мојсовски,
  3. Атанас Забзановски,
  4. Бајрам Шабани,
  5. Благоја Јанков,
  6. Благоја Страчковски,
  7. Блажо Тодоровски,
  8. Борка Велевски,
  9. Борка Талески,
  10. Борко Темелковски,
  11. Боро Менков,
  12. Боро Петрушевски,
  13. Вангел Нечевски,
  14. Вангел Тодоровски,
  15. Ванчо Пркев,
  16. Васко Карангелевски,
  17. Вера Ацева,
  18. Вера Јоциќ,
  19. Видое Смилевски,
  20. Ѓоре Дамевски,
  21. Гоце Стојчевски,
  22. Димче Мирчев,
  23. Елпида Караманди,
  24. Злате Билјановски,
  25. Злате Михајловски,
  26. Ибе Паликуќа,
  27. Илија Јовановски,
  28. Јордан Николов,
  29. Јордан Чопела,
  30. Јосиф Јосифовски,
  31. Каба Лимани,
  32. Кире Гаврилоски,
  33. Кирил Михајловски,
  34. Киро Атанасовски,
  35. Киро Нацев,
  36. Крсте Црвенковски,
  37. Круме Волнаровски,
  38. Кузман Јосифовски - Питу,
  39. Лазар Колишевски,
  40. Лазо Колевски,
  41. Љупчо Арсов,
  42. Манчу Матак,
  43. Мара Нацева,
  44. Мирко Милевски,
  45. Мирче Ацев,
  46. Мите Богоевски,
  47. Михајло Апостолски,
  48. Михо Михајловски,
  49. Наум Наумовски,
  50. Овадија Естреја,
  51. Панче Поповски,
  52. Перо Георгиев,
  53. Петар Божиновски,
  54. Раде Јовчевски,
  55. Рампо Левков,
  56. Славчо Стојменов,
  57. Стеван Наумов - Стив,
  58. Страхил Гигов,
  59. Страшо Пинџур,
  60. Тихомир Милошевски,
  61. Тодор Циповски,
  62. Трајко Стојковски,
  63. Фана Цветковиќ-Кочовска,
  64. Христијан Тодоровски,
  65. Цветан Димов,
  66. Чеде Филиповски,
Најмногу народни херои - 14 има од Прилеп и Прилепско, 8 од Куманово и Кумановско, 7 од Битола и Битолско, 5 од Скопје итн. Фана Кочовска-Цветковиќ, која почина во 2004 година, беше најмладиот народен херој на Југославија. Од народните херои се уште се живи: Мара Нацева, Ванѓел Нечевски и Атанас Забазановски.


Слава им

Посебна благодарност на паднатите борци бранители на Македонија од балистичките агресори УЧК-и и ОНА-нисти,
секоја чест и на инвалидизираните борци
Прогласувањето на народен херој е и политички чин. Многу вистински херои не добиле таква почест, ги паметат само најблиските, а и тие полека си одат (ако не се починати), па делата на повеќето наполно ќе се заборават. Ретки се оние другите, како Методија Андонов, кои сега се ценети признати и познати. Времето си го прави своето. Од друга страна на овој список од народни херои од НОБ има лица кои не заслужиле да се најдат таму, ама политиката и партијата си го направиле своето. На пример, на Лазар Колишевски, Страхил Гигов, Видое Смилевски, па и на Љупчо Арсов не им е местото меѓу другиве.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
ОРДЕН НАРОДЕН ХЕРОЈ

ЕЛЕКСАНДАР УРДАРЕВСКИ

Александар Урдаревски - Станко ( 1920, Чучер Скопско, Скопско - 1943 )
По завршувањето на основното и средното образование во Скопје студира на Земјоделскиот факултет во Белград. Студиите ги прекинува поради војната и капитулацијата на Југославија. По враќането во Скопје се вклучува во подготовките за вооружена борба.
Во август 1941 година паминува во Првиот скопски партизански одред. Во 1942 година се бори во Вториот скопски партизански одред, каде што е заменик-командант и командант. Во 1943 командува со Скопско-косовскиот партизански одред. Убиен е во битка со италијанско-албанските чети. Прогласен посмртно за народен херој во 1951 година.
АНГЕЛ МОЈСОВСКИ

Одликувања

Роден на 15. МАЈ 1923. година во село Ораовец кај Прилеп.

Во борба против бугарските окупатори кај Пониква бил ранет но продолжил да се бори и командува со баталјонот.

Во пензија отишол 1980 во чин генерел мајор.

Умира на 17. март 2001 година во Скопје.

Носител е на партизанска споменица 1941.

Од странски одликувања е носител на Полски крст.
Со орден НАРОДЕН ХЕРОЈ одликуван е на 11.октомври 1953 година

*************************************************
--- надополнето: 30 мај 2012 во 20:28 ---
Прогласувањето на народен херој е и политички чин. Многу вистински херои не добиле таква почест, ги паметат само најблиските, а и тие полека си одат (ако не се починати), па делата на повеќето наполно ќе се заборават. Ретки се оние другите, како Методија Андонов, кои сега се ценети признати и познати. Времето си го прави своето.Од друга страна на овој список од народни херои од НОБ има лица кои не заслужиле да се најдат таму, ама политиката и партијата си го направиле своето. На пример, на Лазар Колишевски, Страхил Гигов, Видое Смилевски, па и на Љупчо Арсов не им е местото меѓу другиве.
Демократско право на секој, сега во ова таканаречено демократско општество да го каже своето мислење.

Од друга страна некој не може да си замисли како во музејот во скопје се најдоа Ванчо Михајловисти и разно разни други други предавници врховисти бугарофили поставени како бисти.
Што е најболно за останатите малку партизански борци да ги гледаат бистите на отворено како споменици на горе спомнатите фашисти и балистички споменици а од друга страна не сака некој да каже за се поагресивното однесување на врховистите и балистите во денешно време и поставените албански знамиња по западна Македонија.

За некој веројатно заслужуваат да бидат одликувани сталинистите и буржоазијата пред војната,.
таквите заслужуваат да се најдат на тие места.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
--- надополнето: 30 мај 2012 во 21:24 ---
ОРДЕН НАРОДЕН ХЕРОЈ

ЕЛЕКСАНДАР УРДАРЕВСКИ

Александар Урдаревски - Станко ( 1920, Чучер Скопско, Скопско - 1943 )
По завршувањето на основното и средното образование во Скопје студира на Земјоделскиот факултет во Белград. Студиите ги прекинува поради војната и капитулацијата на Југославија. По враќането во Скопје се вклучува во подготовките за вооружена борба.
Во август 1941 година паминува во Првиот скопски партизански одред. Во 1942 година се бори во Вториот скопски партизански одред, каде што е заменик-командант и командант. Во 1943 командува со Скопско-косовскиот партизански одред. Убиен е во битка со италијанско-албанските чети. Прогласен посмртно за народен херој во 1951 година.
АНГЕЛ МОЈСОВСКИ

Одликувања

Роден на 15. МАЈ 1923. година во село Ораовец кај Прилеп.

Во борба против бугарските окупатори кај Пониква бил ранет но продолжил да се бори и командува со баталјонот.

Во пензија отишол 1980 во чин генерел мајор.

Умира на 17. март 2001 година во Скопје.

Носител е на партизанска споменица 1941.

Од странски одликувања е носител на Полски крст.
Со орден НАРОДЕН ХЕРОЈ одликуван е на 11.октомври 1953 година

*************************************************
--- надополнето: 30 мај 2012 во 20:28 ---

Демократско право на секој, сега во ова таканаречено демократско општество да го каже своето мислење.

Од друга страна некој не може да си замисли како во музејот во скопје се најдоа Ванчо Михајловисти и разно разни други други предавници врховисти бугарофили поставени како бисти.
Што е најболно за останатите малку партизански борци да ги гледаат бистите на отворено како споменици на горе спомнатите фашисти и балистички споменици а од друга страна не сака некој да каже за се поагресивното однесување на врховистите и балистите во денешно време и поставените албански знамиња по западна Македонија.

За некој веројатно заслужуваат да бидат одликувани сталинистите и буржоазијата пред војната,.
таквите заслужуваат да се најдат на тие места.
Така е, секој си има право да каже и да напише што мисли. Споменици и бисти на предавници, туѓи знамиња - не сум јас тој што ги поставува :) , ниту пак ги одобрувам. За борците од НОБ секоја чест, никогаш не сум ни помислувал да го намалам нивниот придонес во изградбата на македонската државност. Туку, толку за тоа. Сега малку за она што си го повлекол со црвено. Ни еден од тие што сум ги напишал не направил нешто со што заслужил да се најде меѓу хероите на НОБ. Колишевски ја преспа речиси цела војна во бугарски затвор, прво осуден на смрт, па помилуван (што не го помилуваа Цветан Димов или Ацев) за што се вртеа и се вртат некои не баш убави муабети за тоа како и зошто дошло до тоа помилување. Се прослави по војната ловејќи Македонци (со голема помош на Темпо), кои му беа сомнителни (меѓу нив и многумина патриоти), бркајќи кози, а меѓу другото го одобри и српското присвојување на Св. Прохор Пчински и многу други работи, малку од нив за фалење. Такви народни херои не ни требаат. И да, интересно е да се информира човек колку Лазо го знаеше македонскиот јазик, оти долго престојувал во Србија па српски и зборувал, а по излегувањето од бугарскиот затвор си склепал некаква бугарско-српска варијанта, на општо незадоволство на македонските маси на кои им се обраќал (ова, секако, го нема во тогашните весници). Добро, подоцна научил, признавам.
И Видое Смилевски Бато (долго во Србија) не си го познавал мајчиниот јазик, бил српски штитеник за кого Темпо правел проблеми да го внесат во Президиумот. И тој подоцна научи македонски. Гигов. За Страхил Гигов и за погибијата на Рацин се` нешто се зборува. Од повеќемина и тоа, помалку или повеќе инволвирани во таа трагедија.
Значењето на некои историски фигури од македонското минато (не сите се разбира, добро се знае кој беше Михајлов, или Мане Мачков на пример, или Џемо од Симница или Мефаиљ од Зајас и др.) мора да се редефинира. Не е исто значењето на еден Кузман Јосифоски и на Колишевски.
Во народните херои од НОБ го нема Пирузе, а пиша погоре, ни Ченто, ни многу други што ги оставија коските низ земјава и не им се знае ни гробот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom