Народни Херои од Македонија

  • Креатор на темата Anco
  • Време на започнување

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
ogledalo
Тешко на Македонија кога некои државноста си ја гледаат од 45 навака , и уште потешко како дадена на поклон., со тоа свесно или не ги крепат тезите на грците и бугарите.
Тешко на Македонија кога некои државноста ја гледаат од 1941 до 9.септември 1944

-ogledalo
Одговори ми за Лазо фраерот кој се го примал човекот 5 пати кога одел и под негова директива не му е даде пасош на Ченто да се лечи надвор од рак ?! Што кога читал реферат после војната на еден конгрес во Скопје на кој биле гости и Тито и Ченто според кажувањата на Ченто незнаел да чита па Тито му рекол следен пат засилете го светлото на рефлекторите за подобро да гледаш и му се изнасмеал у фаца а Лазо таков муле и он почнал да се смее . Ку*о*ушач !!!
Во извештајот на Државната комисија за утврдување на воените злосторства од страна на окупаторот и домашните издајници испратен до Владата на ФНРЈ во мај 1946 година само за бугарскиот окупатор се наведуваат 1.568 лица кои извршиле воени злосторства.
Од наведениве за 1.052 злосторници се истакнува дека се наоѓаат во Бугарија.
Од своја страна Македонската земска комисија доставила до Државната комисија на ФНРЈ одлуки за 635 домашни предавници, осудени како воени злосторници, а за кои, исто така, се претпоставува дека се во Бугарија.


Одговори за овие пи*ко ли*жачи каде се и што направија за Македонија, не кажувај за поединечни неколку погрешни случаеви .
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
„Дознавајќи за постоењето партизански одред во близината на Битола, генералот Иван Маринов и обласниот полициски началник Ќурчиев организирале блокада на месноста каде што се наоѓал одредот, т.е. во месноста меѓу селата Буково, Ореово, Лавци и Брусник. Во блокадата биле ангажирани неколку илјади лица, војници, офицери, полицајци и агенти. Обрачот околу одредот на 3 мај веќе бил затворен. Уште во самото утро, одредот ја прифатил нерамната борба. Во борбата, партизаните покажале беспримерна храброст и давале голем отпор. Тогаш загинале Елпида Караманди-Бисера (ранета, потоа убиена), Мара Јосифовска-Ѓурга, Димитар Николовски-Таќи Даскало, Димче Хаџипоповски, Ордан Михајловски-Оцка и Јоска Јордановска-Сандански.

Во знак на сеќавање на оваа нерамна борба, народниот пејач испеал многу жална песна“.

Текстот што го опишува горенаведениот настан, познат како „Трагедијата во Ореовската корија“, случен на 3 мај 1942 година, е преземен од Интернет-страницата на Сојузот на борци - Битола.

Судбината, но и објективните околности на „нерамната борба“ сакале токму тој ден да загине цела плејада млади партизани и партизанки. Судбината сакала во тој одред да се најде и Ордан Михајловски-Оцка кој имал 19 години, поет, музичар и партизан. Средното музичко училиште во Прилеп го носи неговото име. Загинал точно седум месеци по нападот на участокот на 11 октомври 1941 година во Прилеп, каде што учествувал и самиот тој.

Си го поставувам прашањето: како е можно некој на 19 години да отиде во планина, да земе пушка, да биде свесен за животниот ризик што го презема и... и, сепак, да отиде. За помладите кои можеби и не знаат, но и за постарите кои можеби подзаборавиле, сакам да ги потсетам дека периодот од 1941 до 1945 е најсветлиот период во историјата на македонскиот народ. Тоа е период кога Македонците се приклучија на антифашистичката борба и кога самосвесно и сами се изборија за своја држава. Денешната Република Македонија влече директен историски континуитет од настаните пред участокот во Прилеп на 11 октомври 1941 година, од првата пушка во Куманово и многу други знајни и незнајни настани од тој период. Оној што се обидува да го негира или омаловажува овој период покажува неверојатно ниска свест за државноста и самобитноста на македонскиот народ.

Затоа, Ордан Михајловски-Оцка заедно со уште илјадници други негови соборци загинал за да може, денес и тука, во независна Македонија, да живееме во слободата која тие на крвав начин ни ја овозможија. Сите обиди за релативизирање и минимизирање на таквите придобивки недвосмислено ги ставаат таквите негатори од другата страна на барикадите. На поразената, фашистичката страна.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
8 август 2001г., утрото во 9 и 30 часот
загинаа 10 припадници на безбедносните сили на Македонија, а тројца беа потешко ранети во нападот што го извршиле припадниците на ОНА.
Вечна им слава на Македонските синови на Македонските херои кои што животот го дадоа за татковината.

Нане Наумоски
Сашо Китаноски
Бранко Секулоски
Горан Миноски
Марко Деспотоски
Ердован Шабаноски
Љубе Грујоски
Дарко Вељаноски
Веби Рушидоски
Пеце Секулоски

Вечна им слава!
Се придружувам, ВЕЧНА ИМ СЛАВА да не се заборават бранителите кои го дадоа животот за одбрана на Македонија од албанските балистички терористички окупаторски фашисти.
Исто така да не се заборават осакатените бранители животно трајно хендикепирани психички и физички.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Не е народен херој, сепак има заслуга и придонес за учеството во антифашистичката борба во окупацијата на Македонија овој одликуван член од мојата фамилија со медалја ЗАСЛУГА ЗА НАРОД:
medalja.JPG
medalja1.JPG

Фала за учеството и борбата против фашистичките бугарски и нивните тројни верни окупаторски коалиционери.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Човеков заслужува споменик на плоштад да му се стави херој македонски
:cuc: ВЕЧНА МУ СЛАВА

БЛАГОДАРНОСТ НА МАЈКАТА И ТАТКОТО ШТО ДАЛЕ ТАКОВ СИН.


Како тргнало нема да биде чудо ако прво бидат направени за ,,борците бранители"... балисти, ОНАнисти и УЧКовци. :vozbud:

Според нивната тактика : полека-полека, дел по дел.

Факт е, после менењето на имињата на училиштата ставајќи имиња на терористи на балисти од Косово и Метохија преименувани во БОРЦИ, веење знамиња во западна Македонија на друга држава без Македонско знаме.

Според нивната тактика : лека-полека, дел по дел.

 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Олга Софеска
Родена е во 1926 година во Кичево.По завршување на о.у. го изучува шивачкиот занает,а во пролета 1942 година стана член на СКОЈ.Иако има само 16 години. Олга активно учествува и се вклопува во работата на женската младина.Како резултат на таа активност заедно со својте другарки го организира штрајкот на жените во 1942 год. кога со демонстрации барале леб и вработување и протестирале против апсењата што ги вршел окупаторот.Тој револуционерен дух кај Олга продолжил и во пролета 1943 година,кога заминала како партизанка во базата Лопушник,каде се формира првиот кическо-мавровски партизански одред. Учествувала во во борбите кај село Сливово,во нападот на Карабинерската станица,палењето на општината во село Брждани,кинењето на телевонските врски на Јама. На чело на Кичевскиот одред победоносно влегла во Кичево на 11 септември.Веднаш потоа Олга заминува во четата на Мирко Милески како претрстража на слободната територија на планинскиот превој Буковиќ. На 1 октомври 1943 година во нерамна борба со Германците и балистите загинала бореиќисе до последен здив.Откако ја убиле балистите го масакрирале нејзиното тело.
---------------
Сите борци од четатата на Мирко Милески (сите загина) се наши народни херои
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.256
09.04.1999, Горно Блаце
Благојче Крстаноски (26), Охрид, ПСО, загинат на самата граница од снајперски оган од Косовска страна

11.01.2000, Арачиново,
Ацо Ангеловски (26), Скопје
Ерол Готак (27), Скопје
Кирил Петрушевски (23), Скопје...сите полицајци од СВР Скопје, убиени во заседа

22.01.2001, Теарце
Момир Стојановски (31), Крива Паланка, ПС Теарце, минофрлачки напад - еден од учесниците во нападот го гледавме во денешното видео...

04.03.2001, Рамно, Танушевци
Кирчо Димитров (33), Виница, капетан во ВП на АРМ
Дејан Јакимовски (25), Куманово, водник во АРМ, двајцата загинати од нагазна мина

04.03.2001, караула Танушевци
Тодор Стојановски (23), Драчево/Скопје, АРМ, загинат од снајперски оган

08.03.2001, Брест
Горан Стојановски (28), Крива Паланка, ЕСЗ, нагазна мина

17.03.2001, Попова Шапка
Драганчо Илиевски (31), Скопје, постар водник во АРМ, напад на хеликоптер на АРМ

20.03.2001, Скопје
Дејан Богданов (20), Велес, воен обврзник во АРМ, несреќен случај

21.03.2001, Чаир
Јане Јакимовски (35), Крива Паланка, СВР К.П., пукан во грб
28.03.2001, Рамно, Танушевци
Љупчо Мирчовски (36), с.Русиново/Берово, капетан во АРМ, нагазна мина

26.03.2001, Караула Чашка
Игор Николовски (27), Скопје, резервист во АРМ, несреќен случај

23.04.2001, Алашевце
Дејан Денковски (25), Куманово, АРМ, несреќен случај

28.04.2001, Вејце
Марјан Божиновски(26)
Кире Костадиновски (24)
Бошко Најдовски (25)
Илче Стојановски (24) сите од Битола, ПЕП, заседа
Роберт Петковски (26), с.Бунарџик/Скопје, постар водник, ПСО
Бобан Трајковски (28), Куманово, водник, ПСО
Миле Јаневски (29), Македонска Каменица, водник, ПСО
Игор Костески (25), Кисела Вода/Скопје, водник, ПСО

03.05.2001, Ваксинце
Димитар Двојаковски (29), Нова Горица/Словенија, 1МПБ, АРМ
Влатко Петров (23), Штип, 1МПБ, АРМ

31.05.2001, Билјак, Блаце
Зоран Бубески (32), Берово, капетан во АРМ

05.06.2001, пат Гајре - Шипковица
Благојче Сиљанов (32), Битола,
Влатко Миленковски (28), Битола,
Пеце Матичевски (22), с.Новаци/Битола, сите тројца резервисти во АРМ загинати во заседа слична на Вејце

06.06.2001, Лавце
Никола Китанов (19), с.Сарај/Струмица, приправник во АРМ
Исак Руфати (42), с.Одри/Тетово, постар водник во АРМ, загинати од минофрлачки оган

10.06.2001, Слупчане
Синиша Стоилов (35), Скопје, СВР Скопје, снајпер
--- надополнето: 26 декември 2012 во 09:50 ---
23.06.2001, Арачиново
Атанас Јанев (25), Струмица, ЕСЗ,
Никола Пехчевски (25), Берово, ЕСЗ
Александар Стојчев (30), Скопје, ПС Аеродром; сите тројца загинати од снајперски оган

25.06.2001, Попова Шапка
Коста Волкановски (40), Неготино, ПЕП, минофрлачки напад


28.06.2001, Арачиново
Оливер Китановски (21), Велес, ЕСЗ, повреда од шрапнели


01.07.2001, Тетовско Кале
Блажо Толев (20), Кавадарци, приправник во АРМ, снајпер

03.07.2001, караула Кодра Фура
Фејзо Џеладиновски (20), с.Елово/Скопје, приправник во АРМ, минофрлачки оган

23.07.2001, караула Рибница
Миле Гиноски (42), Кичево, резервист во АРМ, загинат во заседа од единица водена од поранешниот ни заменик министер за одбрана и дезертер од АРМ

23.07.2001, Лешок
Ѓоко Лазаревски (30), с.Лешок, полициски резервист, снајпер

31.07.2001, Брвеница
Цоки Стојановски (28), Тетово, ПС за БПС Тетово, прострелни рани

01.08.2001, Рашче
Љубомир Акимовски (40), Скопје,
Ќамуран Шаќиров (40), Велес,
Александар Стојановски (27), Скопје, тројцата резервисти, загинати во несреќен случај

08.08.2001, Карпалак
Сашо Китаноски (39), поручник во рез. состав на АРМ
Нане Наумоски (48), капетан во рез.состав на АРМ
Бранко Секулоски (42),
Ердован Шабаноски (20),
Марко Деспотоски (27),
Горан Миноски (29),
Љубе Грујоски (31),
Веби Рушитоски (26),
Дарко Велјаноски (27),
Пеце Секулоски (29), сите од рез. состав на АРМ, загинати во заседа

09.08.2001, Ратае
Душко Синадиновски (41) , Тетово, полициски резервист, прострелни рани

10.08.2001, Љуботенски Бачила
Томе Брдаревски (33), Скопје
Бранко Јанев (36), Скопје
Маријанчо Бошковски (28), с.Волково/Скопје
Раде Јанковски (32), с.Волково/Скопје
Гоце Чанкуловски (39), с.Љубанци/Скопје
Томислав Настевски (27), Ѓорче Петров/Скопје
Ивица Златевски (24), Скопје
Томе Димовски (37), Скопје, загинати по активирање на нагазни мини


16.08.2001, Тетово
Сашо Соколов (27), Скопје, СВР Скопје, снајпер

27.10.2001, Скопје
Александар Серафимов (21), Свети Николе, ЕСЗ, починат како последица на голем број шрапнели здобиени во Матејче во Мај 2001

11.11.2001, Требош
Драго Маневски (35); с.Марино/Скопје,
Оливер Петрушевски (23), Куманово,
Бобан Трпков (33), Драчево/Скопје, сите 3 припадници на Лавовите убиени во заседа при обезбедување на патот до наводната гробница за исчезнатите Македонци

02.09.2001, автопат Тетово - Скопје
Трајче Стојкоски (21), Тетово, СВР Тетово, прострелни рани

12.09.2001, Боговиње
Фикри Елмази (35), Тетово, СВР Тетово, убиен поради униформата во која работел

26.08.2002, Гостивар
Даил Јанкоски (46), Гостивар, полициски резервист,
Александар Николиќ (39), Гостивар, полициски резервист, двајцата загинати во напад од кола во движење во населбата Циглана во Гостивар, убијците се уште на слобода, а познати во околината

06.04.2002, Скопје Север
Петре Кадроски (33), Скопје, СВР Скопје

Чедо Додевски, Куманово
Коце Крстев, Радовиш
Сашко Манасков, Велес
Србољуб Спасовски, Куманово
Душко Гоцевски, Скопје
Воислав Милошевски, Гостивар, сите загинати во несреќни случаи
 

Kajgana Shop

На врв Bottom