ПрИтИ_гРл напиша:
Во времето на таткоми кога тој бил 15-16 години, девојче на негова возраст да се видело со кармин на уста или малку поткачени чевли се мислело најлошото за неа! Не зборувам стрикно за мода, самото однесување било далеку сменето од сеа...
Со тек на време се се менува нели, но сега мислам дека ова е претеризам... Излегуваат до 2-3 саат на вечер, на школо мизерни оцени, пирсеви, тетоважи на секаде на телото... На што се дожжи сето ова? Можда малку е дискримитивна темава али секако очекувам мислења и од девојките...
:pie:
Не е “дискримитивна„ темава уопште, ама факт е дека малце си претерала.
Прво, тоа што во времето на татко ти девојчињата не носеле штикли, не значи дека тоа што сега носат ги прави лоши и расипани, туку само значи дека во тоа време не се носеле на таа возраст и толку. Модата се менува, возрасните граници се менуваат, тоа е нормално за општество кое напредува (временски, не квалитативно).
Зашто? Па излегувам надовр гледам еден куп девојки кои се ни помалку ни повеке од 15-16 години, со црвени кармини, штикли... Со никакво однесување, поточно речено која од која повеке се прави машкуданка...
Овој дел некако ми е контрадикторен... Од една страна спомнуваш црвени кармини и штикли, а од друга страна ги нарекуваш тие девојки машкуданки?! Е штикли и шминка се последната работа што ги карактеризира машкоданките.
Мизерните оцени во школо не се никако поврзани со “напреднатоста“ на генерациите. И во времето на татко ти имало пропалици, и во времето на дедо ти- отсекогаш. Без разлика на тоа што тогаш ги кршеле од ќотек дома ако донесат кец, или у школо ако се непримерни на час.
Тоа што излегуваат до 2-3 саат навечер не ги прави ни расипани ни лоши ни деликвенти. Времињата се такви, и самите дискотеки отвараат у 12, затвараат у 4 сабајле, така што... Не викам дека е океј да се скита по цела ноќ, ама искрено не гледам на тоа како на проблем. Ако една 14 годишна девојка има излез до 3, за разлика од другарка и што има до 1.30, тоа не значи дека оваа првава автоматски ќе пропадне, ќе се расипе, или не дај боже, како што спомна Ема или некој, ќе стане наркоманка, 15 годишна мајка, избегана од дома и слично. Мислам дека далеку поважни негативни фактори има од излезот навечер.
Пирсеви, тетоважи... Ах, гледам дека во оваа мала државичка уште не се надминати предрасудите околу украсување на телото. Ако девојка има пирс, мора да е некоја пропадната, од дома што не и обрнуваат внимание, наркоманка... Тетоважа па ако има, готово, курва, се соблакала по студија да ја брцаат со игли.
Мислам, да бидеме реални... Ништо што го имаш на телото не може да влијае на твојот ментален и карактерен развој, како и на твојата иднина, ниту пак може на било каков начин да ти скрати дел од детството. (или ај младоста ќе кажам, зошто сепак не сум видела истетовирано/испирсано 10 годишно девојче сеуште
).
Дали вие машките повеке ги сакате оние мили девојки кои живеат за свои години, а не се преват моми уште од мала возраст...
Мили девојки бе. Запалете ги оние немилите.
Факт е дека секое дете сака брзо да порасне. Исто како што, подоцна кога ќе порасне, ќе сака пак да биде дете.
Мислам дека непотребно многу се драматизира околу ова... Барем во нашава земја ситуацијата сеуште не е толку страшна, како во САД на пример, каде девојчињата пијат на 9 год., пушат трева на 11, имаат секс на 12, пробуваат потешка дрога на 14, стануваат зависници на 15, раѓаат вонбрачно дете на 16... Може и да претерав
, ама делумно е така.
Нема потреба да се преувеличува... Дури и децата што сакаат пребрзо да пораснат, во еден период си го проживеале своето детство, кое можеби траело пократко од она на “поприбраните“ деца, ама сепак го имале... Јас строго стојам зад тоа дека ниеден од овие “знаци на напреднатост на генерациите„ што ти ги наброја не можат на никаков начин да им наштетат на децата, освен што можеби ќе ги натераат подоцна да се каат што сакале да пораснат пребрзо.
Напишано од Emma
И сите девојчиња што ми се генерација, а сме се дружеле од тие години, денес или имаат абортирано од несакана бременост, или па се млади мајки, или се дрогираат, или се алкохоличарки, или на 17-18 си одат од дома зашто не можат да се поднесат со родителите, и што уште не.
И бескрајно сум благодарна што ми се паднале такви мама и тато што ме научиле како треба, и уште поблагодарна сум им` што не ме пуштаа во диско на 13 години.
Со ова во никој случај не се согласувам. Таман работа одењето во диско на 13 години да резултираше со таков “сјаен„ исход, како несакана бременост, наркоманија, алкохолизам и не знам што. Тогаш цела младина во земјава треба да заврши на Клиника за рехабилитација.
Реално, такви се времињата, ретко кој игра џамлии у маало на 13 години, или уште не пробал алкохол на 15.
Не викам дека е океј, точно е дека се уништува младинава со пороци и такви срања. Ама, кога ќе размислиш дека, некој што веќе е алкохоличар, на пример, не е важно дали почнал да 12 или на 17, паѓа се во вода, затоа што пороците се овде, само тајмингот е променет од времињата порано. И порано ги правеле истите работи што ги правиме и денес, само возрасната граница е променета, такви се времињата, тоа е, нема тука што да се направи.