Напорни луѓе - како да се справиме со нив?

leila

.o0
Член од
10 октомври 2008
Мислења
862
Поени од реакции
46
Јас кај што работев порано имав една колешка која се правеше газдарица и сакаше ужасно да ми команда а најиронично во целата ситуација е што зимавме иста плата..хаха...и јас само и се смеев...што да им правиш на таквите...такви се и крај!!не се нервирај со такви насекаде ги има,не вреди ти да се нервираш кога кај и да се вработиш ке има по некој ментален!!!:nesvest:
Уф, само што тука повеќето се ментални (па и јас полека станувам таква :pos2:). Трагично е што не ми е ни надреден ни ништо и не ни ми е работа да го работам тоа тој што ме тера, а не сфаќа дека му правам услуга вушност :tapp: Ама тоа ти е кога не можеш да одбиеш и кога си наивен :toe:
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
391
Поени од реакции
20
Imav ja porano edna komsika do mene ziveese i non stop me gusese po cel den bukvalno.Koga e vikend slusase na zid koga ke se razbudam i odma na telefon:aj dojdi na kafe.Ako ne otidam ke mi vrtese po100pati na den dodeka ne odam ili pa ke dojdese taa kaj mene.Dobro sedi sto ke sedi i ke si odi koga e vreme za rucek pa popladne ke dojdese mazot i kaj nas i ke rece:Ej aj vikni ja zena mi saka da te vidi. Mene mrak na oci ,cel den kao u gradinka kaj mene sedi pa sto sum ja vikam bebisiter daj bar plati mi dnevnica za dneven prestoj.Sreka se odselija tie,ama za zal imam edna licnost vo familija sto e 1000pati ponaporna a i ne moze da se izbegava epten vo familija e:nesvest:ke crknam ej, nema nacin da se dokazes so nea vo nikoj slucaj posle sekoj nas razgovor mene cela nedela ne mi e dobro.
 

*pumpkin*

addicted to blue
Член од
28 август 2008
Мислења
716
Поени од реакции
23
игнорирање...најдобар лек кој секогаш успева!!!!!!!!!!!!!
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Кога се запознавам со некој, тогаш согледувам дали е напорен или не. Не сакам да го игнорирам премногу,но веќе ако ми оди на живци приморана сум на то. Сеа и тие напорни луѓе си имаат некоја своја филозофија на согледување на работите, начесто ги сфаќам како премногу упорни во нештата и едно НЕ не им е доволно, се додека не станат свесни за тоа.
Искрено сите ние понекогаш на директен или индиректен начин сме биле напорни само што не имаме бидено свесни за тоа. Јас лично не се доживувам како напорна личност зошто сепак едно НЕ доволно ми е да сфатам што мислела личноста.
Сепак за справување кажав или игнорирање или едноставно тргање настрана, друг спас нема. Сепак и од такви луѓе немојш да им речиш ај ој си напорен си ваков таков потаков, немојш да знајш за шо можи да ти притреба. Така да воглавно со сите да се дружиме и љубов да си пружиме:smir:
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
Имам една таква напорна личност, седи до мене на школо :tapp: Некогаш пробувам да ја избегнувам, но кога е неизбежен разговорот со неа едноставно ја гледам се исклучувам и од едното уво влегува од другото излегува :toe:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Палеолитска демократија се вика нашето државно уредување. Секој може на секој да му дојде преку полов орган и за тоа да биде молен да премолчи. Епа не оди така. Лижачи на секој чекор... Ако некој ми е напорен, му кажувам во фаца, без да претрпувам миокардски аритмии премолчувајќи ги неговите/нејзините фрустрации. И живееја среќно до крајот на животот...
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Како да се справиме...? Јас се трудам што помалку да разговарам со таквите личнсти.Ама ако претераат знам и да им го кажам тоа во лице .
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Го имам тој проблем, доаѓам во ситуација да не знам како да постапам, особено кога се коси со некој мои морални правила .Најчесто се обидувам да ја сменам темата, а во последно време го прекинувам муабетот со обид да бидам што потактична да не навредам ,ако и тоа не помага го прекинувам муабетот со, не сакам дискусии на таа тема .
 
С

Сатори

Гостин
Дали сте наишле на некого кој органски не го поднесувате?Кој после 5 мин. муабет ви предизвикал чувство како да сте копале цел ден?Некого кого колку и да се обидуваме и мозгаме неможеме да му најдеме ни една допирна точка со реалноста или некој логичен ред во начинот на размислување и донесување одлуки?
Како да се однесуваме со вакви луѓе?Да ги толерираме или да се сече од корен?Имам пробано и со двата начини без резултати.Ставање на игнор исто така не функционира,премногу напор зрачи глупоста да те остави рамнодушен,посебно кога ти влијае непосредно на секојдневието.
За оние кои имаат сличен проблем,ај да пробаме тука да ја испукаме негативната енергија која ни ја билдаат овој тип на луѓе.
Во принцип, постојат луѓе кои што не ги поднесувам со причина или зошто се делузивни еротомани и луѓе кои што не ги поднесувам само затоа што ми се премногу антипатични за да би ги поднесувала.
Овие првите со луцидност знам зошто ми се одвратни нивните мисли и идеи, а вторите, најчесто самиот порив на преголемо инсистирање на конзервативизам, драстични шовинистички идеологии би ме испровоцирале доволно за во момент на афект да сакам да им направам нешто за да престанат да ми влијаат мене и на другите. :icon_lol:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Со напорни луѓе пробувам само со игнорирање. Али и тоа не успева пробувам да се одалечам од нив или во краен случај да им кажам што мислам во лице. Иако последното е како меч со две острици зашто има инает луѓе кои тоа уште ги потикне да напињаат. Се на се треба да знаеш со каков човек се справуваш.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Се обидувам со игнорирање. Ама се си има граница, па некогаш знам се во фаца убаво да изнакажам. Е тогаш е лошо...
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Samo podaleku od takvi lugje nemam nervi da se spravuvam so takvi...:nesvest:
 
Член од
11 декември 2007
Мислења
116
Поени од реакции
2
Многу едноставно.. игнор, морам да одам, итн.. ништо комплицирано тука.. па мамето негово иам ја попаметна работа отколку да ме замара некој со глупи приказни што знам дека се срања што ги измислил дур седел дома и правел муабет со сам себе си
 

Kajgana Shop

На врв Bottom