Уште на почетокот постоеше Зборот. Зборот беше со Бог и Зборот беше Бог. Од самиот почеток, Зборот беше со Бог. Се што постои беше создадено преку Зборот. Не постои ништо создадено, кое не беше создадено преку Зборот! И самиот живот беше во Зборот, и Тој живот им дава светлина на луѓето.
Ова е од христијанскиот „нов завет“, кој се темели на еврејскиот закон.
За ова „На почетокот“ и логосот и Словото и Зборот итн итн... се зборува за
Мудроста или Хокма на еврејски , חָכְמָה
Во еврејските езотериски учења
Хокма е веднаш после Кетер или Круна. После првиот кој е невидлив и „Никој не може да го види“, исто како што учат мнооогу разни учења кои се далечни за нас, Македонците
„
Нели мудроста вика? И нели разумот го издига гласот свој?
Мудроста застанува на високи места, крај патот, на раскрсници;
таа вика пред портите при влезот во градот, при влезот на вратата силно извикува:
»Кон вас, луѓе, викам, и кон синовите човечки е мојот глас!
Научете се, неразумни, на благоразумие, и безумни, – на разум.
Слушајте, бидејќи ќе говорам важни работи, и устата моја ќе изрече правда;
зашто јазикот мој ќе ја изговори вистината; лажливата уста одвратна е за мене.
...
...
Мои се советот и разумноста; јас сум разум, во мене е силата.
Преку мене цареви царуваат, и заповедници правда озаконуваат;
преку мене началници управуваат и големци и сите судии земни.
Ги сакам оние што мене ме сакаат, и кои Ме бараат, ќе најдат добрина;
во Мене се богатството и славата, богатата ризница и правдата;
плодовите мои се подобри од злато, и од најчисто злато, и користа од мене е повеќе отколку од најчисто сребро.
...
...
Господ ме создаде за почеток на Својот пат, на Своите творби,
ме создаде уште од вечноста, во почетокот, пред да ја создаде земјата.
Јас сум се родила, кога уште немаше бездни, кога уште немаше извори, изобилни со вода.
Јас сум се родила пред да бидат втемелени горите, пред ридовите,
кога Господ уште не беше ја создал земјата, ни полињата, ниту првите прашинки на вселената.
Кога Он го приготвуваше небото, јас бев со Него, кога го поставуваше престолот Свој врз ветровите,
кога ги утврдуваше облаците во висините, кога ги зацврстуваше изворите на бездната,
кога ги поставуваше границите на морето, за да не ги преминуваат водите неговите брани, кога ги полнеше основите на земјата, –
јас бев при Него кога создаваше, и се радував секој ден, веселејќи се пред лицето Негово за сето време,
веселејќи се на Неговиот земен круг, и радоста моја беше со синовите човечки.“
- Изреки, 8, еврејски закон или христијански „стар завет“