Terebellum Sagittarii
Несопирлива
- Член од
- 25 јули 2007
- Мислења
- 1.194
- Поени од реакции
- 578
Во велешкиот Основен суд паднаа првите пресуди за закана и навреди изречени на општествените мрежи на интернет или по електронска пошта. Казнети не се големи, туку симболично парични, но остануваат пресудите по што голем број интернет фанови се предупредени дека навредите и заканите кои се упатуваат по електронски пат се санкционираат.
Во првиот случај осуден е Игор К. за кривичното дело навреда изречена на мрежата Фејсбук. Тој на 13-ти јуни 2010-тата, како член на Организациониот одбор на Рациновите средби, незадоволен од текстот на новинарот Владимир Тевчев објавен на А1 со навредливи зборови се нафрлил врз авторот, а што можеле да го прочитаат голем број негови пријатели, но и пријатели на Тевчев. Истите тие подоцна се јавиле како сведоци во судскиот процес, со кој била потврдена автентичноста на профилот на тужениот, иако тој негирал дека е негов и дека друг лажно се претставувал со неговите иницијали.
За ова тој е казнет со условна казна од сто евра, доколку во следните две години го повтори делото. Соочувајќи со оваа новина за македонски услови, во Основниот суд во Велес процесот траеше невообичаено долго, две години, при што беа одржани дури 19 рочишта. Во обид за вештачење и докажување дека Игор К. е авторот на навредливите зборови, побарана е помош и од мрежата Фејсбук. Тие пак барале возвратно други детали, потребни за македонската полиција за да докаже дека заканите се изречени од профилот на тужениот. Преписката заглавила а судијката Тања Милева, која ја донесе оваа прва пресуда во Македонија, неа ја темели врз основа на изјавите на сведоците и нивната потврдата за автентичноста на профилот на Игор. К.
Извор - http://tirekovmirece.com/Novost/Паднаа-првите-казни-за-интернет-закани-и-навреди
Уште ке пишуваме се и сешто на ФБ?