Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.253
Поени од реакции
7.947
Некој повеќе инфо за тепачката на балисти?
Меѓу новиот воџа(дуи) и младите од “national firm”.
Моја претпоставка е дека младите од нешнл фирм си тераат но политика филм и не прифатиле некоја работа која сакале да им ја наметнат по политичка линија?
 
Последно уредено:
Член од
3 јануари 2023
Мислења
1
Поени од реакции
0
Моја претпоставка е дека младите од нешнл фирм си тераат но политика филм и не прифатиле некоја работа која сакале да им ја наметнат по политичка линија?
National Firm тераат политика во фазон на нацизам, е сега може од дуи сакале да им забранат па се степале
 
Член од
9 август 2019
Мислења
58
Поени од реакции
443
Одамна сакав да отворам една дискусија, чисто сумљам дека ќе оди во позитивен правец од едноумие што владее овде, ама ај да пробаме.

Тема: Гостување
Засегнати страни: Рибари и Лозари (оваа сезона како две најспротивни групи за оваа тема ги земам за пример, и НАЈДОБРО е членовите од овие две групи да НЕ се вклучат во дискусијата за да не оди во грешен правец со форсирање идеали).

Што според вас останатите е успешно гостување? Дали гостовањето од 3/4/5 души го сметате како успешно и треба да се брои како активност на групата? Чист пример Рибари. Оваа сезона гостуваат секаде најчесто по толку, една кола. И интересно ми е она "во сопствена режија". Ако е во сопствена, зошто воопшто се брои како активност - гостување на групата а нема никаква организација ниту повик? И секогаш, истите 5 души со една мотка (шал) одат сегде, навиваат вкупно 10 минути од цел натпревар, никаков повик за гостување во име на групата, ниту знаме на Рибари, во сопствена режија како што тие сакаат. И истите тие му се смејат на Лозари, кои пак, поради некои причини не гостуваат на повеќето натпревари организирано (ќе се вратам на ова пак), но секогаш кога гостуваат се во доста добра бројка во однос на број на жители - клуб - група, со официјално знаме Лозари, и слично. Да се вратам назад кај организирано, тврдам дека неколку членови на Лозари СЕКОЈ натпревар во гости патуваат и го следат, но никогаш не објавиле слика како активност на групата, бидејќи без официјално знаме на групата, без јавен повик, и самиот мислам дека не треба да се смета како активност на групата. Некако премногу станавме инфлуенсерски настроени, па не ги гледаме работите во реалност. Официјално Рибари како група, немаат реализирано ниту 5 натпревари во гости. Дури од тие 5, на ниту еден не е извадено знаме Рибари, туку постојано коцки од Викенд Агенда и Блу Форс. И исто знаете дека барем 10 души од секоја група, без разлика дали организирано или не, присуствува секаде со клубот свој. Па дали тоа заслужува да се води како активност на групата? По оваа логика излегува дека треба и секој исчкртан ѕид со таг на група да се смета како уметност, графит и активност на групата.
Зарем прајш споредба во бројка за тие гостувања кај шо Рибари во еден ден се присутни и на ракомет, односно ракометно дерби со струга и на фудбал на гости во Новаци, ист ден 21.10.2023 опфатени и фудбал и ракомет.
Ракомет домашна утакмица со Пелистер 2, фудбал гости во Струмица во ист ден 30.09.2023
16.09 фудбал гостување во кочани, 17.09 ракомет домашна утакмица со Алкалоид.
Гостувањето во Прилеп беше солидно од наша страна кое беше во август, сепак период од летна сезона и тешко наоѓање на комбиња за превоз во тој период, но сепак полно комбе и 2-3 коли…
Не прај споредба ваква појќе зш се брукаш.
Менталитетот и верноста се најбитни во се, а не секогаш играт улога и бројката. Поздрав до вас и се гледаме во Охрид.
 
Член од
11 март 2023
Мислења
1.448
Поени од реакции
1.849
Screenshot_20231108-110542_Facebook.jpg

ФФМ се одлучија да предадат на Дисциплинска комисија четири клуба, и тоа Шкупи, Тиквеш, Пелистер и Саса.

Правењето проблем, влегувањето на терен, фрлање предмети, нема никаква корист и само повеќе ги заглавува клубовите во долгови. Крајно е потребно трајно решение и промена на врвот на ФФМ, инаку денес ние, утре сте вие. Апсолутно куртонски настроени удираат најбедно што можат за да го замолчат и те како револтот кај сите навивачи.

Додека трае активната кампања АНТИ-КАВ/БТ велам да си го погледнете малку сопствениот двор оти комшијата на сите почна жената да му ја чепкаТ, па малку активност треба не само на тестатура инфлуенсерски, ами и со дела, па си велам ќе мрдниме од бездната во која сне паднати.
 
Последно уредено:
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.147
Поени од реакции
4.542
Правењето проблем, влегувањето на терен, фрлање предмети, нема никаква корист и само повеќе ги заглавува клубовите во долгови. Крајно е потребно трајно решение и промена на врвот на ФФМ, инаку денес ние, утре сте вие. Апсолутно куртонски настроени удираат најбедно што можат за да го замолчат и те како револтот кај сите навивачи.
Импулсивни реакции како прекин на домашни натпревари и слично, како што кажа, има повеќе штета него придобивки, и единствено последици ќе има по клубовите без никаква промена во работата на ФФМ. За жал, битката таму е многу поголема и подлабока, со функционирањето на сите претходни гарнитури со се моменталнава, и целата политичка ситуација во државава, народот изгуби желба за живот, а не па за фудбал, а за да постигнеш некакви промени потребна е масовност и мнозинство, а не 10-тина будали што им сметала работата на ФФМ па решиле да прават инциденти.

Се сложувам со повеќето што пишавте дека таргетот треба да бидат репрезентативни натпревари како оваа со Англија, со цел привлекување на многу поголемо внимание од јавноста и пред се поболна точка за ФФМ без да има штета за клубовите, ама и таму фрлање бакљи во терен или пароли ФФМ мафија не ја постигнуваат целта и може многу поголем контра-ефект да постигнат, налик хрватите кога прекинаа некоја утакмица на европско првенство па цела јавност им се сврте на навивачите наместо проблемите во федерацијата. Потребно е нешто што ќе го сврти вниманието на јавноста и ќе погоди во срж, потребно е да се заинтересира јавноста за проблемите и начинот на функционирање, потребно е да се заинтересира јавноста за домашниот фудбал, инаку е налет се. Со моменталнава ситуација, со празни стадиони, со групи од по едвај 50-тина навивачи на домашни натпревари и полна трибина еднаш до два пати годишно при некое дерби, далеку сме од позиција да направиме промени.

Не знам на што алудираш со „кампања анти КВ/БТ и погледенте сопствениот двор“, ако мислиш дека е некој незаинтересиран, нетаргетиран или океј со работата на моменталното раководство, немам што да ти вратам освен дека си во тешка заблуда.

П.С. Настрана катастрофалната ситуација во фудбалот, никаквата инфраструктура и незалагањето на ФФМ, корумпираноста, лошото судење и преголемиот број сомнителни натпревари, треба да се погледне малку и реално, а тоа е дека албанските екипи се таму каде што се и заради вложувањето, да не живееме во заблуда дека чисто поради етничката припадност се изгурани таму од моменталната гарнитура на ФФМ. Зад кој наш клуб стои некои бизнисмен кој вложува со цел да постигне некакви успеси? Сите клубови се оставени на општините, кои немаат или не одвојуваат доволен буџет и постојано живуркаат, пола од нив заглавени во долгови, без сопствени терени за играње, тренирање, никакви услови за младински школи
 
Член од
18 март 2019
Мислења
435
Поени од реакции
1.975
Зарем прајш споредба во бројка за тие гостувања кај шо Рибари во еден ден се присутни и на ракомет, односно ракометно дерби со струга и на фудбал на гости во Новаци, ист ден 21.10.2023 опфатени и фудбал и ракомет.
Ракомет домашна утакмица со Пелистер 2, фудбал гости во Струмица во ист ден 30.09.2023
16.09 фудбал гостување во кочани, 17.09 ракомет домашна утакмица со Алкалоид.
Гостувањето во Прилеп беше солидно од наша страна кое беше во август, сепак период од летна сезона и тешко наоѓање на комбиња за превоз во тој период, но сепак полно комбе и 2-3 коли…
Не прај споредба ваква појќе зш се брукаш.
Менталитетот и верноста се најбитни во се, а не секогаш играт улога и бројката. Поздрав до вас и се гледаме во Охрид.
И никој не земат во обзир дека сите гостовања во лигава до сега се 3 сати пат во еден правец најмалку. (Освен Прилеп) Пола од нив беа во најкрајниов исток од државава. Буквално се врвит цела држава и назад. Едно шо го губиш цел ден од рано сабајле до касно вечер, друго дека е прескапо. Автобуси без пари од управа немаме, така да и да изнајмиш превоз коштат прескапо, кај е јадење/пиење за цел ден. И овие гостовања шо се одработвет во целосно приватна режија на поединец го коштет над 1000 денари за основни трошоци. Сумирај се на крај, цел ден изгубен, потрошени пари и тн, за да ојш во некоја вукојебина да гледаш очобол фудбал и да пратиш клуб без амбиции. Лесно е да се коментират на тастатура одстрана а да не се излезит од свој град со услови далеку поповолни од сиве шо ги набројав погоре. :)
 
Член од
3 март 2019
Мислења
106
Поени од реакции
472
Член од
24 октомври 2023
Мислења
13
Поени од реакции
53
Прегледај го приврзокот 397145

ФФМ се одлучија да предадат на Дисциплинска комисија четири клуба, и тоа Шкупи, Тиквеш, Пелистер и Саса.

Правењето проблем, влегувањето на терен, фрлање предмети, нема никаква корист и само повеќе ги заглавува клубовите во долгови. Крајно е потребно трајно решение и промена на врвот на ФФМ, инаку денес ние, утре сте вие. Апсолутно куртонски настроени удираат најбедно што можат за да го замолчат и те како револтот кај сите навивачи.

Додека трае активната кампања АНТИ-КАВ/БТ велам да си го погледнете малку сопствениот двор оти комшијата на сите почна жената да му ја чепкаТ, па малку активност треба не само на тестатура инфлуенсерски, ами и со дела, па си велам ќе мрдниме од бездната во која сне паднати.
Смешно е да збориш “треба малку активност, не само тастатура”, друже имаш по 20 постови на форумов дневно, кому ти активност?

Скриени сте по селата и паламудете по цели денови, интересно што мораше Митко Јанчев да влезе во терен за да го спаси достоинството на Тиквеш додека на трибината копот (ако може воопшто да се нарече така) броеше едвај 40 души од кои повеќето деца, ама апла деца од основно испаднати. Чоекот е поголем маж од цела ваша такозвана навивачка група

И немој молим те анти Кав/Бт кампања филмови, на сите ви е свртен прстот према Скопје и критикувате нон стоп, а повеќето перформанси што ги ваделе Комити на обични утакмици за вас се углавно научна фантастика
 
Член од
11 март 2023
Мислења
1.448
Поени од реакции
1.849
Мене тато не ми имат уплатено за летовање, вас газдата ви даде храна и пат ко песој аустрија ли кај бевте не ме интересират....
Пуста љубомора што нема да напрај. Целото гостување е во сопствена режија, без денар ниту од клубот, за разлика од вас што за гостување со автобус до Струга барате пари од клубот. Знам дека ве боли многу за Австрија оти толку се надевавте лани, ама јбг, нема барем во наредните 5 години да искусите клубот да ви игра Европа, а како група да гостувате толку километри, нема никогаш оти не сте способни. Бидете храбри издржете.

Акаунтот ти е 10 дена стар и вкупно 3 пораки, еј спамеру со 10 акаунти.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Да, да, луѓе што на трибина одат само на дерби, еднаш на 3 години (имаше еден куп такви на сликите од гостувањето) дале пари од свој џеб за да одат да гледаат факинг ракомет во Австрија. Па и деца од Чкембари дале пари од свој џеб за да одат Тиквеш да го гледаат со Кремс. Нема грешка ;)
 
Член од
4 ноември 2023
Мислења
12

Ti bese so lozari oti znam od komiti si izgleda si bil stom kazuvas vo nivno ime
 
Член од
3 март 2019
Мислења
106
Поени од реакции
472
Пуста љубомора што нема да напрај. Целото гостување е во сопствена режија, без денар ниту од клубот, за разлика од вас што за гостување со автобус до Струга барате пари од клубот. Знам дека ве боли многу за Австрија оти толку се надевавте лани, ама јбг, нема барем во наредните 5 години да искусите клубот да ви игра Европа, а како група да гостувате толку километри, нема никогаш оти не сте способни. Бидете храбри издржете.
На курва нукогаш немат да бидам љубоморен. Утре ќе ве купит друг газда, побогат еее тогаш мождааааа и малку ќе љубоморам.
Грешиш, со брод.

И пак ќе речам, сите шо викет дек си глуп грешет.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom