Навивачки групи во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hooligan
  • Време на започнување Време на започнување
Ама како да ти објаснам дека ти се смее цел форум тука и дека повеќе е срамота ако некој си го продал знамето за пари отколку да изел ќотек и да му го земале. Ама битно “Ние шверцерите пари си имаме ама и за 3 банки знамиња продаваме”
Izgleda ne ja znaes celosno rabotava druze te molam prasaj gi tie sto vi go donesoa ke ti ja kazaat rabotava kaj go ukrale koj im go prodaval za kolku i kako im se tresa nozete koga go izvadija pred stadionot :kezec:
 
Епа ти ако си повеќе запознаен еве имаш слободен простор и време да напишеш што точно се случило дали го украле или платиле и за колку пари. Во спротивно можеш малце да олабавиш знам дека те боли.
 
Izgleda ne ja znaes celosno rabotava druze te molam prasaj gi tie sto vi go donesoa ke ti ja kazaat rabotava kaj go ukrale koj im go prodaval za kolku i kako im se tresa nozete koga go izvadija pred stadionot :kezec:
Znaci go kradele a go platile pa posle se plasele da go palele? Fakticki kaj e znameto sto bese tuka go kupija pa go kradele a fakticki go nema? Taka o brat?
 
Абе да не треба и на вас гумите да ви ги купиме што ви ги избушија под Кале браќата по оџа? :ROFLMAO:
не сум толку цивилизиран за да идем до филип втори арена босс сори:(
Автоматски споено мислење:

*двете гуми ги бушив
илко илија најјак вулканизер в скопје градов
 
Некој повеќе инфо за тепачката на балисти?
Меѓу новиот воџа(дуи) и младите од “national firm”.
Моја претпоставка е дека младите од нешнл фирм си тераат но политика филм и не прифатиле некоја работа која сакале да им ја наметнат по политичка линија?
 
Последно уредено од модератор:
Моја претпоставка е дека младите од нешнл фирм си тераат но политика филм и не прифатиле некоја работа која сакале да им ја наметнат по политичка линија?
National Firm тераат политика во фазон на нацизам, е сега може од дуи сакале да им забранат па се степале
 
Одамна сакав да отворам една дискусија, чисто сумљам дека ќе оди во позитивен правец од едноумие што владее овде, ама ај да пробаме.

Тема: Гостување
Засегнати страни: Рибари и Лозари (оваа сезона како две најспротивни групи за оваа тема ги земам за пример, и НАЈДОБРО е членовите од овие две групи да НЕ се вклучат во дискусијата за да не оди во грешен правец со форсирање идеали).

Што според вас останатите е успешно гостување? Дали гостовањето од 3/4/5 души го сметате како успешно и треба да се брои како активност на групата? Чист пример Рибари. Оваа сезона гостуваат секаде најчесто по толку, една кола. И интересно ми е она "во сопствена режија". Ако е во сопствена, зошто воопшто се брои како активност - гостување на групата а нема никаква организација ниту повик? И секогаш, истите 5 души со една мотка (шал) одат сегде, навиваат вкупно 10 минути од цел натпревар, никаков повик за гостување во име на групата, ниту знаме на Рибари, во сопствена режија како што тие сакаат. И истите тие му се смејат на Лозари, кои пак, поради некои причини не гостуваат на повеќето натпревари организирано (ќе се вратам на ова пак), но секогаш кога гостуваат се во доста добра бројка во однос на број на жители - клуб - група, со официјално знаме Лозари, и слично. Да се вратам назад кај организирано, тврдам дека неколку членови на Лозари СЕКОЈ натпревар во гости патуваат и го следат, но никогаш не објавиле слика како активност на групата, бидејќи без официјално знаме на групата, без јавен повик, и самиот мислам дека не треба да се смета како активност на групата. Некако премногу станавме инфлуенсерски настроени, па не ги гледаме работите во реалност. Официјално Рибари како група, немаат реализирано ниту 5 натпревари во гости. Дури од тие 5, на ниту еден не е извадено знаме Рибари, туку постојано коцки од Викенд Агенда и Блу Форс. И исто знаете дека барем 10 души од секоја група, без разлика дали организирано или не, присуствува секаде со клубот свој. Па дали тоа заслужува да се води како активност на групата? По оваа логика излегува дека треба и секој исчкртан ѕид со таг на група да се смета како уметност, графит и активност на групата.

Зарем прајш споредба во бројка за тие гостувања кај шо Рибари во еден ден се присутни и на ракомет, односно ракометно дерби со струга и на фудбал на гости во Новаци, ист ден 21.10.2023 опфатени и фудбал и ракомет.
Ракомет домашна утакмица со Пелистер 2, фудбал гости во Струмица во ист ден 30.09.2023
16.09 фудбал гостување во кочани, 17.09 ракомет домашна утакмица со Алкалоид.
Гостувањето во Прилеп беше солидно од наша страна кое беше во август, сепак период од летна сезона и тешко наоѓање на комбиња за превоз во тој период, но сепак полно комбе и 2-3 коли…
Не прај споредба ваква појќе зш се брукаш.
Менталитетот и верноста се најбитни во се, а не секогаш играт улога и бројката. Поздрав до вас и се гледаме во Охрид.
 
Screenshot_20231108-110542_Facebook.jpg

ФФМ се одлучија да предадат на Дисциплинска комисија четири клуба, и тоа Шкупи, Тиквеш, Пелистер и Саса.

Правењето проблем, влегувањето на терен, фрлање предмети, нема никаква корист и само повеќе ги заглавува клубовите во долгови. Крајно е потребно трајно решение и промена на врвот на ФФМ, инаку денес ние, утре сте вие. Апсолутно куртонски настроени удираат најбедно што можат за да го замолчат и те како револтот кај сите навивачи.

Додека трае активната кампања АНТИ-КАВ/БТ велам да си го погледнете малку сопствениот двор оти комшијата на сите почна жената да му ја чепкаТ, па малку активност треба не само на тестатура инфлуенсерски, ами и со дела, па си велам ќе мрдниме од бездната во која сне паднати.
 
Последно уредено:
Правењето проблем, влегувањето на терен, фрлање предмети, нема никаква корист и само повеќе ги заглавува клубовите во долгови. Крајно е потребно трајно решение и промена на врвот на ФФМ, инаку денес ние, утре сте вие. Апсолутно куртонски настроени удираат најбедно што можат за да го замолчат и те како револтот кај сите навивачи.

Импулсивни реакции како прекин на домашни натпревари и слично, како што кажа, има повеќе штета него придобивки, и единствено последици ќе има по клубовите без никаква промена во работата на ФФМ. За жал, битката таму е многу поголема и подлабока, со функционирањето на сите претходни гарнитури со се моменталнава, и целата политичка ситуација во државава, народот изгуби желба за живот, а не па за фудбал, а за да постигнеш некакви промени потребна е масовност и мнозинство, а не 10-тина будали што им сметала работата на ФФМ па решиле да прават инциденти.

Се сложувам со повеќето што пишавте дека таргетот треба да бидат репрезентативни натпревари како оваа со Англија, со цел привлекување на многу поголемо внимание од јавноста и пред се поболна точка за ФФМ без да има штета за клубовите, ама и таму фрлање бакљи во терен или пароли ФФМ мафија не ја постигнуваат целта и може многу поголем контра-ефект да постигнат, налик хрватите кога прекинаа некоја утакмица на европско првенство па цела јавност им се сврте на навивачите наместо проблемите во федерацијата. Потребно е нешто што ќе го сврти вниманието на јавноста и ќе погоди во срж, потребно е да се заинтересира јавноста за проблемите и начинот на функционирање, потребно е да се заинтересира јавноста за домашниот фудбал, инаку е налет се. Со моменталнава ситуација, со празни стадиони, со групи од по едвај 50-тина навивачи на домашни натпревари и полна трибина еднаш до два пати годишно при некое дерби, далеку сме од позиција да направиме промени.

Не знам на што алудираш со „кампања анти КВ/БТ и погледенте сопствениот двор“, ако мислиш дека е некој незаинтересиран, нетаргетиран или океј со работата на моменталното раководство, немам што да ти вратам освен дека си во тешка заблуда.

П.С. Настрана катастрофалната ситуација во фудбалот, никаквата инфраструктура и незалагањето на ФФМ, корумпираноста, лошото судење и преголемиот број сомнителни натпревари, треба да се погледне малку и реално, а тоа е дека албанските екипи се таму каде што се и заради вложувањето, да не живееме во заблуда дека чисто поради етничката припадност се изгурани таму од моменталната гарнитура на ФФМ. Зад кој наш клуб стои некои бизнисмен кој вложува со цел да постигне некакви успеси? Сите клубови се оставени на општините, кои немаат или не одвојуваат доволен буџет и постојано живуркаат, пола од нив заглавени во долгови, без сопствени терени за играње, тренирање, никакви услови за младински школи
 
Зарем прајш споредба во бројка за тие гостувања кај шо Рибари во еден ден се присутни и на ракомет, односно ракометно дерби со струга и на фудбал на гости во Новаци, ист ден 21.10.2023 опфатени и фудбал и ракомет.
Ракомет домашна утакмица со Пелистер 2, фудбал гости во Струмица во ист ден 30.09.2023
16.09 фудбал гостување во кочани, 17.09 ракомет домашна утакмица со Алкалоид.
Гостувањето во Прилеп беше солидно од наша страна кое беше во август, сепак период од летна сезона и тешко наоѓање на комбиња за превоз во тој период, но сепак полно комбе и 2-3 коли…
Не прај споредба ваква појќе зш се брукаш.
Менталитетот и верноста се најбитни во се, а не секогаш играт улога и бројката. Поздрав до вас и се гледаме во Охрид.
И никој не земат во обзир дека сите гостовања во лигава до сега се 3 сати пат во еден правец најмалку. (Освен Прилеп) Пола од нив беа во најкрајниов исток од државава. Буквално се врвит цела држава и назад. Едно шо го губиш цел ден од рано сабајле до касно вечер, друго дека е прескапо. Автобуси без пари од управа немаме, така да и да изнајмиш превоз коштат прескапо, кај е јадење/пиење за цел ден. И овие гостовања шо се одработвет во целосно приватна режија на поединец го коштет над 1000 денари за основни трошоци. Сумирај се на крај, цел ден изгубен, потрошени пари и тн, за да ојш во некоја вукојебина да гледаш очобол фудбал и да пратиш клуб без амбиции. Лесно е да се коментират на тастатура одстрана а да не се излезит од свој град со услови далеку поповолни од сиве шо ги набројав погоре. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom