Вака ако чита некој форумов може сосема погрешна слика да добие за реалноста. Реалноста е дека грото Комити, Вардарци, Скопјани му посакуваат добро на Пелистер и на секој Македонски клуб. Му посакуваа добро и кога беше втора лига, секој со задоволство сакаше заедничко навивање од иста трибина во Ѓорче пред 8 години кога имавте забрана, искрено поддржаа и кога се бараше стадион во Битола и кога имало приведени/повредени навивачи секогаш тука биле еден за друг луѓето. Остајте булеварко и некој јак курац профили што секој пораз на Пелистер чекаат да пишат “на времето ко се крена паркето“ блабла, не можеме да посакуваме неупех со муабетот “кој ќе ги слуша после“, бидејќи реално сме се изнаосвојувале и изнарадувале, нека се радуваат навивачите на сите Македонски клубови вклучувајќи ги и Чкембари, нека слуша Европа за Македонија, нека има што појјака лига со моќни клубови, секоја година различен нека е шампионот, така ќе има и поактивни навивачки грипи, повеќе неутралци, поголема медиумска покриеност, може и странци што ќе дојдат специјално само за некое дерби Вардар - Пелистер да гледаат, зошто да не, на прсти се бројат земјите во кои за ракомет толкав хајп се дига. Ми беше муабетот, закачки цело време имало, на времето беа за аеродромот и Мекдоналдс, иако секој здрав разум тука посакувал и Битола да има аеродром, Мекдоналдс (скроз небитно од сегашна гледна точка) и се што им е потребно на луѓето за да им се олесни живеењето, си се дружат луѓе Скопјани и Битолчани и си посакуваат се најдобро, кога и да си во друг град ќе испиеш пиво со некој другар навивач, тоа што е од друга навивачка група не е лошо, туку напротив е добро, се споделуваат искуства, може утре ќе се организирате заедничко навивање ако еден гостинскиот клуб добие забрана од управа, ве спојува фактот што не сте се откажале од клубот кога играл на криви ливади пет натпревари по ред 0:0 резултати, најдобро се разбирате едни со други. Убаво би било да се организираат пак Македонските клубови заеднички на една трибина да навиваат против албански клуб, 10-20 души од околните градови и тоа каква помош е, еве Тетово, Струга, Напредок од Кичево не знам како преживува исто... Да не се лажеме два броја свртени кај нив и одма ќе се средат работите Шверцери, Балисти, ние очи ќе си извадиме, придонесувате кон некоја омраза која не е реална и функционира само на форумот, наместо кон обединување, во ситуација кога нема луѓе воопшто останато во државата, а не па навивачи.