Да се навратам на дерби помеѓу РК Вардар Неготино и РК Тиквеш токму во салата Јасмин во Кавадарци (2019)
При влез на Винари во салата почнаа да се фрлаат камења и за среќа немаше повреди ( а можеше да има и тоа огромни )
После случката дојде постар член на Лозари на наша трибина и се извини, дека станува збор за деца надвор од контрола, подаде рака и беше стварно гест за почит
Утакмицата заврши во најдобар ред, на двете трибини имаше прозивки, навивање, и патриотски песни, што на крајот заврши со аплауз и почит од двете страни
Да се надоврзам, акцијата на Комити е стварно на друго ниво, и може само да симнеме капа
Но тоа што видов од видеата, иако 4 пати побројни, Комити дојдоа, имаше мала пресметка на влезот, влегоа го земаа знамето и заминаа
Колку што видов јас, не бес таргет присутните од Лозари туку само нивните реквизити, иако можеше да биде многу полошо
Јас мислам дека ова е чесен и потег за поздрав од страна од Комити
Навивачкиот свет е таков, никој не победува секогаш, и секој претрпува пораз кога тогаш, па дури и најголемите. Така да, до дечките што коментираат да се правдаат воа беше така тоа беше вака, по машки е да се признае пораз него ли да се правите будали самите себе
Во секој случај, предобар настан за да се разгорат страстите пред дерби, се надевам дека со инволвирањето на полицијата нема да има проблеми, пошто и двете страни ќе наебат
Во Недела очекуваме вистински навивачки спектакл, се надевам без крвави инциденти
Спортски поздрав до двете страни!